ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ НОВ AI ТЕЛЕФОН

ДИЗАЈН

Осмислен да дефинира нови стандарди

Се гледа како Galaxy S26+ се појавува од странична перспектива за да се покаже тенкиот профил. Потоа, S26 се појавува покрај првиот уред. Двата уреда се вртат заедно додека не се прикаже Galaxy S26 од главниот екран, а Galaxy S26+ од задната страна.

Запознај ги Galaxy S26 и S26+, нашите моќни AI телефони, обединети со единствен радиус на аглите што го има на сите модели и којшто совршено се вклопува во сечија рака.

Види ги деталите одблиску

Само на Samsung.com

    Претходно поставен агол

  • Префинет дизајн

    Новиот амбиентален дизајн на островчето со камери ги обединува објективите во еден елегантен елемент за попрефинет изглед.

    Крупен кадар од Galaxy S26+ во виолетова боја гледан од задната страна го истакнува новиот дизајн на камерите.
  • Издржливост

    Зајакнат со Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, и осмислен да биде водоотпорен, овој Galaxy уред е дизајниран да биде издржлив.,,

    Galaxy S26+ во виолетова боја е прикажан од задната страна и под благ агол, а на уредот има капки вода.
  • Тенок дизајн

    Тенкиот дизајн овозможува префинета удобност и врвна леснотија.

    Galaxy S26+ во виолетова боја е покажан од страна за да се прикаже тенкиот профил.
  • Споредба на големина

    Зграпчи го екранот од 6,3 инчи или прошири си ја глетката уште повеќе со екранот од 6,7 инчи.

    Galaxy S26 и S26+ поставени еден до друг, при што се гледа главниот екран за да се покаже разликата во големината.

    Погледни колку се тенки и лески Galaxy S26 | S26+

    • Galaxy S26
      • 7,2 mm Дебелина
      • 167 g Тежина
    • Galaxy S26+
      • 7,3 mm Дебелина
      • 190 g Тежина
    • Споредба
      • 0,3 mm Потенок
      • 5 g Полесен
      • 0,3 mm Потенок
      • 23 g Потежок
      • 0,3 mm Потенок
      • 5 g Полесен
      • 0,3 mm Потенок
      • 22 g Потежок
      • 0,4 mm Потенок
      • 6 g Полесен
      • 0,3 mm Потенок
      • 23 g Потежок
    • Спореди со

      • 7,6 mm Дебелина
      • 195 g Тежина
      • 7,6 mm Дебелина
      • 167 g Тежина
      • 7,6 mm Дебелина
      • 195 g Тежина
      • 7,6 mm Дебелина
      • 168 g Тежина
      • 7,7 mm Дебелина
      • 196 g Тежина
      • 7,6 mm Дебелина
      • 167 g Тежина

    *Споредено само со Galaxy S26+.

    ПЕРФОРМАНСИ

    Нашиот моќен процесор, изработен по мерка за Galaxy

    Се гледа како на екранот се појавува приспособениот чип на Galaxy S26+ со NPU, GPU, CPU и Customized Image Enhancer. Додека паѓа, светлина се шири низ чипбордот. Потоа, се појавува главниот екран на Galaxy S26+. Оригиналниот чип се трансформира во зборот „AI“.

    Од култни авантури до мултиплеер игри во реално време, приспособениот процесор нуди молскавична брзина и придвижува приспособен подобрувач на слика што овозможува содржината да изгледа јасно и живописно. А со засилување од 38 % на напредниот NPU и понепречени визуелни прикази за 23 %, секогаш си чекор пред играта.

    • NPU 38 % побрзи перформанси на AI
    • GPU 23 % подобрени графички перформанси
    • CPU 7 % побрзо процесирање

    од Galaxy S25+

    Збогати си го гледањето

    Искуси го целиот спектар. Подобреното прикажување на бои и светлина со нашата напредна технологија mobile Digital Natural Image engine (mDNIe) овозможува 4 пати попрецизна обработка за побогати тонови. Резултатот е значително подобрување на графичките перформанси. ProScaler, благодарение на AI унапредувањата во обработката, ѝ го дава на секоја слика впечатокот што го заслужува – со реалистични детали за целосно неверојатно искуство.,

    Споредба пред и потоа што ги покажува ефектите од ProScaler. Подобрена е и бојата со помош на технологијата mDNIe.

    Играј подолго. Остани ладен

    Покажана е нова Vapor Chamber во хоризонтална положба. Galaxy S26+ се појавува одоздола, и се гледа како Vapor Chamber поефикасно ја намалува топлината. Следно, ја снемува во уредот, а потоа се репродуцира видео на екранот.

