HW-Q800A 3.1.2ch Soundbar звучници (2021)
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Совршено изработен звук, хармонизиран со QLED
Врвно обземање од звукот.1
Воздигнат звук од секоја насока
Истражи ги длабочините на звукот со Dolby Atmos и DTS:X. Тие ти овозможуваат да го слушнеш секој посебен звук додека лебди околу тебе.
Преку 3-те канали, 1 канал за нисокотонски звучник и 2 канали за движење на звукот нагоре, добиваш звук кој се движи и овозможува величествена забава. Совршен за твојот QLED телевизор. Биди едно со приказната додека звукот целосно те опкружува со помош на вистинскиот 3.1.2 ch звук преку Samsung Acoustic Beam.
Да се спојат Samsung ТВ и Samsung Soundbar-звучник е она вистинскотоQ Soundbar и телевизор, совршен спој
Q-SymphonyОвој Soundbar-звучник се синхронизира со Samsung телевизорот и заедно создаваат богат звук. Го комбинира и подобрува звукот преку предните, страничните и оние кои го движат звукот нагоре на soundbar-звучникот, како и преку звучниците на телевизорот, овозможувајќи нова звучна димензија во која содржи
Оптимизиран звук за да се вклопи во твојот простор
SpaceFit Sound
Беспрекорна синергија помеѓу Samsung телевизор и Samsung Soundbar-звучник. Оптимизиран звук за чистота и чувство на обземање од soundbar-звучник, врз основа на анализа процесирана од твојот Samsung ТВ.
Слушај подобро. Играј подобро.
Game Mode Pro
Подготви се за моќно гејмерско искуство со нискотонските звучници кои го дополнуваат амбиентот и со звучниците кои го движат звукот нагоре и овозможуваат неверојатен surround-звук. Soundbar-звучникот автоматски се префрла на Режим за игри кога ќе се поврзе на твојот Samsung телевизор за да можеш да се фокусираш на играње, не на поставување.7
Свет на звук каде контролираш со само еден далечински управувач
One Remote ControlНе ти требаат неколку далечински управувачи. Контролирај ги клучните функции на soundbar-звучникот, како вклучување, јачина на звук, па дури и звучни ефекти, со далечински управувач на Samsung телевизор — директно преку телевизорот.8
Подготвен да ја слушне твојата заповед
Вграден гласовен асистент (Достапноста на карактеристиката може да се разликува во зависност од регионот. Провери пред употреба.)
Со леснотија контролирај ја музиката, добивај информации и оганизирај си го денот, без да ги користиш рацете. Не можеш да се сетиш на насловот на песната? Побарај од Alexa да пушти музика така што ќе кажеш неколку стихови од песната. Без оглед за каква музика и содржина си расположен, таа е спремна да слуша.9
Поврзи се, слушај, уживај
Фати го секој збор, без никакви пречки
Активен засилувач на звук (AVA)
Слушај ги разговорите од екранот, дури и среде врева. Активниот засилувач на звук го изолира и изјаснува дијалогот од омилените серии и филмови, додека soundbar-звучникот ги фаќа и појачува гласовите, така што може да си седнеш и да ја следиш приказната.11
Почувствувај ја длабочината на звук кој се движи
Samsung Acoustic Beam
Не дозволувај звукот да стои во место. Технологијата на Samsung, Acoustic Beam, го комбинира и испорачува звукот таа што делува дека доаѓа точно од местото на дејство на екранот. Совршен за филмови и играње игри, ова е вистински 3.1.2 ch звук кој навистина те движи.
Засилување на звучната поврзаност
HDMI eARC
Со HDMI eARC може да слушаш квалитетен звук, без никаква загуба на карактеристиките, дури и кога е поврзан со други уреди преку телевизорот, како што е UBD-плеер или пак конзоли за играње.
Повеќе звук, без никакви жици
Компатибилно со безжичниот Dolby Atmos Surround-звук
Комплетот за безжичен surround-звук, Wireless Surround Kit*, ти дозволува лесно да го прошириш твојот систем за surround-звук без заплеткани жици**. Заедно со твојот Soundbar-звучник, можеш да креираш систем на канали за вистинско доживување на surround-звук.12