Како да го поставите Samsung soundbar звучникот

Samsung soundbar звучник на комода под Samsung ТВ

Soundbar звучникот го подобрува телевизорот така што овозможува неверојатен квалитет на звукот. Исто така, тој е исклучително разновиден и лесен за поставување - има неколку начини на кои може да го поврзете soundbar звучникот со телевизорот, за да можете да го приспособите своето искуство за забава. Иако сите поставки имаат свои предности, некои од нив обезбедуваат подобар квалитет на звукот од другите. Ако не сте сигурни која поставка најмногу ќе ви одговара, во продолжение наведуваме некои совети и упатства што може да ги следите.

Поврзувањето на soundbar звучникот со телевизор преку HDMI ќе испорача најдобар звук бидејќи HDMI каблите го пренесуваат звукот дигитално. Има 2 начина на кои може да го поврзете soundbar звучникот преку HDMI:

  • Може директно да го користите приклучокот HDMI ARC или HDMI eARC на телевизорот за да го поврзете soundbar звучникот.
  • Може да поврзете надворешен уред со soundbar звучникот (како систем за видео игри), а потоа да го поврзете soundbar звучникот со телевизорот користејќи го приклучокот ARC (канал за враќање звук) или eARC (подобрен канал за враќање звук).

 

ARC или eARC е вистинскиот избор ако сакате одличен звук од стриминг апликациите на телевизорот и на soundbar звучникот. Во меѓувреме, втората метода ќе ви го даде најдобриот можен звук од надворешните уреди што редовно ги користите.

Напомена: Се препорачуваат следниве типови HDMI кабли: HDMI кабел со голема брзина со етернет и HDMI кабел со врвна голема брзина. Бројот на HDMI приклучоци на soundbar звучникот може да се разликува во зависност од моделот.

Поврзете го soundbar звучникот со HDMI ARC/eARC

Поврзување soundbar звучник со телевизор преку HDMI кабел

Напомена: За да користите eARC, треба да ја активирате функцијата eARC на телевизорот. Одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки). Изберете ја опцијата Sound (Звук), а потоа изберете Expert Settings (Експертски поставки). Изберете HDMI-eARC Mode (HDMI-eARC режим), и на крај изберете Auto (Автоматски).

HDMI ARC (канал за враќање звук) им овозможува на одредени телевизори и soundbar звучници да пренесуваат звук напред-назад со помош на еден HDMI кабел. Со други зборови, HDMI приклучокот може да го користите и како аудио влез и како излез. Единствениот недостаток е тоа што Вашиот soundbar звучник ќе зафати еден приклучок на телевизорот во кој обично поврзувате надворешен уред.

За да поставите HDMI ARC, вклучете ги телевизорот и soundbar звучникот, а потоа следете ги упатствата во продолжение.

1 Поврзете го едниот крај на HDMI кабелот во приклучокот за HDMI (ARC/eARC) на телевизорот.

Напомена: Положбата на приклучоците ARC или eARC може да се разликува во зависност од моделот на Вашиот телевизор.

2 Поврзете го другиот крај на приклучокот HDMI TO TV (eARC/ARC) на soundbar звучникот.
Кабел кој се вметнува во HDMI to TV отворот на Samsung soundbar звучникот
3 Потоа, сменете го изворот на soundbar звучникот во поставката D.IN.
Се прикажува пораката D.IN на Samsung soundbar звучникот
4 По неколку секунди, на екранот на soundbar звучникот ќе се појави пораката „TV ARC“, а телевизорот ќе репродуцира звук преку soundbar звучникот.