    Остани ладен кога акцијата ќе се вжешти. Редизајнираната Vapor Chamber и специјално приспособениот термички материјал за интерфејсот (TIM) го поддржуваат процесорот со високи перформанси за време на интензивни сесии. Со поефикасно распоредување на топлината, тие овозможуваат до 29 % подобрено одведување на топлината за постудена и постабилна работа. Со дополнителна поддршка од следењето зраци и оптимизацијата Vulkan, твојот уред одржува врвни перформанси кога со часови гледаш видеа, обезбедувајќи непречени визуелни прикази и молскавично брзо рендерирање, без напор.,,

    Брзо наполни ја батеријата

    Денот ти тече непречено. Брзото жичено полнење ја полни батеријата за миг – ја полни до 69 % за приближно 30 минути – и те одржува во твојот ритам.,

    До 69 % полнење за приближно 30 минути

    Види колку долго трае батеријата на Galaxy S26 | S26+

    • Galaxy S26
      • 30 час репродукција на видеа,
      • До 55 % полнење за приближно 30 минути
    • Galaxy S26+
      • 31 часа репродукција на видеа,
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути
    • Споредба
      • 9 часа подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 12 часа подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 4 часа подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 9 часа подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 0 час подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 2 часа подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
    • Спореди со

      • 22 часа време на репродукција на видео
      • не е обезбедено
      • 19 часа време на репродукција на видео
      • не е обезбедено
      • 27 часа време на репродукција на видео
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути
      • 22 часа време на репродукција на видео
      • До 55 % полнење за приближно 30 минути
      • 31 часа време на репродукција на видео
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути
      • 29 часа време на репродукција на видео
      • До 55 % полнење за приближно 30 минути

    *Споредено само со Galaxy S26+.

    Меморија за секојдневните моменти

    Galaxy S26 и S26+ доаѓаат со меморија од 12 GB и со двете опции за простор за складирање: 256 GB или 512 GB за да можеш да го избереш капацитетот што одговара на начинот на кој го користиш твојот паметен телефон. Избери 256 GB за да ги чуваш омилените фотографии и основните апликации за секојдневна употреба. Или надгради се на 512 GB ако сакаш гејминг, често снимаш фотографии со висока резолуција или преземаш поголеми апликации без да го забавиш твојот телефон.

    Galaxy S26+ е прикажан од главниот екран. Апликацијата Gallery е отворена и ги прикажува зачуваните фотографии. Се гледаат и други апликации за да се прикаже дека на уредот можеш да чуваш разни видови содржини.

    КАМЕРА

    Јасно и светло, дури и ноќе

    Се снима сценско видео при слабо осветлување. Деталите во позадината се јасни и впечатливи благодарение на Nightography.

    Од градски светла до светлина од свеќи, Nightography им овозможува на ноќите да заблескаат, за да ги доловиш специјалните моменти појасно. Системот на камери од следната генерација опфаќа поширок динамички опсег, обезбедувајќи сенките и светлите делови да останат јасни и живописни. Напредниот AP потоа овозможува намалување на шумот врз основа на индивидуалните обрасци, специфични за секој тип сензор – за видеозаписи што изгледаат природно и филмски, дури и при слабо осветлување.,

    Провери ги спецификациите на нашиот моќен систем на камери

    Со моќта на ProVisual Engine, напредната камера од 50 MP го подигнува секое снимање на ново ниво, откривајќи ги деталите подобро, доловувајќи поживи бои и јасност што ја следат твојата имагинација.,

    Крупен кадар на задната камера на Galaxy S26+. Се појавуваат сите објективи, а потоа друг уред се движи покрај објективот и се гледа од главниот екран.

    Задна камера
    • 12 MP F2.2 Ултраширока
    • 50 MP F1.8 Широкоаголна 2x зум со оптички квалитет
    • 10 MP F2.4 Телефото камера 3x оптички зум
    Селфи камера
    • 12 MP F2.2 Селфи камера

    Супер стабилно видео. Дури и во движење

    Новата карактеристика за хоризонтално заклучување на опцијата Super Steady ги комбинира проширените оптички агли со жироскоп и сензори за забрзување за да го препознае правецот на гравитацијата и да ги одржува твоите снимки избалансирани, дури и ако ротираш целосно за 360°. Без разлика дали се движиш по карпести патеки или сакаш да срушиш нов рекорд во трчање, секогаш добиваш поглатки видеа без тресење.

    Се снима видео со уред од Galaxy S26 серијата. Во опцијата Super Steady, корисникот ја притиска иконата за хоризонтално заклучување, а потоа започнува со снимање. Потоа, уредот се гледа одзади додека го држи некој што трча. На екранот се гледа како корисникот снима милениче кое трча. Дури и додека и двајцата се движат, видеото останува избалансирано.

