HW-S40T 2.0Ch Soundbar звучник (2020)
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Создаден за природен звук од каде било во просторијата
Звук кој ја исполнува просторијата во дизајн од типот сѐ-во-едно
Сѐ-во-едно
За холистички звук, сѐ што ти е потребно имаш на еден soundbar-звучник. Системот сѐ-во-едно има два вуфера и високотонци вградени во тенката рамка, така што можеш да го поставиш каде било во просторијата и да уживаш во чистиот звук.
Изработка која го надминува звукот
Текстил од KvadratЗвучен систем дизајниран да биде дел од домот. Безвременскиот изглед на soundbar-звучникот, усовршен од Kvadrat, е комбинација од природен израз на димензија и издржливост. Текстурата и заоблениот дизајн, заедно со врвната технологија, одговараат на неверојатното чувство на звук кој ја исполнува просторијата.
Слушни ја музиката како што треба да биде слушната
Режим за музика
Слушни ја музиката онака како што нејзините креатори сакаат да биде слушната. Балансирајќи ја звучната иновативност со креативниот придонес од продуцентите и изведувачите, режимот за музика ти овозможува да го поврзеш мобилниот со soundbar-звучникот за да го препознае и оптимизира она што го слушаш, за да го одржува квалитетот додека забавата трае.
Оптимизиран звук за различни содржини
Паметен звук
Soundbar-звучникот автоматски ги анализира изворите на звукот со цел оптимизирање на аудиозаписот за конкретната содржина. Без разлика дали станува збор за гласен спортски натпревар или драма со тивок дијалог, биди сигурен дека најдобриот soundbar-звучник ќе ти овозможи јасни звуци за оптимизирано гледање телевизија.