Поврзете го soundbar звучникот со надворешен уред со помош на HDMI

Еден HDMI кабел поврзува телевизор и soundbar звучник, додека вториот HDMI кабел поврзува надворешен уред со истиот soundbar звучник
1 Исклучете ги телевизорот, soundbar звучникот и надворешниот уред, Потоа, поврзете го едниот крај на HDMI кабелот во приклучокот за HDMI (ARC/eARC) на телевизорот.
2 Поврзете го другиот крај на приклучокот HDMI TO TV (eARC/ARC) на soundbar звучникот.
HDMI кабел кој се вметнува во eARC отворот на Samsung soundbar звучникот
3 Поврзете втор HDMI кабел со приклучокот HDMI OUT на надворешниот уред. Поврзете го другиот крај на приклучокот HDMI на soundbar звучникот.
HDMI кабел кој се вметнува во HDMI1 отворот на Samsung soundbar звучникот
4 Вклучете ги надворешниот уред и soundbar звучникот. Притиснете го копчето Source (Извор) на soundbar звучникот, додека на екранот не се појави „HDMI“.
5 Вклучете го телевизорот и сменете го неговиот извор на приклучокот за HDMI каде што е поврзан soundbar звучникот.
6 Вашиот телевизор ќе прикажува слики од надворешниот уред, а звукот ќе се репродуцира од soundbar звучникот.

Сега би требало сè да функционира, но да одиме чекор понатаму и да го направиме ова поставување најдобро што може да биде:

  • Погрижете се на телевизорот да биде овозможена опцијата Anynet+ (HDMI-CEC). Со ова, телевизорот ќе се вклучи кога ќе бидат вклучени уредот и soundbar звучникот. Ако имате Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), изберете All settings (Сите поставки) и на крај изберете Connection (Поврзување). Изберете External Device Manager, а потоа изберете Anynet+ (HDMI-CEC). Проверете го упатството за употреба за својот телевизор доколку упатствата не се совпаѓаат или ако немате Samsung ТВ.
  • На крај, треба да ги овозможите поставките за HDMI-CEC на надворешниот уред и да поставите универзална контрола на телевизорот. За да ги поставите поставките за HDMI-CEC на надворешниот уред, треба да го проверите упатството за употреба за својот уред.

Напомена: Ако Вашиот надворешен уред е компатибилен со 4K, треба да проверите дали soundbar звучникот поддржува 4K pass-thru. Samsung Q поддржува 4K pass-thru, така што може да продолжите ако ги имате овие модели. HDMI IN приклучокот на soundbar звучникот може да поддржи само до 4K (4:4:4 8 bit).

Оптички кабел поврзува Samsung soundbar звучник со телевизор

Оптичкиот кабел (Tos-Link) е уште еден начин на кој може да го поврзете soundbar звучникот со телевизор. Овој тип на кабел е сличен на HDMI кабелот и пренесува дигитален звук, така што може да го слушнете секој детаљ. Може и да ги поврзете Вашите уреди (кабелски приемници, системи за видео игри и Blu-ray плеери) со телевизорот за звукот од телевизорот да се репродуцира на soundbar звучникот.

1 Вклучете ги телевизорот и soundbar звучникот и поврзете го едниот крај на дигиталниот оптички кабел со приклучокот OPTICAL OUT на телевизорот.
2 Потоа, поврзете го другиот крај на приклучокот DIGITAL AUDIO IN (OPTICAL) на soundbar звучникот.
Оптички кабел кој се вметнува во DIGITAL AUDIO IN отворот на Samsung soundbar звучникот
3 Притиснете на копчето Source (Извор) на далечинскиот управувач или soundbar звучникот, а потоа на звучникот наместете ја поставката D.IN.
Се прикажува пораката D.IN на Samsung soundbar звучникот
4 На крај, на телевизорот треба да поставите аудио излезот да биде преку надворешните звучници. Изберете Settings (Поставки), а потоа изберете Sound Output (Излез на звук) во менито за брзи поставки.
5 Притиснете го копчето Enter (Ентер) за да смените во Receiver (Optical) (Оптички ресивер). Сега, звукот од телевизорот ќе се репродуцира на soundbar звучникот.

Напомена: Ако овие чекори не успеат на Вашиот телевизор или, пак, ако немате Samsung телевизор, тогаш погледнете во упатството за употреба за soundbar звучникот или телевизорот. За Samsung телевизори од 2022 година и понови телевизори, ако нема звук преку оптичкиот кабел, проверете дали е вклучен симултаниот оптички излез. Одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете ја опцијата Expert Settings (Експертски поставки), а потоа изберете Simultaneous Optical Output (Симултан оптички излез).

Не се испорачува ист квалитет на звук како со HDMI, но сите ја сакаме погодноста на Bluetooth бидејќи не мора да се грижиме за никакви кабли. Главниот предизвик со Bluetooth поврзувањето е дека конекциите може да се исклучат или да станат нестабилни ако дојде до некаков прекин, како на пример ако снема струја. Сепак, Bluetooth и понатаму е добра и лесна опција.