    Блиску. Поблиску. Уау
    Снимка со 0,6х зум го прикажува пејзажот во целост. Дури и кога е зумирана, деталите остануваат јасни и живописни. Снимка со 1х зум го прикажува пејзажот во целост. Дури и кога е зумирана, деталите остануваат јасни и живописни. Снимка со 2х зум го прикажува пејзажот во целост. Дури и кога е зумирана, деталите остануваат јасни и живописни. Снимка со 3х зум го прикажува пејзажот во целост. Дури и кога е зумирана, деталите остануваат јасни и живописни.

    Секое селфи нека биде најдоброто досега

    Предните камери на Galaxy S26 и S26+ сега имаат AI image signal processor (ISP) за поприродни селфи фотки со светли и темни делови точно таму каде што треба – исто како твојата природна боја на кожа и други детали како косата и веѓите, токму онака како што ги гледаат твоите очи.

    Селфи од некое лице. AI обезбедува дека сенките и истакнатите делови се точни и природни.

    Galaxy AI

    GALAXY AI

    Помош за фотографирање

    Уредувања на студиско ниво. Вградено

    Прикажана е фотографија од куче. Во Помош за фотографирање, корисникот може да опише што треба да се промени, внесувајќи текстуално барање. Откако ќе впише „Направи го ова негова роденденска забава“, се притиска на копчето „Генерирај“. Galaxy AI ја трансформира фотографијата додавајќи разни додатоци со роденденска тематика на и околу кучето.

    Брзо и лесно уредувај фотографии со само неколку зборови и AI. Додавај предмети, како додатоци на фотографиите од твојот миленик, едноставно опишувајќи ги измените што сакаш да ги направиш, а Galaxy AI ќе ја оствари твојата визија за само неколку минути.

    Од фотографии до налепници со само еден допир

    Отвори фо Creative Studio и откриј посебен простор за креирање комплети налепници. Комбинирај цртежи или фотографии со текст, точно онака како што ги замислуваш. Со едноставен опис со текст или груба скица, Galaxy AI ги создава твоите креации. Потоа, додај го комплетот во твојата тастатура или сподели го со пријателите.

    Фотографија од куче со очила за сонце е искористена за создавање комплет налепници со разни емоции во Creative Studio.

    Bixby.

    Паметна помош што е секогаш достапна

    Итно ти треба помош? Прашај го Bixby. Тој е твојот личен контролор на уредот, сега со можност да ти понуди водич кој ќе ти помогне да научиш како да ги користиш функциите и да ги приспособуваш поставките за поголема практичност. Ако ти требаат брзи одговори, дури може и да пребарува на интернет, како одговор на твоите природни, разговорни прашања.

    Bixby ти помага да ги менуваш поставките на уредот брзо и лесно. Корисникот му кажува на Bixby дека очите му се заморени и прашува дали може да го направи екранот помалку заморен. Bixby го известува корисникот дека е вклучена карактеристиката Eye comfort shield (Заштита за очите).

    Приватност по стандард. Заштитено од Knox

    Посветени сме на заштита на информациите, а истовремено нудиме транспарентност за тоа како ги користиме и споделуваме.

    • Заштита на
      самиот уред

      Нашиот Personal Data Engine безбедно ги собира и обработува твоите лични податоци. Потоа, ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со KEEP и Knox Vault и со тоа го отежнува пристапот за други лица.,

    • Приспособени
      контроли

      Преземи контрола врз твоите Galaxy AI. Ти одлучуваш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.

    • Поврзана безбедност

      Технологијата Knox Matrix Trust Chain овозможува безбедност низ поврзаните уреди Galaxy, така што сега може да ја надгледуваш безбедноста и на другите уреди директно од Galaxy паметниот телефон.

    ONE UI 8.5

    Твој Galaxy. На твој начин

    Galaxy S26+ е прикажан од главниот екран. Уредот е опкружен со разни активни карактеристики персонализирани според потребите и навиките на корисникот. Овде се вклучени и Creative Studio, Помош за фотографирање и други.

    Создаден за да се приспособи на тебе, One UI 8.5 го персонализира твојот Galaxy според тоа како го користиш секојдневно. Дизајнирани да бидат едноставни и интуитивни, контекстуалните потсетници од Now Brief и интелигентните предлози од целосно новите Now Nudge и AI Select ги олеснуваат секојдневните задачи со само еден допир.,,

    ЗОШТО ДА СЕ ПРЕФРЛИШ НА GALAXY

    Префрлањето е поедноставено

    Замисли каде сѐ можат да те однесат нашите моќни уреди. Префрли се на Galaxy и откриј свет во кој сите твои уреди работат заедно и непречено, а контролата е во твои раце.

