HW-B650D B-серија Soundbar звучници со 3.1 канален нискотонец
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Збогати го своето доживување со 3D surround-звук и вграден централен звучник1
Dolby Audio / DTS Virtual:X
Воодушевувачки звук што се движи околу тебе
Dolby Audio и DTS Virtual:X технологијата создаваат 3D surround звук, вклучувајќи го чувството за висина, преку напредни техники за аудио обработка.
Вграден централен звучник
Ги засилува човечките гласови за кристално јасен дијалог
Слушај чист и јасен дијалог со Samsung soundbar звучникот. Централниот звучник ги засилува човечките гласови за да обезбеди чисто гласовно аудио.
Нискотонец со Bass Boost режим
Екстра бас, поголема возбуда
Додај дополнителен бас на твоите ритми со Bass Boost режимот. Безжичниот нискотонец репродуцира побогат, подлабок бас што можеш вистински да го почувствуваш.
Адаптивен звук
Звук оптимизиран за секоја сцена
Адаптивниот звук автоматски го оптимизира звукот за конкретни аудио содржини, овозможувајќи јасни гласови и детални звуци во зависност од содржината и јачината на тонот.
Квалитет на звук
Voice Enhance
Фати го секој збор и слушни го јасно дијалогот
Слушни го дијалогот во омилените серии и филмови со кристална јасност. Voice Enhance режимот го засилува гласот во аудиото и ги оптимизира поставките EQ за јасно аудио доживување.
Практичност
HDMI
Поврзи ги уредите преку HDMI
Преку HDMI порта во soundbar звучникот, можеш да ги поврзеш надворешните уреди да го емитуваат истиот богат звук со одличен квалитет.
Bluetooth® поврзување на повеќе уреди
Двојно повеќе забава со два паметни телефона
Користи ја Bluetooth опцијата на твојот soundbar звучник за да поврзеш два паметни телефона во исто време и најизменично пуштај ги плејлистите од различните уреди.
Режим на игри
Слушај подобро, играј подоброДобиј предност со режимот на игри. Поставките за звук се автоматски оптимизирани за играње, сѐ што треба да направиш е да се вклучиш и да играш. Исто така, со технологијата за придушување звук можеш да ги слушнеш прецизните локации на твоите непријатели.
Ноќен режим
Слушај го дијалогот без да ги вознемируваш останатите
Гледај телевизија навечер без да ги будиш останатите. Ноќниот режим го компресира басот за да ги намали децибелите и на тој начин обезбедува дискретно звучно доживување, испорачувајќи јасен звук.
Синергија со телевизорот
One Remote Control
Еден далечински управувач за целосна контрола
Samsung далечинскиот управувач за телевизор не е наменет само за телевизорот. Можеш да го користиш за да ги контролираш клучните функции на soundbar звучникот, како вклучување, јачина на звук и звучни ефекти.2
Bluetooth® поврзување со телевизор
Безжично поврзи го soundbar звучникот со телевизорот
Ти пречат каблите и жиците во работниот простор? Користи ја опцијата за Bluetooth на soundbar звучникот за да го поврзеш со телевизорот и безжично уживај во омилената содржина.3
Подобри заедно
Компатибилен со безжичен surround-звук
Прошири го звукот што те опкружува и добиј повеќе функции
Комплетот Wireless Rear Speaker* ти дозволува да го прошириш системот за surround-звук за да добиеш подобро звучно искуство. 4