Не се репродуцира звук од вашиот Samsung soundbar звучник

Soundbar звучник на комода под Samsung ТВ

Кога не се репродуцира звук од soundbar звучникот, треба да се погрижите дека поврзаните уреди се вклучени, дека soundbar звучникот е поврзан со правилниот извор, како и дека кабелот е правилно поврзан. Во зависност од поставките, чекорите за ова може да се разликуваат.

Погрижете се дека сите уреди правилно функционираат и дека се правилно поврзани со телевизорот или soundbar звучникот. За повеќе информации за тоа како да го поврзете soundbar звучникот, погледнете ја следнава страница: Како да го поставите Samsung soundbar звучникот.

Напомена: Ажурирање на фирмверот на Samsung soundbar звучникот Ви ги овозможува сите најнови подобрувања. Во зависност од моделот, eARC функцијата може да не е поддржана. Името на менито и патот до менито може да се разликуваат во зависност од моделот.

За да го поврзете телевизорот со soundbar звучникот со помош на ARC е потребен еден HDMI кабел. Ваквото поврзување е најдобро во ситуации кога ги поврзувате само soundbar звучникот и телевизорот без да користите надворешни уреди. Ако користите вакво поврзување, треба да проверите дали каблите се правилно поврзани, да ја проверите поставката на телевизорот за излез на звук, како и изворот на soundbar звучникот.

Напомена: За дополнителни информации за другите видови поврзувања, погледнете ја следнава страница: Како да го поврзете својот soundbar звучник.

1 Прво, погрижете се дека HDMI кабелот е сигурно поврзан со HDMI (ARC/eARC) отворот на телевизорот, како и со HDMI TO TV (eARC/ARC) отворот на дното на soundbar звучникот.
HDMI кабел кој се вметнува во HDMI to TV отворот на Samsung soundbar звучникот
2 Вклучете ги телевизорот и soundbar звучникот.
3 Погрижете се на телевизорот да биде овозможена опцијата HDMI-CEC.
Anynet+ (HDMI-CEC) е истакнато на менито за поставки External Device Manager

Напомена: Ако имате Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), изберете All settings (Сите поставки) и на крај изберете Connection (Поврзување). Изберете External Device Manager, а потоа изберете (HDMI-CEC). Проверете го упатството за употреба за својот телевизор доколку упатствата не се совпаѓаат или ако немате Samsung ТВ.

4 Проверете дали опцијата Sound Output (Излез на звук) на телевизорот е поставена на поврзаниот soundbar звучник. Погледнете го упатството за употреба за својот телевизор.
Soundbar Q9B-Series (HDMI) е истакнато на менито Sound Output (Излез на звук)

Напомена: За Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете ја опцијата Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете го поврзаниот soundbar звучник.

5 Поставете го изворот на soundbar звучникот на D.IN и потврдете дека редоследно се прикажува „D.IN“, а потоа „TV ARC“.
 D.IN, а потоа и TV ARC се прикажуваат на Samsung soundbar звучникот

Напомена: За да го смените изворот на soundbar звучникот, притиснете на копчето Multi Function/Source (Мултифункција/Извор) на горниот дел од soundbar звучникот или, пак, копчето Source (Извор) на далечинскиот управувач за да ја изберете поставката „D.IN“.

6 Доколку не се прикажат последователно „D.IN“ и „TV ARC“, обидете се да го исклучите кабелот. Ако ова не функционира, обидете се да се поврзете со друг телевизор што има eARC отвор. Ако функционира нормално на другиот телевизор, тогаш првичниот телевизор има некаков проблем којшто ќе треба да го сервисирате.
7 Ако soundbar звучникот не репродуцира звук ни од другиот телевизор, контактирајте со Поддршката на Samsung за помош.

Напомени:

  • Ако е поврзан надворешен уред со телевизорот, проверете дали е вклучен, како и јачината на звукот на надворешниот уред. Потоа, проверете дали звучникот на телевизорот нормално репродуцира звук. За да го направите ова, отидете до Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете TV Speaker (Звучник на ТВ).
  • За да користите eARC, треба да ја активирате функцијата eARC на телевизорот. Одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете Expert Settings (Експертски поставки), а потоа изберете HDMI-eARC Mode (HDMI-eARC режим), и на крај изберете Auto (Автоматски).
  • ARC/eARC може да не функционира поради проблеми со надворешниот уред. За да го поправите ова, исклучете ја поврзаноста на надворешниот уред со телевизорот, потоа исклучете ги телевизорот и soundbar звучникот и на крај повторно вклучете ги. Потоа, проверете дали нормално се репродуцира звук.
  • Ако има дефект на HDMI кабелот, заменете го кабелот, а потоа проверете дали нормално се репродуцира звук.