    Дознај повеќе
    Galaxy S26+ е прикажан со главниот екран нагоре, а над Home екранот лебдат разни апликации кои лесно можеш да ги префрлиш од претходниот уред.
    • Smart Switch

      Со Smart Switch, можеш да пренесеш фотографии, видеа, контакти, забелешки, настани од календар, други апликации и дури и поставки на уредот, и тоа многу лесно и од iOS.,, Дознај повеќе

    • Quick Share

      Користи ја функцијата Quick Share за лесно да испраќаш датотеки од еден уред на друг што е или не е Galaxy, вклучувајќи Android OS и PC. Дознај повеќе

    • Try Galaxy

      Искуси ги најновите Galaxy AI функции и One UI во апликацијата Try Galaxy или на веб-страницата trygalaxy.com. Дознај повеќе

      QR code до Try Galaxy.
    Најди го твојот Galaxy

    Запознај го семејството Galaxy со избор на уреди кои се избрани за да одговараат на твојот животен стил.

    Оди на „Најди го твојот Galaxy“

    GALAXY ЕКОСИСТЕМ

    Остани поврзан во еден Galaxy

    Спари го Galaxy S26 или S26+ со Galaxy Buds4 за совршен звук. Без разлика дали слушаш музика или вршиш Супер јасен повик, тоа е беспрекорен екосистем осмислен да ги одржува сите уреди поврзани.

    Дознај повеќе
    Пар бели Galaxy Buds4.

    ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

    Покажи го твојот магнетски стил

    Магнетска компатибилност, голема удобност. Поврзи безжично, носи со стил и телефонот нека ти биде подготвен за секој момент.

    Иновација со намера

    Со користење повеќе рециклирани материјали и проширување на заложбите за обновлива енергија, покажуваме дека иновативноста може да биде моќна и одговорна. Заедно со секојдневните активности, ова е напредок кој навистина прави разлика.

    Брза поддршка

    Уживајте во премиум услугата за вашиот уред Galaxy S26 | S26+ Series - брза, експертска и без напор.

    Дознајте повеќе

    Galaxy S26 | S26+ Често поставувани прашања

    • Galaxy S26 и S26+ се издвојуваат од другите паметни телефони со својот врвен дизајн, моќните перформанси и паметните AI функции.

      • Елегантниот издржлив дизајн нуди издржлива и прецизно дизајнирана конструкција која е совршена на дланка.
      • Овозможува брз и ефикасен мултитаскинг, поттикнат од напреден чипсет, кој обезбедува перформанси на ниво на водечки уред.
      • Системот на камери со AI овозможува паметна обработка за поостри детали и подобри фотографии при слаба осветленост.
      • Се издвојува со длабока AI интеграција што го надминува обичниот паметен телефон. Од брзи задачи помеѓу апликации и паметно уредување фотографии, до превод во реално време и алатки за продуктивност што се лесни за користење, интуитивни и практични за секојдневна работа.,,
      Оди на Истакнато
    • Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra се обединети со елегантниот дизајн, космичките бои и Galaxy AI, но имаат одредени разлики за да одговараат на разни потреби.

      • Galaxy S26 Ultra има 6,9-инчен екран и камера од 200 MP. Има типична батерија од 5.000 mAh за целодневна издржливост и 31 час репродукција на видео. Има и вграден заштитен екран за приватност за дополнителна сигурност кога си на јавни места.
      • Galaxy S26+ има 6,7-инчен екран и камера од 50 MP. Типичниот капацитет на батерија е 4.900 mAh и овозможува 31 час репродукција на видео.
      • Galaxy S26 има 6,3-инчен екран и камера од 50 MP. Типичниот капацитет на батерија е 4.300 mAh и овозможува 30 часа репродукција на видео.,,,,
    • Galaxy S26 и S26+ доаѓаат во виолетова, небесно сина, црна и бела боја.

      Продолжи на Дизајн
    • Galaxy S26 и S26+ се засилени со материјали кои ја зајакнуваат издржливоста на уредот за долготрајна употреба.

      • Armor Aluminum рамката нуди подобрена заштита за внатрешните компоненти и надворешните рабови на уредот, без да додава непотребна тежина или волумен.
      • Има Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 стакло кое е дизајнирано со примена на формула за јонски зајакнато стакло. Стаклото е поставено на предниот и задниот дел на уредот, обезбедувајќи заштита од удари без да се загрозува визуелната јасност.
      • IP68 оценката нуди доволна отпорност на вода и прашина за да го заштити твојот уред од случајни истурања и секојдневни незгоди.,,
      Продолжи на Дизајн
    • Galaxy S26 и S26+ најдобро функционираат со магнетна футрола ако сакаш удобност и секојдневна заштита.

      • Футролата има вграден магнетски прстен кој го помага твојот телефон совршено да се усогласи со компатибилни безжични полначи и магнетска дополнителна опрема.
      • Ова го прави полнењето полесно и поодржливо, а истовремено овозможува сигурно прицврстување на дополнителната опрема.
      • Покрај тоа, овозможува заштита од удари и гребнатини, комбинирајќи удобност при полнење и заштита во едно едноставно решение.
      Дознај повеќе за дополнителната опрема
    • Galaxy S26 и S26+ работат на процесорот Exynos 2600, дизајниран да обезбеди врвни перформанси на CPU, GPU, NPU и AI.

