NV3300A Рерна за рамномерно и ефективно печење со True Convection
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Уживај во поголем избор на вкусна храна
Готви порамномерно и пофлексибилно, а чисти со помалку мака. True Convection обезбедува постојана топлина во секој агол, така што сѐ е зготвено ефективно. Самочистечкиот систем* ја одржува рерната педантна и чиста. А можеш да готвиш повеќе или поголеми оброци благодарение на големата рерна од 68 L.
* Достапно само кај одредени модели. Вклучува пиролитичко чистење кај моделите NV68A1172xx и NV68A1170xx или, пак, каталитичко чистење кај моделите NV68A1145xx и NV68A1140xx.
Вистинско рамномерно и ефективно печење во рерна
True Convection
Готви ја храната порамномерно и ефективно со системот True Convection којшто е одличен за печење и пржење. Загреаниот вентилатор ја шири топлината низ целата рерна и одржува постојана температура насекаде. Така, оброците се соодветно зготвени, независно каде се поставени или колку се големи.
Останува извонредно чиста – без гребаници
Пиролитичко чистење
Одржувај ја внатрешноста на рерната уредна и чиста без да губиш време и напор за стружење или скапи средства за чистење. Системот за пиролитичко чистење* ја загрева внатрешноста за да ги согори сите маснотии и остатоци од готвењето. Целиот простор останува без дамка, а треба само да се избрише малата количина на пепел која останува од согорувањето.
* Достапно само кај модели NV68A1172xx и NV68A1170xx.
* Достапно само кај модели NV68A1172xx и NV68A1170xx.
Готви многу повеќе и многу поголеми оброци
Голем капацитет (68 L)
Прави многу повеќе и многу поголеми оброци со големиот капацитет на рерната од 68 литри. Ти дава дополнителна флексибилност за да вметнеш сѐ што ти треба за семејни оброци или забави. Можеш заедно да подготвуваш различна храна, како што се плехови со колачиња и лонци со турлитава или, пак, големи оброци, како на пример мисирка.
Заштита од налив на струја
Заштита од пренапон
Спречи твојата рерна да се уништи поради промена на струјниот напон. Заштитата од пренапон спречува електрично оштетување кое може да се предизвика поради нестабилен напон. Чувствува кога напонот ќе стане превисок и или ќе ја стабилизира струјата или ќе го намали напојувањето со струја, заштитувајќи ја рерната.
Неверојатно лесно ставање и вадење садови
Телескопска решетка
Ставањето и вадењето на садови во рерната е многу полесно. Телескопската решетка* се лизга глатко речиси без никаков напор, дури и ако користиш големи или тешки садови. Создава многу помалку триење, така што многу полесно се оставаат и вадат работи од неа. И можеш да ја долеваш, превртуваш или зачинуваш храната без да извалкаш.
* Достапно само кај одредени модели.
Спецификации
-
Конвекција
1800 W
-
Надворешни димензии (ШxВxД)
595 x 595 x 570 mm
-
Тежина (нето)
35.3 kg
-
Класа на енергетска ефикасност
A
-
Тип на рерна
Еден вентилатор
-
Боја на рерна
Нерѓосувачки челик
-
Начин на отворање врата
Drop Down
-
Стакло на вратата
Triple
-
Меко затворање на вратата
Не
-
Тип на екран
LED / ледено сина
-
Материјал на внатрешноста
Керамички емајл
-
Начин на управување
Pop-Up Dial
-
Горна Скара (Внатре/Надвор)
1700 W
-
Долен Gril
1100 W
-
Индивидуален режим (горен грејач + конвекција)
Да
-
Индивидуален режим (Голема скара)
Да
-
Индивидуален режим (Eco Gril)
Не
-
Индивидуален режим (Долен + Конвекција)
Да
-
Конвекција
1800 W
-
Метод на чистење
Пиролитичко
-
Чистење на пареа
Да
-
Поврзување со Wi-Fi мрежа
Не
-
Автоматски програми
20ea
-
Тајмер за готвење
Да
-
Заклучување за деца
Да
-
Тајмер за крај на готвењето
Не
-
Часовник
Да
-
Внатрешно светло
25W(халоген)
-
Внатрешно светло (Позиција)
Задно
-
Светло вклучено/ исклучено
Да
-
Опција за промена на јазикот
Не
-
Usable Volume (Whole)
68 L
-
Вграден (ШxВxД)
560 x 578 x 549 mm
-
Надворешни димензии (ШxВxД)
595 x 595 x 570 mm
-
Пакување (ШxВxД)
694 x 660 x 660 mm
-
Количина на полнења
72/162
-
Тежина (нето)
35.3 kg
-
Тежина (Бруто)
38.7 kg
-
Сад за печење
1ea
-
Жица за печење
1ea
-
Telescopic Rail
Не
-
Извор на енергија
230-240 V ~ 50 Hz
-
Излезна моќност
3600 W(230 V)-3900 W(240 V)
-
Класа на енергетска ефикасност
A
-
Температурен опсег (Single)
30~250 (Grill 100~250)
-
WiFi Embedded
Не
-
SmartThings App Support
Не
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Решенија и совети
Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.