Истечен

Промоција на кујнски уреди: Пролетни специјалитети од кујната на Samsung!

За најубавиот дел од годината подготвивме специјална пролетна понуда и подарок! Купете еден или повеќе вградени кујнски уреди со минимална вредност од MKD 31,000 и добивате подарок WMF сет садови со вредност од MKD 7,500!*




*Приближна малопродажна вредност

Важи од 27/03/2020 до 26/04/2020

Дали и на Вас пролетта Ви е најубавиот дел од годината? На нас ни е омилен, и затоа сакаме со модерните Samsung вградени кујнски уреди Вашиот живот да го направиме поубав и поедноставен, а готвењето и подготовката на храната да ги претвориме во уживање за целото семејство.



Новата генерација Samsung вградени кујнски уреди со својот дизајн и стил се вклопува во модерниот стил на секоја кујна. Во исто време, новите технологии го одразуваат иновативниот дух на Samsung и ориентацијата кон создавање на напредни решенија во уредите кои животот и престојот во кујната ги прават полесни и попријатни.


За да ги дочекате спремни подготoвката на разните пролеттни специјалитети на поголемите оброци за најмилите, на располагање Ви се Samsung вградените рерни со Dual Cook Flex технологија!



Напреднатa Dual Cook Flex технологија содржи две нивоа на печење во рерната и флексибилна врата, што носи нова димензија на флексибилно готвење во Вашиот живот. Двете нивоа на печење можете да ги употребите независно со различно ниво на температури и со времески прилагодувања, но ако сакате, исто така, можете целата рерна да ја употребите како целина за подготовка на поголемо количество на храна.



Дополнителна поволност во текот на подготовката на храната носат и Samsung вградените плочи со Virtual Flame технологија, кои овозможуваат полесна и интуитивна контрола на пламенот и на температурата на готвење.



Virtual Flame Teхнологијата обезбедува едноставна визуелна контрола на пламенот, затоа што поседува LED диоди кои светат како вистински гасен пламен и така јасно го означуваат нивото на топлина за интуитивно готвење.



Кога ќе завршат готвењето и уживањето крај масата, на сцена стапува револуционерната WaterWall технологија достапна во Samsung вградените машини за садови. WaterWall технологијата го чисти секој агол на секој сад, не трошејќи време ниту пак вода на предплавење. Револуционерниот ефект на чистење се создава со помош на бришечкиот ѕид од вода под висок притисок кој ги покрива тешко достапните места во долната решетка, таму каде често ги ставате највалканите садови.



За да го комплетираме Вашето врвно доживување при подготовката на храна, со промоцијата на Samsung вградените кујнки уреди, Ве очекува и подарок во форма на луксузен и високо квалитетен WMF сет садови – за уште подобро готвење и за зголемено уживање крај пролетната трпеза!


За да остварите право на подарок, регистрирајте го Вашето купување и испраќање на следните податоци на е-поштата ce.promotion@samsung.com и тоа во рок од 30 дена од датумот на издавање на сметката: име, презиме, е-пошта, домашна адреса (поради испорака на подарокот ), приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот .



Промоцијата трае од 27 март дo 26 април 2020.



Условите на промоцијата можете да ги најдете тука.

Пролетни специјалитети од кујната на Samsung!

За трпеза полна со вкусна храна

Вградена рерна со флексибилни врати (NV7000N)

Благодарение на Dual Cook Flex технологијата ќе уживате во комплетната флексибилност на подготовка на повеќе различни јадења во една рерна, одеднаш! Со користење на вратата која се отвора на два начини, можете истовремено да подготвите посебни јадења во горната и во долната зона, со одделни прилагодувања на температурата. Големиот капацитет на рерната од 75 l oвозможува во исто време да можете да подготвувате повеќе јадења за забава или да испечете големо парче месо за пролетната семејна средба.

Гответе повеќе одеднаш!

Вградена паметна плоча со Virtual Flame технологија (NZ6000K)

Со полесна и поинтуитивна контрола на пламенот и температурата со Virtual Flame технологијата, на плочата достапен е Flex Zone Plus распоред на просторот со кој можете лесно да готвите поголемо количество на храна или повеќе различни јадења. Овој исклучително широк простор може да прими садови со различни големини, а можете да ги одредите нивниот број, големина и форма. Затоа сè се готви рамномерно со минимална потрошувачка на енергија и без непокриени зони.

Револуционерно перење!

Вградена машина за садови со WaterWall технологија

Со револуционерната WaterWall технологија и чистењето со создавање на бришечки ѕид од вода, достапен е и Zone Booster со најширока зона на чистење, кој делотворно ги отстранува и остатоците од храна кои се тешки за отстранување и залепени за садовите, само со едно перење. За дополнително уживање во блескаво чистите садови, на располагање Ви е и функцијата автоматско сушење која на крајот на циклусот на миење ја отвора вратата, со што обезбедува излез на пареата и подобор резултат при сушење на садовите.