      • Овој процесор е создаден за да ги подобри мултитаскингот, перформансите на камерата и енергетската ефикасност на уредот.
      • Напредниот NPU добива дополнително подобрување за побрзи и попаметни AI перформанси.
      • Енергетски ефикасниот чипсет ја подобрува вградената технологија mDNIe, зголемувајќи ја прецизноста на обработка на сликата четирикратно, за значително попрефинет квалитет на слика. Истовремено ја оптимизира потрошувачката на енергија и го зачувува траењето на батеријата.,
      Продолжи на Перформанси
    • Да, Galaxy S26 и S26+ доаѓаат со новодизајнирана Vapor Chamber која ја распоредува топлината порамномерно низ уредот, подобрувајќи ги термичките перформанси за 29 %.

      • Овој подобрен систем за распрскување топлина го спречува прегревањето на внатрешниот хардвер на твојот Galaxy уред преку континуиран циклус на испарување и кондензација.
      • Благодарение на тоа што главните хардверски компоненти, како CPU и GPU, се заштитени од прегревање, тие можат да ги одржуваат своите перформанси, овозможувајќи ти подолг мултитаскинг, играње игри или гледање видеа.,,
      Продолжи на Перформанси
    • Да, Galaxy S26+ нуди подобар екран од претходните модели благодарение на подобрувањата на приспособениот процесор.

      • Технологијата mDNIe ја зголеми прецизноста на обработката на сликата четирикратно, овозможувајќи поживописни визуелни прикази.
      • Квалитетот на екранот е сега поостар и појасен, со поживи и реалистични слики благодарение на новите подобрувања на ProScaler.
      • Екранот Dynamic AMOLED 2x на Galaxy S26 со големина од 6,3 инчи и екранот Dynamic AMOLED 2x на Galaxy S26+ од 6,7 инчи овозможуваат најголемо осветлување до 2.600 nits.
      Продолжи на Перформанси
    • Батериите на Galaxy S26 и S26+ се оптимизирани за долг век на траење, со целодневна употреба.

      • Типичниот капацитет од 4.300 mAh кај S26 и 4.900 mAh кај S26+ овозможува да гледаш видеа и да играш игри цел ден без постојано полнење.
      • Можеш да гледаш видеа до 30 часа на Galaxy S26 и до 31 час на Galaxy S26+.,
      Продолжи на Перформанси
    • Ако бараш брзо полнење, за кусо време можеш да ги наполниш и Galaxy S26 и S26+.

      • Galaxy S26+ се полни до 69 % за 30 минути.
      • Galaxy S26 се полни до 55 % за 30 минути.
      Продолжи на Перформанси
    • Galaxy S26 и S26+ нудат две опции за меморија: 512 GB и 256 GB.

      • 512 GB доаѓа со 12 GB простор за складирање.
      • 256 GB доаѓа со 12 GB простор за складирање.
      Продолжи на Меморија
    • Да, Galaxy S26 и S26+ се опремени со моќен систем на камери кој ги комбинира подобрените хардверски перформанси со интелигентен софтвер, што ги прави одлични за снимање видеа ноќе.

      • Со помош на моќниот процесор, функцијата видео со Nightography, обезбедува намалување на шумот и дополнително ги подобрува боите и деталите во видеата снимени при слаба осветленост.,
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 и S26+ можат да зумираат со дигитален зум до 30x и со 3х оптички зум.

      • 3x оптички зум го користи објективот на телефото камерата. Ова е максималниот можен зум без да се загрози квалитетот на сликата.
      • Со дигиталниот зум до 30x можеш да ги фокусираш оддалечените објекти и да снимиш детали кои го надминуваат оптичкиот опсег.
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 и S26+ имаат моќна камера за јасни и детални фотографии.

      • Широкоаголната камера од 50 MP е совршена за фотографии со висока резолуција и богати детали.
      • Ултрашироката камера од 12 MP е добра за широки пејзажи и групни фотографии.
      • Со предната камера од 12 MP можеш да сликаш остри и природни селфи фотки.
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 и S26+ доаѓаат со комплет нови, подлабоки AI функции што се лесни и едноставни за користење.

      • Сега можеш да користиш писмени инструкции во Помош за фотографирање за побрзо уредување фотографии.
      • Now Nudge е нова функција која интелигентно разбира што е прикажано на твојот екран и ти нуди предлози, како на пример да го отвориш Календар за да додадеш настан или да скокнеш директно во Gallery кога некој ќе ти побара да споделиш фотографии.
      • Now Brief нуди уште поперсонализирани увиди базирани на твоето однесување и преференции, претставени во кратки резимеа кои се лесни за прегледување. Ова вклучува потсетници базирани на информациите зачувани на твојот уред, како што се деталите за резервации или родендените на твоите пријатели.
      • Search with Finder ти овозможува да најдеш информации без да прелистуваш апликации, како на пример деталите за летови или белешките што ги имаш зачувано.
      • Сега Bixby разбира прашања на природен јазик, овозможувајќи брзи промени на поставките на уредот или едноставно пребарување на интернет.,,,,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Од март 2026 година, Galaxy AI функциите Помош за фотографирање и Creative Studio поддржуваат 41 јазик. Now Nudge, преземените податоци за Now Brief и Search with Finder поддржуваат 13 јазици.