Напомени:

  • Одредени уреди, какви што се микробрановите печки и безжичните рутери може да предизвикаат радио-интереференција ако се премногу блиску до soundbar звучникот. Погрижете се да нема пречки помеѓу телевизорот и soundbar звучникот.
  • Ако некој дел од Вашето тело е во контакт со Bluetooth трансиверот или ако soundbar звучникот е поставен на метална површина, звукот може да се намали.
  • Ако се побара ПИН-код кога поврзувате со Bluetooth, може да го користите стандардниот ПИН-код: 0000.
  • Истовремено може да се поврзе само еден Samsung ТВ.
1 Ако не се репродуцира звук од soundbar звучникот, а тој е веќе поврзан со телевизорот преку Bluetooth, може да проверите дали е избран правилниот извор на телевизорот. Одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете Sound Output (Излез на звук), потоа изберете Bluetooth Speaker List (Список со Bluetooth звучници), а на крај изберете го вашиот soundbar звучник на списокот со Bluetooth уреди на телевизорот.
Soundbar Q9B-Series е истакнато на менито Bluetooth Speaker List

Напомена: Може да се појави порака „Need Pairing (Потребно е спарување)“ или „Paired (Спарено)“ која Ви вели да се поврзете со soundbar звучникот. Изберете ја пораката за да воспоставите врска.

2 Ако ова не функционира, може да се обидете и да го отстраните спарувањето, а потоа одново да го спарите soundbar звучникот преку телевизорот. За да го отстраните спарувањето со soundbar звучникот, притиснете го копчето Source (Извор) на далечинскиот управувач за soundbar звучникот, а потоа изберете некој режим, освен BT.

Напомена: Ако немате далечински управувач за soundbar звучникот, може да го притиснете копчето Multi Function (Мултифункција) или Source (Извор) на soundbar звучникот, а потоа да изберете некој режим, освен BT.

3 Потоа, одново спарете го soundbar звучникот така што ќе го притиснете копчето PAIR (СПАРИ) на далечинскиот управувач за soundbar звучникот. На екранот ќе се прикаже пораката „BT PAIRING (СПАРУВАЊЕ СО BT)“ кога изворот ќе биде поставен на Bluetooth.
 Се прикажува пораката BT PAIRING на Samsung soundbar звучникот

Напомена: Ако немате далечински управувач за soundbar звучникот, може да го притиснете копчето Multi Function (Мултифункција) или Source (Извор) на soundbar звучникот, а потоа да изберете BT PAIRING (СПАРУВАЊЕ СО BT).

4 Откако soundbar звучникот ќе биде во режим на спарување, треба да го спарите звучникот со телевизорот. За Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете Bluetooth Speaker List (Список со Bluetooth звучници) или Bluetooth Audio Device (Bluetooth аудио уред), во зависност од моделот на Вашиот телевизор.

Напомена: За упатства како да го спарите со различни брендови на телевизори, погледнете го упатството за употреба на Вашиот телевизор.

5 Ако не можете да го поврзете soundbar звучникот преку Bluetooth или, пак, ако поврзаноста со Bluetooth или звукот постојано се прекинуваат, тогаш контактирајте со Поддршката на Samsung за помош.

Напомена: Телевизорот и soundbar звучникот мора да се поврзани на истата Wi-Fi мрежа.

1 Ако не се репродуцира звук од soundbar звучникот кога е поврзан со Wi-Fi, прво треба да се погрижите дека е вклучен безжичниот рутер и дека има силен сигнал.
2 Потоа, обидете се да го исклучите и повторно да го вклучите рутерот. Следно, проверете дали soundbar звучникот ќе се поврзе на Wi-Fi мрежата. Ако не се поврзе, прејдете на следниот чекор.
3 Обидете се да го поместите рутерот поблиску до soundbar звучникот, истовремено отстранувајќи ги пречките помеѓу нив, доколку е потребно.
Samsung soundbar звучник поставен до Samsung ТВ и рутер
4 Ако треба одново да го поврзете soundbar звучникот со Вашата Wi-Fi мрежа, ќе треба тоа да го направите преку апликацијата SmartThings на телефонот или таблетот. Одете до апликацијата SmartThings и отворете ја.
5 Може да се појави скок-известување, кое ви вели да го додадете soundbar звучникот во апликацијата. Следете ги упатствата наведени во скок-прозорецот на екранот.
6 Ако не се појави ваков скок-прозорец, допрете ја картичката Devices (Уреди) и потоа допрете ја иконата Add (Додај) (знакчето плус), а на крај допрете на Add device (Додај уред).
7 Допрете на Scan (Скенирај) под „Scan for nearby devices“ (Скенирај за уреди во близина) за да го најдете својот soundbar звучник.
Апликацијата SmartThings е отворена на мобилен уред, веднаш до Samsung soundbar звучник и ТВ и се прикажува менито со поставки Add device (Додај уред)