1 За да започнете со Bluetooth спарување, притиснете го копчето Pair (Спари) на далечинскиот управувач за soundbar звучникот. На екранот ќе се прикаже пораката „BT PAIRING (СПАРУВАЊЕ СО BT)“ кога изворот ќе биде поставен на Bluetooth.
Се прикажува пораката BT PAIRING на Samsung soundbar звучникот
2 Ако немате далечински управувач за soundbar звучникот, едноставно притиснете го копчето Multi Function (Мултифункција) или Source (Извор) на soundbar звучникот, додека на екранот не се прикаже „BT PAIRING (СПАРУВАЊЕ СО BT)“.

Напомена: Ако се појави пораката „BT READY“, тоа значи дека веќе е поврзано со уред. За да спарите нов уред, притиснете и задржете го копчето Mic On/Off (Вклучување/исклучување на микрофон) или Source (Извор) на soundbar звучникот подолго од 5 секунди за да се прикаже пораката „BT PAIRING (СПАРУВАЊЕ СО BT)“.

3 Откако soundbar звучникот ќе биде во режим на спарување, треба да го спарите звучникот со телевизорот. За Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете Bluetooth Speaker List (Список со Bluetooth звучници) или Bluetooth Audio Device (Bluetooth аудио уред), во зависност од моделот на Вашиот телевизор.
 Bluetooth Speaker List е истакнато на менито Sound Output

Напомена: За упатства како да го спарите со различни брендови на телевизори, погледнете го упатството за употреба на Вашиот телевизор.

4 На крај, изберете го Вашиот soundbar звучник и изберете Pair and Connect (Спари и поврзи).
5 Сега, звукот од телевизорот ќе се репродуцира преку soundbar звучникот.

Samsung телевизорот и soundbar звучникот може да ги поврзете и преку Wi-Fi конекција. Телевизорот и soundbar звучникот мора да се поврзани на истата Wi-Fi мрежа. За да го направите ова, треба да ја користите апликацијата SmartThings на својот мобилен уред.

Апликацијата SmartThings е отворена на мобилен уред, веднаш до Samsung soundbar звучник и ТВ и се прикажува контролното мени

Напомена: Wi-Fi поврзување е достапно само на Samsung телевизори. Исто така, ако Вашиот безжичен рутер (Wi-Fi) користи DFS канал, нема да може да воспоставите Wi-Fi врска помеѓу телевизорот и soundbar звучникот. За повеќе детали, контактирајте го својот давател на интернет услуги.

1 Прво, треба да го поврзете soundbar звучникот со Вашата Wi-Fi мрежа, Одете до апликацијата SmartThings на својот телефон или таблет и отворете ја.
2 Може да се појави скок-известување, кое ви вели да го додадете soundbar звучникот во апликацијата. Следете ги упатствата наведени во скок-прозорецот на екранот.
3 Ако не се појави ваков скок-прозорец, допрете ја картичката Devices (Уреди) и потоа допрете Add (Додај) (знакчето плус), а на крај допрете на Add device (Додај уред).
4 Допрете на Scan (Скенирај) под „Scan for nearby devices“ (Скенирај за уреди во близина) за да го најдете својот soundbar звучник.
Апликацијата SmartThings е отворена на мобилен уред, веднаш до Samsung soundbar звучник и ТВ и се прикажува менито за додавање уреди

Напомена: Може да ги користите и опциите „Scan QR code“ (Скенирај QR-код) или „Enter setup code“ (Внеси код за поставување).

5 Следете ги упатствата на екранот за да го додадете soundbar звучникот во апликацијата. Потоа ќе можете да го поврзете soundbar звучникот со истата Wi-Fi мрежа на која е поврзан телевизорот.
6 На телевизорот, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете ја опцијата Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете го својот soundbar звучник.
Soundbar Q9B-Series (Wi-Fi) е истакнато на менито Sound Output (Излез на звук)
7 Сега, звукот од телевизорот ќе се репродуцира преку Вашиот soundbar звучник.

Ако не се репродуцира звук од soundbar звучникот откако ќе го поврзете, погледнете го нашето упатство за помош.

Благодариме за повратните информации