Доколку често посакувате екранот на вашиот телефон да биде голем колку и телевизор, тогаш ова е вистинската понуда за вас. За сите оние кои ќе одлучат од 10 февруари до 21 март да го дополнат својот дом со неверојатниот телевизор The Sero, на подарок ќе го добијат единствениот Galaxy A31 телефон.
The Sero е телевизор кој целосно се приспособува на вашата содржина. Се движи така што се приспособува на видот содржина што го гледате, хоризонтално за гледање телевизиска содржина и филмови, или вертикално кога се во прашање мобилни содржини и апликации. The Sero секогаш ви го дава вистинскиот агол на гледање, ротирајќи се нагоре за мобилни содржини и апликации, или хоризонтално за филмови и телевизија во живо. The Sero ја прикажува содржината во оптимална големина за гледање, така што може да уживате во секој вид содржина на голем екран.
Потребен е само еден допир за содржината од мобилниот да се пренесе на The Sero телевизорот. Ако слушате музика или гледате видео во живо на телефон, Tap View за секунда ќе го пушти сето тоа на The Sero TV.
Овој телевизор ќе биде најдобар пријател на вашиот мобилен телефон, а за доживувањето со него да биде целосно, за секое купување до 21 март 2021 година подаруваме токму мобилен телефон: Galaxy A31
Овој телефон носи феноменална четирикратна камера за повеќе детали на фотографиите, која фаќа повеќе отколку што може да видите со голо око. За восхитувачки дневен изглед, предната камера од 20 MP на телефонот Galaxy A31 ви дава јасни фотографии со висока резолуција. Galaxy A31 брзо ги обработува податоците и има голема меморија, така што може да се фокусирате на сегашниот момент.
Напредниот осмојадрен процесор и 4/6 GB RAM меморија д аваат врвни перформанси. Преземајте повеќе и бришете помалку со 64 GB или 128 GB внатрешна меморија, или пак додајте 512 GB меморија со microSD картичка. И на крај, овој телефон има сјаен екран како создаден за доживување како на кино. Нурнете во импозантниот Infinity-U екран од 6,4 инчи. Широкиот размер на слика го исполнува вашиот екран со содржина од еден агол до друг. Гледајте ги омилените видеоматеријали, игри и преноси во живо на овој сјаен FHD+ Super AMOLED екран.
Промоцијата трае од 10.2. до 21.3.2021 или до истекување на залихите. За да остварите право на подарок потребно е да го регистрирате вашето купување на ce.promotion@samsung.com, а условите на промоцијата може да ги најдете овде!
Два феноменални екрани, една неверојатна понуда!
The Sero TV
Телевизор кој се приспособува на вашата содржина
Зошто да се лишите од најдоброто искуство на гледање? Sero се врти за да се приспособи на вашата содржина, хоризонтално за гледање телевизиска содржина и филмови или вертикално кога се во прашање мобилни содржини и апликации.
Galaxy A31
Феноменален екран како создаден за кино
Широкиот размер на слика го исполнува вашиот екран со содржина од еден агол до друг. Гледајте ги омилените видеоматеријали, игри и преноси во живо на сликовитиот FHD+ Super AMOLED екран. Со голема батерија од 5.000 mAh во куќиштето со дебелина од 8,6 mm, Galaxy A31 совршено се вклопува во вашата рака.