Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Уметничка галерија на телевизор
Клучни карактеристики
Дизајн
Дизајниран да изгледа како тенка рамка на слика
Модерен дизајн на рамкаЕлегантно минималистички и модерен, дизајнот на The Frame е ремек-дело сам по себе и совршено се вклопува во твојот дом.
Совршено порамнување со ѕидот
Тенок дизајн/Тенок ѕиден носач
Со својот тенок профил, The Frame може да се закачи и да биде речиси залепен до ѕидот како вистинска слика.1
Се приспособува благодарение на приспособливите рамки
Приспособлива рамкаСтилизирај го The Frame по твој вкус со приспособливите рамки. Најди ја бојата што најмногу ти одговара на просторот или на уметничките слики што се изложени. Потоа, монтирај ги лесно со вметнување на елегантната магнетна рамка на страните на телевизорот.2
Најди ја совршената висина за твојот простор
Држач со приспособлива висинаThe Frame може лесно да се приспособи да се вклопи во просторот дома. Со приспособливиот држач, можеш да го поставиш телевизорот на посакуваната висина и да направиш место за soundbar-звучник и за други уреди.3
Уметност
Вклучен,телевизор. Исклучен,уметност.
Уметнички режим со повеќе од 370 бесплатни дела секоја годинаКога е исклучен, The Frame се претвора во уметничко дело. Најди го вистинското дело за приказ од големиот избор на уметнички дела од реномираните галерии на Samsung Art Store, вклучувајќи повеќе од 370 бесплатни дела што се достапни секоја година.4
Пристапи до повеќе од 370 бесплатни уметнички дела годишно
Art Store Streams
Откриј нови омилени дела и изложи ги бесплатно. Со Art Store Streams, добиваш внимателно избрана колекција од 30 уметнички дела од познати уметници и институти секој месец. Селекцијата постојано се ажурира врз основа на одредена тема, па така е полесно од кога било досега да го истражуваш светот на уметноста.5
Таму каде што започнува твојата уметничка приказна
Art Home
Откриј нови димензии на креативноста, на лесен и практичен начин. Нурни во внимателно одбрани уметнички колекции што редовно се ажурираат за постојано да откриваш нови дела. Art Home не е само галерија — тоа е твојата лична порта кон свет полн со креативност и инспирација.6
Врами ги најсаканите моменти
Моја фотографија7
Лесно можеш да поставуваш и изложуваш сопствени фотографии или нов семеен портрет од Google Photos дома, на телевизорот и Smart Display. Едноставно, испрати ги фотографиите до The Frame преку SmartThings за лесно прикажување.
Лесно можеш да поставуваш и изложуваш сопствени фотографии или нов семеен портрет. Едноставно, испрати ги фотографиите од телефонот или од апликациите за складирање на облак, како iCloud Photos, до The Frame преку SmartThings за лесно прикажување.
Квалитет на сликата
Неверојатен приказ на уметност и забава
Уметнички квалитет на сликата со QLEDГледај телевизија со голем квалитет на слика на QLED. Со помош на софистицираната технологија на екран на Samsung, The Frame произведува живописна слика со голем избор на бои и високи нивоа на осветленост.
Samsung Vision AI
Samsung Vision AI се спојува со The Frame
Samsung Vision AIУживај во новите функции со Samsung Vision AI, сега на The Frame. Овој напреден интелигентен систем му овозможува на телевизорот подобро да ги препознае твоите потреби и да се приспособи на нив, нудејќи нови можности за забава.