Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Твојата уметничка галерија на телевизор
Брз преглед на клучни карактеристики
Дизајн
Дизајниран да се вклопи беспрекорно како вистинска рамка за слика
Модерен дизајн на рамка со безжичниот One ConnectСо елегантниот минималистички дизајн, The Frame Pro е ремек-дело самиот по себе. Исто така, се поврзува безжично со други уреди, така што може да го приспособиш поставувањето и да ја преуредиш просторијата како што сакаш.
Преуреди го просторот со повеќе слобода
Безжичен One Connect
Поедностави го дизајнот на ентериерот со повеќенасочно безжично решение. Вклучи ги уредите во безжичниот One Connect, што може непречено да пренесува сигнали до The Frame Pro од која било насока — дури и кога се поставени на 10 метри оддалеченост од телевизорот.1
Совршено порамнување со ѕидот
Тенок дизајн/Тенок ѕиден носач
Со својот тенок профил, The Frame Pro може да се закачи и да биде речиси залепен до ѕидот како вистинска слика.2
Лесно приспособување со приспособливите рамки
Приспособлива рамкаСтилизирај го The Frame Pro по твој вкус со приспособливите рамки. Најди ја бојата што најмногу ти одговара на просторот или на уметничките слики што се изложени. Mонтирај ги лесно со вметнување на елегантната магнетна рамка на страните на телевизорот.3
Најди ја совршената висина за твојот простор
Држач со приспособлива висина
The Frame Pro може лесно да се приспособи да се вклопи во просторот дома. Со приспособливиот држач, можеш да го поставиш телевизорот на посакуваната висина и да направиш место за Soundbar-звучник и за други уреди по потреба.4
Уметност
ТВ кога е вклучен. Уметност кога е исклучен.
Уметнички режим со повеќе од 370 бесплатни дела секоја годинаКога е исклучен, The Frame Pro се претвора во уметничко дело наместо во црн екран. Најди го вистинското дело за приказ од големиот избор на уметнички дела од реномираните галерии на Samsung Art Store, вклучувајќи повеќе од 370 бесплатни дела што се достапни секоја година.5
Пристапи до повеќе од 370 бесплатни уметнички дела годишно
Art Store Streams
Откриј нови омилени дела и изложи ги бесплатно. Со Art Store Streams, добиваш внимателно избрана колекција од 30 уметнички дела од познати уметници и институти секој месец. Селекцијата постојано се ажурира врз основа на одредена тема, па така е полесно од кога било досега да го истражуваш светот на уметноста.6
Таму каде што започнува твојата уметничка приказна
Art Home
Откриј нови димензии на креативноста, на лесен и практичен начин. Нурни во внимателно одбрани уметнички колекции што редовно се ажурираат за постојано да откриваш нови дела. Art Home не е само галерија — тоа е твојата лична порта кон свет полн со креативност и инспирација.7
Врами ги најсаканите моменти
Моја фотографија8
Лесно можеш да поставуваш и изложуваш сопствени фотографии или нов семеен портрет од Google Photos дома, на телевизорот и Smart Display. Едноставно, испрати ги фотографиите до The Frame Pro преку SmartThings за лесно прикажување.
Лесно можеш да поставуваш и изложуваш сопствени фотографии или нов семеен портрет. Едноставно, испрати ги фотографиите од телефонот или од апликациите за складирање на облак, како iCloud Photos, до The Frame Pro преку SmartThings за лесно прикажување.
Квалитет на сликата
Подигни го гледањето телевизија на ново ниво со извонредна слика
Уметнички квалитет на сликата со Neo QLEDНурни во супериорниот квалитет на сликата со Neo QLED додека гледаш телевизија. Quantum Mini LED во комбинација со вистинска Quantum Dot технологија ја оживува секоја слика на екранот со извонредни бои, неверојатна длабочина и ултрапрецизен контраст.
Samsung Vision AI
Samsung Vision AI се спојува со The Frame Pro
Samsung Vision AIУживај во новите функции со Samsung Vision AI, сега на The Frame Pro. Овој напреден интелигентен систем му овозможува на телевизорот подобро да ги препознае твоите потреби и да се приспособи на нив, нудејќи нови можности за забава.