Soundbar звучници HW-Q60R
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Нурни во звукот со технологијата Samsung Acoustic Beam
Четири врвни функции
Наука за звукот
Тестиран е и подесен во компанијата California Audio Lab, каде што инженерите за звук применуваат најнапредни акустични технологии и врвни компјутерски модели за да постигнат совршена рамнотежа на звук кој ја исполнува просторијата.
Уживај во акцијата со панорамски звук
За забава во живот. Samsung Soundbar звучникот го исполнува секој агол во просторијата со богат и динамичен звук кој навистина го трансформира твојот дом.
Звук кој е во движење. Технологија Samsung Acoustic Beam
Не дозволува звукот да мирува. Технологијата Samsung Acoustic Beam испорачува звук што се чини дека потекнува токму од местото каде се одвива дејството на екранот. Совршен за филмови и игри, овој звук навистина ќе те придвижи.
Ќе слушаш подобро. Ќе играш подобро.
Спреми се за моќно и најинтензивно гејминг искуство со сабвуфери кој го надополнуваат амбиентот и громогласните звучници, и кои овозможуваат неверојатен surround звук. Soundbar звучникот автоматски се префрлува на режим на играње кога ќе се поврзе со Samsung телевизорот па така ти можеш да се фокусираш на играње а не на подесување.
*Поддршката за оваа функција постои само кога е конзолата за игри поврзана со индивидуален Samsung телевизор за 2019. преку HDMI(сите QLED телевизори, серија RU7400 и понови верзии.) Поддржани конзоли се PlayStation 4 и Xbox. Компатибилноста на телевизорите и конзолите за игри е предмет на промени. ** Конзолата за игри се продава одделно.
Слушај подобро со приспособен звук
Samsung Soundbar звучникот ја анализира содржината која се емитува и го приспособува звукот со оптималните нагодувања за било која сцена. Функцијата приспособен звук овозможува појасно да се слушаат гласовите и кога тонот е намален, што значи дека сега можеш кристално јасно да слушаш и тивки разговори.
Бескрајно HDR 10+ уживање
Благодарение на вградениот 4K Pass-Through, лесно се поврзува 4K видео-извор како UBD или конзола за игри. Дури и функционира и со извори на HDR 10+ и ти овозможува да уживаш во оригиналниот квалитет на звукот кој е совршено синхронизиран со она што го гледаш на екранот. Само една HDMI врска и сè е подготвено.
* Излезниот квалитет на сликата во HDR 10+ резолуција е достапен само со еквивалентен влез.
Со канал во средината за појасен дијалог
Слушај кристално чист дијалог благодарение на наменскиот звучник со среден канал. Тој обезбедува балансиран звук од едниот до другиот крај на просторијата и прекрасно се вклопува во твојата гарнитура за забава во домот.
Моќен бас таму каде што ти треба
Не дозволувај каблите да му пречат на твојот бас. Постави soundbar звучник со безжичен сабвуфер било каде во просторијата и опкружи се со помоќен, подлабок бас.
Звук за кој се заслужни мајстори
Иновативните решенија за совршена забава во домот на компанијата Samsung во соработка со стручното знаење на компанијата Harman Kardon која има 65 години искуство во аудио технологиите: овие два брендови и понатаму поставуваат нови граници носејќи го врвниот звук во домот.
Безжично поврзување со телевизорот
Поврзи го Soundbar звучникот со својот Samsung телевизор* без многу труд и без испреплетени кабли користејќи само Bluetooth или Wi-Fi врска. Веднаш ќе можеш да уживаш во сите содржини со чист и изразен звук.
* Компатибилен со некои телевизори Samsung кои поддржуваат Wi-Fi или Bluetooth.
Контрола со само еден далечински управувач
Не ти требаат неколку далечински управувачи. Јачината, моќноста на звукот, па дури и звучните ефекти можеш да ги контролираш користејќи далечински управувач на Samsung телевизор и корисничкиот интерфејс на телевизорот.
* Вистинскиот производ може да се разликува од прикажаниот и зависи од ТВ-моделот и регионот. ** Компатибилен со некои телевизори на Samsung. Погледни во продавницата за повеќе информации.
* Вистинскиот производ може да се разликува од прикажаниот и зависи од ТВ-моделот и регионот. ** Компатибилен со некои телевизори на Samsung. Погледни во продавницата за повеќе информации.
Безжичен стриминг на музика
Soundbar звучникот користи Bluetooth врска за полесно безжично поврзување со другите уреди. Уживај во музика од својот мобилен телефон со врвен квалитет на озвучување каде и да се и без никакви кабли.
Апликација Samsung Audio Remote
Управувај со Soundbar звучникот преку апликацијата Samsung Audio Remote на својот мобилен телефон или таблет со оперативен систем Android™. Едноставно поврзи се со помош на Bluetooth за да ги контролираш сите функции на Soundbar звучникот и лесно репродуцирај ја својата листа на омилени песни на мобилниот уред, само преку една апликација.
* Андроид е регистрирана трговска марка на Google Inc. Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG Inc.
* Андроид е регистрирана трговска марка на Google Inc. Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG Inc.
Безжичен surround звук
Wireless Surround Kit* ти овозможува лесно да го прошириш својот Soundbar звучник во систем од surround звуци и тоа без испреплетени кабли**. Заедно со Soundbar звучникот можеш да направиш систем со канали за вистинско уживање во surround звук.
* Samsung Wireless Rear Speaker Kit е достапен во продажба како посебен производ (модел: SWA-9000S).** За безжичниот модул е потребен кабел за напојување. Задните звучници се поврзуваат со модулот со помош на кабел.