Многу повеќе од обичен телевизор
Можност да се изразиш себеси. Во твојот простор, на твој уникатен начин.
Види ги нашите Lifestyle телевизори во употреба
Кој Lifestyle телевизор е вистинскиот за тебе?
-
Уникатност
-
Големина на екран
-
Боја
-
Квалитет на сликата
* За повеќе информации, провери ја страницата со детали за секој производ.
The Frame Pro
Твојата уметничка галерија на телевизор
Врвот на уметничките телевизори, The Frame Pro, е закачен на ѕид како вистинска врамена слика, благодарение на безжичното поврзување. Освен тоа, има извонреден Neo QLED екран за реалистично гледање.
The Frame
Твојата уметничка галерија на телевизор
The Frame, којшто е осмислен како тенка рамка за слика, е уметнички телевизор што прекрасно ги прикажува уметничките дела. Можеш да пристапиш до разновиден избор од светски познати уметнички дела на Art Store.
The Serif
Безусловно прекрасен
Со препознатливиот „I“ профил, The Serif изгледа одлично под секој агол, па затоа ќе изгледа совршено каде било во домот – со или без држач. Благодарение на технологијата QLED и технологијата на мат екран, може да ги гледаш омилените содржини во 4K резолуција со драстично намален отсјај.
The Terrace
Neo QLED искуство на отворено, и во најсончевите денови
The Terrace ја носи забавата надвор. Уживај во телевизија и надвор, со технологијата на слика Neo QLED и пристап до разни содржини со вграден паметен телевизор.
The Sero
Мобилна забава, уште подобра на телевизор
The Sero ротира од режим на пејзаж во портрет и е совршен за гледање на содржините од мобилниот телефон на големиот екран. Гледај ги содржините од мобилниот телефон во технологија QLED и на мат екран кои драстично го намалуваат отсјајот и уживај.
Опреми ги своите Lifestyle телевизори.
Разгледај ја дополнителната опрема што одговара на твојот телевизор и оптимизирај го гледањето.
* Телевизорот и дополнителната опрема се продаваат одделно.