      Целосниот список на јазици се наоѓа подолу.

      • Помош за фотографирање ги поддржува следниве јазици: англиски, шпански, португалски, германски, француски, италијански, полски, корејски, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, хинди, руски, турски, романски, шведски, холандски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгали, свахили, филипински и гуџарати.
      • Creative Studio ги поддржува следниве јазици: англиски, шпански, португалски, германски, француски, италијански, полски, корејски, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, хинди, руски, турски, романски, шведски, холандски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгали, свахили, филипински и гуџарати.
      • Now Nudge ги поддржува следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
      • Преземените податоци за Now Brief ги поддржуваат следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
      • Search with Finder ги поддржува следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
    • Користењето AI на Samsung Galaxy S26 и S26+ е осмислено да биде безбедно за корисниците кои внимаваат на приватноста, со заштитата на приватност која е интегрирана во секој чекор – од тоа како се обработуваат податоците до тоа како се зачувуваат и контролираат.

      • Galaxy AI ги обработува податоците на твојот уред преку Personal Data Engine, а потоа тие се шифрираат и се зачувуваат на уредот со помош на KEEP и Knox Vault. Така, личните податоци остануваат на твојот телефон наместо да се испраќаат до надворешни сервери.
      • Со јасни поставки за заштита на приватноста кои се осигурени со AI, имаш моќ да одлучиш кои AI функции можат да пристапат до личните податоци. Можеш да одлучиш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.
      • Поврзаната безбедност, овозможена со технологијата Knox Matrix Trust Chain, го штити целиот екосистем на Samsung уреди кои можеш да ги контролираш директно од твојот Galaxy паметен телефон.,
      Продолжи на Приватност
    • Да, со Smart Switch лесно можеш да ги префрлиш твоите податоци од iOS на Galaxy S26 и S26+.

      • Лесно можеш да ги префрлиш контактите, фотографиите, видеата, белешките и настаните во календарот.
      • Нашата Smart Switch апликација ти овозможува да го поврзеш новиот уред на стариот на безжичен начин или со кабел за побрз трансфер.
      • Едноставниот процес на поставување значи дека можеш уште веднаш да почнеш да го користиш новиот уред со старите податоци.,,
      Дознај повеќе за Префрли се на Galaxy
    • Galaxy S26 и S26+ имаат значајни подобрувања во хардверот и софтверот, што ги прават поинакви од Galaxy S25 и S25+.

      • Новиот амбиентален дизајн на островчето со камери обезбедува поелегантен и префинет изглед.
      • mDNIe ја подобри прецизноста на обработката на слики за 4 пати на Galaxy S26 и S26+, со што се подобрува квалитетот на екранот.
      • Galaxy S26 и S26+ имаат процесор Exynos 2600, а Galaxy S25 и S25+ имаат процесор Snapdragon® 8 Elite Mobile Platform за Galaxy.,
      Продолжи на Перформанси
    • Има многу Galaxy AI функции што се осмислени да ти помогнат да ја зголемиш продуктивноста и лесно да ги завршуваш обврските за денот.

      • Now Nudge разбира што има на екранот и дава автоматски предлози или ти помага во водење на разговорите. При размена на пораки, дава кратки предлози ако имаш потреба веднаш да го прегледаш календарот или Gallery со само еден допир.
      • Now Brief предлага рутини врз основа на твоите навики или дава потсетници врз основа на распоредот на обврски.
      • Search with Finder ти овозможува да најдеш информации зачувани на твојот уред со помош на Finder на почетниот екран, помагајќи ти да се сетиш каде се работите.,,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Да, Galaxy S26 и S26+ се оптимизирани за долги гејминг сесии благодарение на напредниот систем за ладење, подобрувањата на екранот и моќната графичка поддршка.

      • Редизајнираната Vapor Chamber помага да се одржуваат пониски температури на уредот, така што перформансите остануваат беспрекорни дури и при долги часови играње.
      • Нашата сопствена технологија mobile Digital Natural Image engine (mDNIe) го подобрува квалитетот на екранот со поинтензивни бои и поголема јасност, благодарение на четирикратно зголемената прецизност при обработката на сликата. Ова ти овозможува да забележиш повеќе детали и да уживаш во подлабоко, поимпресивно гејминг искуство.
      • Подобреното следење на зраците носи пореалистично осветлување, рефлексии и сенки во поддржаните игри, за уште поживописно и реалистично искуство.,,
      Продолжи на Перформанси
    • Камерите на Galaxy S26 и S26+ доаѓаат со AI и софтверски подобрувања, додека Galaxy S26 Ultra ја нуди најсветлата камера во Galaxy S серијата.

