Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you
Локални вести

Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба

20/08/2020

Скопје, 20. август 2020. година – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го најави почетокот на официјалната продажба на двата нови флегшип телефони од Galaxy Note20 серијата на домашниот пазар. Продажбата почнува утре, 21. август, по препорачаните малопродажни цени од 56.999 МКД за Galaxy Note20 и од 71.999 МКД за Galaxy Note20 Ultra. Galaxy Note20 Ultra ќе биде достапен во мистично бронзена, црна и бела, додека Note20 моделот ќе биде достапен во мистично бронзена, зелена и сива боја.

 

Покрај новата Galaxy Note20 серија, утре почнува продажбата на новиот Samsung Galaxy Tab S7 и S7+ таблет, како и иновативните Galaxy Buds Live безжични слушалки, кои што одлично се дополнуваат со новата Note серија на паметни телефони.

 

 

 

Galaxy Note серијата отсекогаш била симбол на врвни перформанси, продуктивност и забава, додека новата серија е најмоќна досега. Овие уреди ги имаат сите карактеристики на компјутер и им овозможуваат на корисниците да уживаат во креирањето на фотографии и видео содржини, но и во гејмингот, како вистински професионалци.  

 

 

 

„Од настанувањето на серијата, Galaxy Note паметните телефони претставуваат моќен спој на врвни перформанси и елегантен дизајн. Galaxy Note20 и Note20 Ultra носат опции, кои ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите корисници“, изјави Милан Вујовиќ, директор на одделот за рекламирање и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.

 

Традиционалното S Pen пенкало доаѓа со унапредени перформанси, со Samsung Notes која автоматски ги конвертира рачно напишаните белешки на корисникот во дигитален документ во различни формати, како што се Word или PDF. Едноставноста на поврзувањето на Note20 серијата со други уреди, им овозможува на корисниците со леснотија да ги преправаат своите белешки или да ги споделуваат на своите таблети и компјутери.

 

 

 

Она што за современите корисници е една од најважните карактеристики на еден паметен телефон е квалитетната камера, која сега доаѓа со 8K резолуција, идеална за создавање на врвни снимки, од професионален ранг. Камерата на Galaxy Note20 Ultra моделот со широко-аголен објектив од 108 мегапиксели, ги бележи и најситните детали, така што фотографиите и видео снимките изгледаат токму како што ги гледа човечкото око. Посебна погодност е Pro Video режимот со опциите за професионален фокус и зумирање во Full HD резолуција.

 

 

 

И на полето на забавата Note20 серијата носи нови изненадувања. Благодарение на партнерството со компанијата Microsoft, на корисниците ќе им биде овозможено играње на омилените игри од компјутерот во веродостојна резолуција.

 

 

 

Повеќе информации за Samsung Galaxy Note20 и Note20 Ultra паметните телефони пронајдете на: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-note20/buy/

Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба
Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба