Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Оптимизиран сараунд звук, без разлика каде ќе го сместиш1
Брз преглед на клучни карактеристики
Флексибилен дизајн
Најди го оној што ти одговара
Со вградениот жиро сензор, овој soundbar звучник може да детектира каде е поставен и автоматски да го оптимизира звукот. Без разлика дали е закачен на ѕид или поставен на маса, постојано ќе добиваш квалитетен звук со Dolby Atmos.
Вистински 3.1.2-канален звук
Неверојатен звук што ја оживува забавата
Надополни го звучното искуство со овој soundbar звучник кој има 3 предни канали, 1 канал за нискотонец и 2 канали што го движат звукот нагоре. Покрај тоа, доаѓа со посебен компактен 8-инчен нискотонец за екстра длабок бас.
Флексибилен дизајн
Звучниците се дизајнирани да функционираат како канали што го движат звукот нанапред, а и нагоре, автоматски приспособувајќи ја насоката на звукот според тоа каде е поставен soundbar звучникот.
Нов нискотонец
Добиј богат бас со нашиот нов, помал нискотонец. Дискретно се вклопува во твојот дом без да се загрозат неговите перформанси.
Безжичен Dolby Atmos
Вграден кинематографски звук
Опкружи се себеси со најдобриот 3D звук. Кога Dolby Atmos е безжично интегриран во soundbar звучникот, можеш да го слушнеш секој еден ритам и пулс како се движи над тебе и околу тебе, исто како во кино.
Q-Symphony
Телевизор и Soundbar звучник во хармонија
Со Q-Symphony, AI ги двои гласовните и заднинските звуци за репродуцирање преку оптималниот канал. Сега добиваш почист дијалог и поживописен 3D сараунд звук што се продуцира преку звучниците на телевизорот и soundbar звучникот во целосна синергија.
SpaceFit Sound Pro
Звук што е дотеран за твојот простор до совршенствоУживај во сензационален звук којшто се приспособува на просторијата. Soundbar звучникот го анализира просторот и соодветно го приспособува аудиото — дури и го оптимизира басот — за максимално чист и реалистичен звук.
Адаптивен звук
Звук оптимизиран за секоја сценаУживај во совршен звук во секоја сцена. Soundbar звучникот го препознава видот на содржината што ја гледаш и автоматски ги приспособува поставките за звук за да продуцира јасни гласови и детални звуци.
Режим Game Pro
Биди дел од играта благодарение на динамичниот звукНурни директно во акцијата на играта со живописниот 3D звук. Soundbar звучникот автоматски го приспособува аудиото кога ќе детектира конзола поврзана со телевизор Samsung — истовремено оптимизирајќи го за типот на играта кога играш преку Gaming Hub на телевизор Samsung.
Умерен бас
Уживај во богат бас, дури и навечерSoundbar звучникот е дизајниран за доследно емитување моќен бас. Дури и кога е исклучен звукот на нискотонецот, главниот soundbar звучник сепак испорачува богат бас само за тебе.
Компатибилен со безжичен сараунд-звук
Прошири го сараунд звукот и добиј повеќе функцииКомплетот за безжичен заден звучник, Wireless Rear Speaker Kit, ти дозволува да го прошириш системот за сараунд-звук за да добиеш подобро звучно искуство. Исто така, можеш да уживаш во повеќе режими за звук со задните звучници, како што се Private Rear Sound и Sound Grouping.
AirPlay
Пренесувај ја музиката што ја сакашСо апликацијата Apple AirPlay можеш да уживаш во омилената музика или поткасти преку својот iPhone или iPad. Само допри ја иконата AirPlay од твојот Apple уред за да го поврзеш со soundbar звучникот.
HDMI eARC
Беспрекорно репродуциран квалитет на звукSoundbar звучникот има HDMI eARC технологија благодарение на која звукот се емитува беспрекорно од телевизорот и поврзаните уреди. Сега можеш да уживаш во 3D формати на сараунд-звук, како што е Dolby Atmos, и тоа во висок квалитет.
Апликација SmartThings
Компатибилно со апликацијата SmartThingsЛесно управувај со твојот soundbar звучник со апликацијата SmartThings. Поврзи го со мобилниот уред преку Wi-Fi за да ги приспособиш поставките за звук, да овозможиш групно играње или да пристапуваш до гласовниот асистент и до функциите за репродуцирање музика.
Безжично поврзување со телевизор
Безжично поврзи го soundbar звучникот со телевизоротПоврзи го твојот soundbar звучник со телевизорот Samsung преку Wi-Fi или Bluetooth во само неколку чекори. Совршено синхронизирани аудио и видео за целосно живописно гледање.2
One Remote Control
Еден далечински управувач за целосна контролаДалечинскиот управувач за телевизор Samsung не е наменет само за тлевизорот. Можеш да го користиш за да ги контролираш клучните функции на Soundbar звучникот, како вклучување, јачина на звук и звучни ефекти.3
Samsung Audio Lab
Осмислено од експерти за иновации во звукотТестирано и приспособено во California Audio Lab, каде што најдобрите аудиоинженери ги применуваат најнапредните акустични технологии за избалансиран звук што ја исполнува просторијата.