2.1Ch Soundbar звучници HW-R550
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Воздигни го звукот на телевизорот со моќен бас.
Моќен бас каде што ти треба
Не дозволувај жиците да му пречат на басот. Постави го безжичниот нискотонски звучник каде било во просторот и опкружи се со моќен, подлабок бас.
Проширување со surround звук
Проширувањето со surround звук го зголемува просторот за слушање и странично и нагоре за да произведе висококвалитетен звук. Сега може да уживаш во одличен звук со вистински извонредни surround ефекти.
Оптимизиран звук за играње видеоигри. Сега достапно.
Вклучи ја конзолата и веднаш добиј одлични звучни ефекти. Автоматските поставки го оптимизираат звукот на играта која што ја играш додека технологијата за придушување звук ги отстранува звуците кои го одземаат вниманието, така што ќе слушаш јасен аудио звук од вистинската насока за да ти помогне да добиеш предност.
Безжичен стриминг на музика
Samsung Soundbar користи Bluetooth за лесна безжична поврзаност со други уреди. Уживај во музиката од својот мобилен телефон со врвен аудио квалитет, каде и да си и без никакви кабли.
Безжично поврзување со ТВ
Поврзи го Soundbar со твојот Samsung ТВ* лесно и без заплеткани кабли преку Bluetooth или Wi-Fi. Ќе можеш веднаш да уживаш во својата содржина со појасен, поефективен звук.1
Контрола со само еден далечински управувач
Не ти требаат неколку далечински управувачи. За вклучување, јачината на звукот, па дури и звучните ефекти, можеш да ги контролираш клучните функции на Soundbar со далечински управувач на Samsung телевизор и корисничкиот интерфејс на телевизорот.2
Оптимизиран звук за различни содржини
Soundbar звучникот автоматски ги анализира изворите на звукот со цел оптимизирање на аудиото за конкретната содржина. Без разлика дали станува збор за гласен спортски натпревар или драма со тивок дијалог, биди сигурен дека најдобриот саундбар ќе ти овозможи јасни звуци за оптимизирано гледање на телевизија.
Апликација Samsung Audio Remote
Контролирај го твојот Soundbar со Samsung апликацијата Audio Remote на твојот смартфон или таблет со Android™. Поврзи се едноставно со Bluetooth™ за да ги контролираш сите твои клучни Soundbar функции и да ги слушаш своите омилени песни на твојот мобилен уред преку една единствена апликација.3
Спремен за безжичен surround звук
Комплетот за безжичен surround звук* ти дозволува лесно да го прошириш твојот Soundbar на систем за surround звук без заплеткани жици**. Заедно со твојот Soundbar, можеш да креираш систем на канали за вистинско доживување на surround звукот.4