Напомена: Може да ги користите и опциите „Scan QR code“ (Скенирај QR-код) или „Enter setup code“ (Внеси код за поставување).

8 Следете ги упатствата на екранот за да го додадете soundbar звучникот во апликацијата. Потоа ќе можете да го поврзете soundbar звучникот со истата Wi-Fi мрежа на која е поврзан телевизорот.
9 На телевизорот, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете ја опцијата Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете го својот soundbar звучник.
10 Ако не можете да го поврзете soundbar звучникот со Wi-Fi мрежата или, пак, доколку не се репродуцира звук од soundbar звучникот, контактирајте со Поддршката на Samsung за помош.

Напомени:

  • Soundbar HDMI IN може да поддржи само до 4K (4:4:4 8 bit).
  • Ако има секундарна поставка за звук во опциите за репродуцирање звук, тогаш таа треба да се оневозможи.
  • Проверете дали содржината што сакате да ја репродуцирате поддржува Dolby Atmos®/DTS:X.
1 Погрижете се дека HDMI кабелот е сигурно поврзан со HDMI OUT отворот на надворешниот уред, како и со HDMI отворот на дното на soundbar звучникот.
2 Исто така, погрижете се дека HDMI кабелот е сигурно поврзан со HDMI (eARC/ARC) отворот на телевизорот, како и со HDMI TO TV (eARC/ARC) отворот на дното на soundbar звучникот.
 Кабли вклучени во HDMI to TV и HDMI 1 отворите на Samsung soundbar звучникот
3 Вклучете ги soundbar звучникот, телевизорот и надворешниот уред и проверете ја јачината на звукот на надворешниот уред.
4 Погрижете се на телевизорот да биде овозможена опцијата HDMI CEC.
Anynet+ (HDMI-CEC) е истакнато на менито за поставки External Device Manager

Напомена: Ако имате Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), изберете All settings (Сите поставки) и на крај изберете Connection (Поврзување). Изберете External Device Manager, а потоа изберете Anynet+ (HDMI-CEC). Проверете го упатството за употреба за својот телевизор доколку упатствата не се совпаѓаат или ако немате Samsung ТВ.

5 Поставете го изворот на soundbar звучникот на HDMI и потврдете дека се прикажува „HDMI“.
Се прикажува пораката HDMI на Samsung soundbar звучникот

Напомена: За да го смените изворот на soundbar звучникот, притиснете на копчето Multi Function (Мултифункција) или Source (Извор) на горниот дел од soundbar звучникот или копчето Source (Извор) на далечинскиот управувач за да ја изберете поставката „HDMI“.

6 Проверете дали опцијата Sound Output (Излез на звук) на телевизорот е поставена на поврзаниот soundbar звучник. Погледнете го упатството за употреба за својот телевизор.
Soundbar Q9B-Series (HDMI) е истакнато на менито Sound Output (Излез на звук)

Напомена: За Samsung ТВ, одете до Settings (Поставки), потоа изберете All Settings (Сите поставки), а на крај изберете Sound (Звук). Изберете ја опцијата Sound Output (Излез на звук), а потоа изберете го поврзаниот soundbar звучник.

7 Исклучете ги телевизорот, soundbar звучникот и сите поврзани уреди, а потоа поврзете различен уред на истиот отвор на soundbar звучникот. Повторете ги претходните чекори. Потоа, слушајте дали ќе се репродуцира звук од уредот. Ако се репродуцира звук од уредот за тестирање, но не и од првичниот уред, тоа значи дека првичниот уред има некаков проблем. Контактирајте го производителот на уредот за понатамошно решавање проблеми.
8 Ако soundbar звучникот не репродуцира звук од уредот за тестирање, контактирајте со Поддршката на Samsung за помош.

Благодариме за повратните информации