Galaxy Buds3
SM-R530NZAAEUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Galaxy AI е тука за твоите целосно нови Galaxy Buds3. Откриј ги деталите во твоите омилени песни. Реконструиран со заоблен дизајн за да го доближи звукот до твоите уши. Почувствувај го ритамот со нов звучник од 11 мм за силен, динамичен звук. Слушај го посебниот тембр и јасност во секоја нота со 24-битен КОДЕК, што ти дава врвно искуство со Hi-Fi звук. Добро подеси ги деталите со подобрувањата на Galaxy AI за ANC и превод во реално време што ти даваат предност.
Не пропуштај ги најважните моменти
Современ дизајн во комбинација со совршен звук
Целосно припиени за сензационален звук
Преосмислен дизајн, дизајниран за неспоредлив звук. Почувствувај ја разликата со нашите сосема нови слушалки од отворен вид, што се компактни и аголни, па се вклопуваат за да го изолираат звукот.
Ергономски дизајнирани за лесно слушање
Нашиот нов аголен дизајн е прецизно изработен врз основа на 3D податоци за увото, собрани од алатка за компјутерско дизајнирање за да се провери способноста за носење. Направени се да го оптимизираат звукот и да го минимизираат притисокот во ушниот канал, така што се идеални за секој ден.
Направи малку, смени многу
Остави го телефонот в џеб и контролирај ги слушалките на практичен начин и со едноставни движења. Дури и при брзо лизгање, твоите Galaxy Buds3 несомнено ќе останат безбедно вметнати во ушите.
Нурни во длабочините на звукот
Внеси го ритамот
Опремен со нов звучник од 11 mm, со дијафрагма подобрена со засилувач од 1,5 х, постави го звукот и замени ја здодевноста со забава.
Hi-Fi звук што се истакнува
Зачувај го Ultra HD аудиото од студиото за снимање на твоите Galaxy Buds3. Кодекот Samsung Seamless компримира и кодира аудио до 24 bit/96 kHz. Потоа, го декодира Hi-Fi звукот на Galaxy Buds3, одржувајќи ги 24 bit/96 kHz за да можеш да ги слушнеш прецизните детали, што беше нашата цел.
Galaxy AI ја подобрува музиката за уживање на секој слушател
Истражи ја сопствената звукорама со Adaptive EQ/Adaptive ANC поддржани од Galaxy AI. Во зависност од формата на ушите и навиките на носење на поединци, нашиот алгоритам надграден со AI го анализира звукот што го детектираат внатрешниот и надворешниот микрофон во реално време. Потоа, Galaxy AI го оптимизира искуството со слушање така што го приспособува звукот на твоите потреби со извонредна прецизност.
ANC овозможува да слушаш јасно
Тргни ги на страна претпоставките во врска со поставките со ANC. Без разлика дали уживаш во најновите серии, телефонски разговараш со пријател или ја слушаш твојата плејлиста, слушај со соодветните поставки каде и да одиш.
Премини ги јазичните бариери за миг
Со Galaxy AI, почни да го разбираш светот како никогаш претходно. Гледај го преводот на екранот на Samsung Galaxy паметниот телефон и слушај го преводот на разговорот истовремено и во реално време преку твоите Galaxy Buds3. Откриј каков е светот кога не постојат јазични бариери.Штом се отвори апликацијата, функцијата Interpreter ќе стартува во режимот којшто бил користен претходниот пат.
За да го активираш режимот за слушање, треба само да ја „штипнеш“ слушалката два пати и да задржиш, а Galaxy Buds3 ќе продолжи да преведува додека говорникот зборува
За да го активираш режимот за разговор, приближи го микрофонот на телефонот до говорникот, кратко притисни ја Galaxy Buds3 и слушај како разговорот се преведува во реално време.
Супер чист повик, како да сте во близина
Барате непречени, сигурни, висококвалитетни повици? Galay Buds3 нуди високо подобрен квалитет на повици преку подобрено машинско учење и супер широкопојасна технологија. Детално обучениот модел за машинско учење го анализира амбиенталниот шум и гласовните шеми на корисникот. Потоа, селективно го отстранува непотребниот шум и го подобрува квалитетот на повикот, осигурувајќи дека вашиот глас се слуша — дури и во бучни средини. Подобрете ги вашите разговори со богата, реалистична јасност преку повици со супер широкопојасен опсег - двојно поголема гласовна пропусност од конвенционалните Bluetooth повици. ***
360 Audio TV те става во центарот на акцијата
360 Audio точно ја одредува насоката на звукот при движење на главата, обезбедувајќи звук кој овозможува поживописно искуството при гледањето и слушањето.