      • Широкоаголната задна камера на Galaxy S26 Ultra овозможува поширок отвор на апертурата до F1.4. Ова овозможува пропуштање повеќе светлина и обезбедува подобрена осветленост за 47 %, што е совршено за портрети или снимање во услови со слабо осветлување.
      • Предната камера кај сите три уреди сега вклучува AI ISP, што овозможува попрефинети и поприродни селфи фотографии. Galaxy AI ја оптимизира секоја фотографија во реално време за појасни детали, како и попрецизен тон на кожата и подобрени текстури на косата и веѓите, побогати бои и подобри резултати при слабо осветлување.
      • Опцијата Super Steady вклучува нова функција за хоризонтално заклучување кај најновата серија Galaxy S, која овозможува видеата да останат избалансирани и стабилни, без разлика колку ја навалуваш камерата додека одиш или трчаш.,,,
      Продолжи на Камера
    • Да, на Galaxy S26 и S26+ можеш да ги користиш Помош за фотографирање и Creative Studio, кои се подобрени со AI.

      • Со Помош за фотографирање можеш да преместуваш, зголемуваш или отстрануваш предмети, како и да пополнуваш заднини за лесно и брзо уредување на фотографиите. Сега можеш да користиш и едноставни текстуални инструкции во делот „Create“ за уште побрзо и поинтуитивно уредување.
      • Creative Studio е функција за автоматско креирање содржини што ти овозможува со еден допир да создаваш забавни креации, како на пример комплети налепници, кои потоа можеш лесно да ги споделиш со пријателите.,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Galaxy S26 и S26+ нудат неколку опции за меморија во зависност од начинот на кој го користиш телефонот.

      • Опцијата од 256 GB е одличен избор ако најчесто гледаш содржини и повремено фотографираш или снимаш видеа.
      • Опцијата од 512 GB ти овозможува повеќе простор за редовно фотографирање во висока резолуција, преземање датотеки и користење повеќе апликации истовремено.
      Продолжи на Меморија
    • Преминувањето на Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra може да се направи во само неколку едноставни чекори кои Samsung внимателно ги дизајнираше за целосно беспрекорно искуство. Можеш лесно да ги префрлиш контактите, фотографиите, музиката, видеата, пораките, белешките, календарите и многу повеќе.