Промени го уредот без да пропуштиш нота со помош на PC Auto Switch
PC Auto Switch на Galaxy Buds3 детектира аудио активност и се поврзува со твоите омилени Samsung Galaxy уреди, за непречено да можеш да работиш и да играш.
Сподели го звукот со сите околу себе преку Auracast
Со помош на технологијата за емитување Auracast, сподели го своето аудио со неограничен број уреди. Лесно преобрази ги твоите Samsung TV, Samsung Galaxy паметен телефон или таблет во извор на радио за да започне вклучувањето на другите.
Само кажи ја командата и готово
Контролирај ги поставките за звук без да го допреш телефонот. Само изговори команда, како на пр. „next song“ или „volume up“ и дозволи им на Galaxy Buds3 да го сторат останатото.
Пронајди го твоето мирно аудио засолниште
Целосвесност се постигнува со секојдневно вежбање. Со притискање на едно копче, телепортирај се во твојот свет без грижи со Samsung Health поддржана од Calm. Намали го стресот со мирни мелодии од природата, подобри го фокусот со бел шум или опушти се со ASMR содржини за да бидеш посреќна и поздрава верзија од себе си.
Сѐ во хармонија
Постојано нека бидат вклучени музиката и аудиото, во секое време и каде и да одиш.
Твоите следни Buds те повикуваат
Спецификации
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.4
-
Сензори
Aкцелерометар, Гиро сензор, Hall Сензор, Сензор за притисок, Сензор за близина, Сензор на допир, VPU
-
Тежина на безжична слушалка (g)
4.7
-
Број на MIC
6
-
Звучник
Еднонасочен
-
Амбиентален звук
Не
-
Активно поништување на шум
Да
-
360 аудио
Да
-
Аudio Codec
AAC, SBC, SSC(Samsung Seamless Codec), SSC-UHQ
-
Адаптивен ЕQ
Да
-
Адаптивен ANC
Да
-
Супер широк опсег
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.4
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, HFP, PBP, TMAP
-
LE аудио
Да
-
Автоматско префрлување
Да
-
Aкцелерометар, Гиро сензор, Hall Сензор, Сензор за притисок, Сензор за близина, Сензор на допир, VPU
-
Димензии на безжична слушалка (ВxШxД, mm)
18.1 x 20.4 x 31.9
-
Тежина на безжична слушалка (g)
4.7
-
Димензии на обвивка (ВxШxД, mm)
48.7 x 58.9 x 24.4
-
Тежина на обвивка (g)
46.5
-
Трајност
IP57
-
Време за разговор (часови, вклучено ANC)
До 3.5
-
Вкупно време за разговор (часови, вклучено ANC)
До 18
-
Време на репродукција на музика (часови, вклучено ANC)
До 5
-
Вкупно време за репродукција на музика (часови, вклучено ANC)
До 24
-
Време за разговор (часови, исклучено ANC)
До 4
-
Вкупно време за разговор (часови, исклучено ANC)
До 20
-
Време на репродукција на музика (часови, исклучено ANC)
До 6
-
Вкупно време за репродукција на музика (часови, исклучено ANC)
До 30
-
Капацитет на батерија (безжична слушалка) (mAh, типично)
48.0
-
Капацитет на батерија (куќиште) (mAh, типично)
515
-
Samsung Find
Да
-
Bixby гласовно будење
Да
-
Потсетник за истегнување на вратот
Да
-
Гласовна команда
Да
-
Боја
Сребрена
Често поставувани прашања
- Како да ги замените врвовите за уво на Samsung Galaxy Buds3 Pro
- Како да користите Контрола со штипкање, Контрола на слушалките и да ги решите проблемите со Galaxy Buds3 и Buds3 Pro
- Зошто Galaxy Buds3/Buds3 Pro прават звук на чкрипење кога ги држите
- Како да ги спарите Galaxy Buds преку Bluetooth во Samsung One UI 8
- Како да ги носите и да ги користите Galaxy Buds3 и Buds3 Pro
Неодамна прегледано