      • Потоа, со помош на нашата апликација Smart Switch, безжично префрли ги податоците. Со еден потег можеш да пренесеш фотографии, контакти, апликации и многу други содржини од стариот уред.
      Дознај повеќе за Префрли се на Galaxy
    1. Резултатите може да се разликуваат во зависност од осветлувањето и/или условите при снимање кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
    2. За Помош за фотографирање може да биде потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Уредувањето со Помош за фотографирање може да резултира со фотографија со променета големина. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
    3. Спецификации само за Galaxy S26+.
    4. Тежината може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
    5. Споредено со претходни модели.
    6. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерената струја врз потрошувачката на енергија од батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот) на главниот екран. Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
    7. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
    8. Armor Aluminum рамката не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња, отворот за SIM-картичка или објективот на камерата.
    9. Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на предниот и задниот дел на двата уреда.
    10. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути. Не навлегува прав; целосна заштита од контакт (непропустлив за прав). Отпорноста на уредот на вода и прав не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење.
    11. Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S26 е 6,3 инчи како цел правоаголник и 6,1 инчи кога се сметаат заоблените агли, големината на екранот на Galaxy S26+ е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,5 инчи кога се сметаат заоблените агли и големината на екранот на Galaxy S26 Ultra е 6,9 инчи како цел правоаголник и 6,7 инчи кога се сметаат заоблените агли; вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.
    12. Карактеристиката Заштитен екран за приватност го контролира аголот на гледање на екранот за да ја ограничи периферната видливост и можете да ја активирате во поставките. Активирањето одредени апликации е исто така достапно во поставките. Можно е да се појават одредени промени во квалитетот на сликата надвор од аголот на гледање. Некои информации сепак може да бидат видливи за други лица, во зависност од условите во опкружувањето, како што се аголот или осветленоста. Се препорачува претпазливост при прикажување чувствителни информации.
    13. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 4175 mAh за Galaxy S26, 4755 mAh за Galaxy S26+ и 4855 mAh за Galaxy S26 Ultra.
    14. Покажани се подобрувања на перформансите на осветлувањето споредено со Galaxy S25 Ultra.
    15. Подобрувањата на перформансите на AP се однесуваат на Galaxy S26+ и се споредени со Galaxy S25+. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
    16. Карактеристиката ProScaler е поддржана на моделите Galaxy S26+ и Ultra. Квалитетот на сликата може да се зголеми до QHD+, во зависност од поставката за резолуција на екранот на уредот.
    17. Спецификации само за Galaxy S26.
    18. Покажано е подобрување на перформансите на Vapor Chamber споредено со Galaxy S25. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
    19. Следење на зраците е поддржано на Galaxy S26 уреди. Достапноста може да се разликува во зависност од уредот, содржината и апликацијата.
    20. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД и во Обединетото Кралство во периодот 8.1.2026 – 30.1.2026 година со претпродажни верзии на SM-S942, SM-S947 и SM-S948 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
    21. Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
    22. Зум со оптички квалитет е овозможен од сензорот за адаптивен пиксел. 3х растојание е оптички зум. 2х растојание е зум со оптички квалитет.
    23. Резултатите од опцијата Super Steady може да се разликуваат во зависност од начинот на уредување и/или условите при снимање.
    24. За функцијата Creative Studio е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани. Комплетите налепници се компатибилни само со тастатурата на Samsung и може да се споделуваат исклучиво преку функцијата Quick Share со други Galaxy уреди што имаат инсталирано One UI 5.0 или понова верзија и Quick Share апликација со верзија 13.8.50.x или понова.
    25. За функцијата Now Nudge е потребно најавување на Samsung Account. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Предлозите за текстуални пораки се достапни со одредени апликации за размена на пораки од трети страни, вклучувајќи ги Samsung Messages, Google Messages, Google Chat, WhatsApp, WhatsApp Business, KakaoTalk, LINE, Signal, Instagram (DM), Tango, NTT Docomo Messages и KDDI Messages. Споделувањето фотографии во Now Nudge функционира преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.
    26. За функцијата Now Brief е потребно најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уред, апликациите. За одредени функции може да биде потребно мрежно поврзување. Описот на фотографиите дадени по моменти можеби не е во согласност со намерата на корисникот. За известувањата за прошетка на куче треба да се активирани SmartTag2 и Pet Care во SmartThings. SmartTag2 се продава одделно. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.
    27. Достапните функции и карактеристики од Search with Finder може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. За напредно пребарување, податоците може да се пребаруваат само на истиот јазик како јазикот на кој е поставен системот. Во поддржани апликации во моментов спаѓаат Календар, Потсетници, Белешки, Снимање повик, Гласовно снимање, My Files, Gallery и Поставки. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.
    28. За достапноста на услугата Bixby е потребна најава на Samsung Account и мобилен интернет. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти од англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), англиски (Индија), француски (Франција), германски (Germany), италијански (Италија), јапонски (Јапонија), корејски (Јужна Кореја), мандарински (Кина), шпански (Шпанија), португалски (Бразил) и шпански (Латинска Америка). Други поддржани јазици може да бидат додадени во иднина. Можеби нема да ги препознае сите акценти, дијалекти и изрази, а вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од изговорот, јачината на гласот и околината. Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации, како при снимање (видео/игра/глас), за време на повици, во режим на максимална заштеда на енергија, итен режим и Samsung Kids. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/давателот на услуга/јазикот/моделот на уредот/верзијата на OS. Со Bixby се контролираат одредени апликации, други апликации ќе бидат поддржани во иднина. За да се контролираат уреди што имаат SmartThings со Bixby, прво поврзете ги уредите на апликацијата SmartThings. За повеќе информации, посетете ја веб-локацијата на SmartThings (www.samsung.com/smartthings).
    29. Personal Data Engine функционира под услов да е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе бидат избришани откако ќе се исклучи менито Personal Data Intelligence. Personal Data Engine препознава одредени јазици и акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски. Personal Data Engine во моментот ги анализира оригиналните апликации на Samsung и известувањата од поддржаните апликации.
    30. KEEP е достапно само на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 8 или понова верзија.
    31. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Обезбедените акциски капсули може да се разликуваат во зависност од моделот.
    32. За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Отворете ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
    33. За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отворете ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземете ја Smart Switch за iOS од App Store на вашиот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Contacts, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
    34. Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
    35. Карактеристиката Quick Share е достапна меѓу Galaxy уреди со следниов оперативен систем: паметни телефони и таблети што работат на Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова верзија, PC што работат на Windows 10 или понова верзија. Потребни се Samsung Account и Wi-Fi и Bluetooth поврзување. Quick Share меѓу iOS и Android уреди е достапно со испраќање споделена врска: поединечните датотеки што се споделуваат не смеат да надминуваат 10 GB (вкупно 10 GB дневно), а врската ќе истече по два дена; потребни се Samsung Account и интернет поврзување.
    36. Секој уред Galaxy се продава одделно.
    37. Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.