Galaxy S26 Ultra

Запознај го Galaxy S26 Ultra, AI телефон со приспособен процесор што го трансформира твоето искуство, нашиот најсветол систем на камери и првиот вграден заштитен екран за приватност во светот – сето тоа на дланка за да си го подобриш животот.

ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ НОВ AI ТЕЛЕФОН

ДИЗАЈН

Види ги деталите одблиску

Само на Samsung.com

    Претходно поставен агол

  • Префинет дизајн

    Новиот дизајн на островче за камерите беспрекорно се вклопува во целокупниот изглед на уредот за префинет финиш.

    Крупен кадар од Galaxy S26 Ultra во виолетова боја гледан од задната страна го истакнува новиот дизајн на камерите.
  • Издржливост

    Изработен со Armor Aluminum рамка, опремен со Corning® Gorilla® Glass и подготвен да биде водоотпорен, овој Galaxy е и цврст и софистициран истовремено. ,,

    Galaxy S26 Ultra во виолетова боја е прикажан од задната страна и под благ агол, а на уредот има капки вода.
  • Тенок дизајн

    Балансираниот дизајн на нашиот најтенок Ultra досега, спојува елеганција и удобност што природно легнуваат на раката.

    Galaxy S26 Ultra во виолетова боја е покажан од страна за да се прикаже тенкиот профил.

    Погледни колку е тенок и лесен Galaxy S26 Ultra

    • Galaxy S26 Ultra
      • 7,9 mm Дебелина
      • 214 g Тежина
    • Споредба
      • 1 mm Потенок
      • 14 g Полесен
      • 1 mm Потенок
      • 19 g Полесен
      • 0,7 mm Потенок
      • 18 g Полесен
      • 0,3 mm Потенок
      • 4 g Полесен
    • Спореди со

      • 8,9 mm Дебелина
      • 228 g Тежина
      • 8,9 mm Дебелина
      • 233 g Тежина
      • 8,6 mm Дебелина
      • 232 g Тежина
      • 8,2 mm Дебелина
      • 218 g Тежина

    ПЕРФОРМАНСИ

    Нашиот најмоќен процесор, изработен по мерка за Galaxy

    Се гледа приспособениот чип на Galaxy S26 Ultra со NPU, GPU, CPU и Customized Image Enhancer. Додека паѓа, светлина се шири низ чипбордот. При одзумирање, се појавува главниот екран на Galaxy S26 Ultra. Оригиналниот чип се трансформира во зборот „AI“.

    Запознај го најновиот и најмоќен процесор на Galaxy досега. Изработен е да го отклучи целосниот потенцијал на Galaxy AI за оние кои обожаваат мултитаскинг, зајакнувајќи го подобрувачот на слики кој ги изострува и подобрува сликите во реално време во различни апликации и содржини. Освен тоа, со засилување од 39 % на напредната NPU и 24 % поголема обработка на сликите, може да се справи и со најсложените наслови за мобилните гејмери.

    • NPU 39 % побрзи перформанси на AI
    • GPU 24 % подобрени графички перформанси
    • CPU 19 % побрзо процесирање

    од Galaxy S25 Ultra

    Првиот заштитен екран за приватност на мобилен телефон во светот

    Запознај го вградениот заштитен екран за приватност, само на Galaxy S26 Ultra. Заштитниот екран за приватност се вклучува рачно и користи иновативна технологија за да ги заштити твоите приватни информации така што го сокрива целосниот екран од видикот на други луѓе. Исто така, може и да избереш што да биде сокриено, како на пример само одредени апликации, сите дојдовни известувања или, пак, кога ќе треба да внесуваш ПИН-кодови и лозинки во Поставки, Заклучен екран и Безбедна папка.

    Збогати си го гледањето

    Прецизноста на обработка на длабочината на боите на екранот се зголемува 4 пати, користејќи ја нашата напредна технологија mobile Digital Natural Image engine (mDNIe) за да ги гледаш боите и нијансите точно онака како што ги замислил креаторот. Од најдлабоките тонови до најживописните нијанси, овозможува значително подобрување на графичките перформанси. ProScaler ги истакнува деталите благодарение на подобрувањата на обработката со AI, што резултира со појасни слики.

    Споредба пред и потоа што ги покажува ефектите од ProScaler. Подобрена е и бојата со помош на технологијата mDNIe.

    Опушти се со нашата најголема Vapor Chamber досега

    Новата Vapor Chamber е прикажана хоризонтално. Galaxy S26 Ultra се појавува под неа, а Vapor Chamber поефикасно ја распределува топлината. Потоа таа се интегрира во уредот и на главниот екран се прикажува игра во тек. Напојуван од Snapdragon 8 Elite Gen 5 for Galaxy.

    Galaxy S26 Ultra е создаден за интензивни сесии, без разлика дали играш игри со високи системски барања или користиш Galaxy AI. Напојуван од Snapdragon® 8 Elite Gen 5 for Galaxy, нуди засилени гејминг перформанси со брза, мазна и исклучително одзивна игра. Со напредното управување со топлина преку новиот дизајн на Vapor Chamber, топлината се распределува побрзо и поефикасно од кога било досега. Заедно со прилагодениот термален интерфејс материјал (TIM), подобрениот систем за ладење овозможува 21% подобри термални перформанси. Игрите оптимизирани за Vulkan ефикасно ги прикажуваат светлината и сенките, додека ray tracing создава 3D слики со пореалистични бои и рефлексии — дополнително унапредени од моќниот Snapdragon процесор прилагоден за Galaxy.,,

    Ултра брзо полнење. Ултра долготрајно

    Galaxy S26 Ultra поддржува Super Fast Charging 3.0, создадено за да го наполни твојот уред со молскавична брзина без да влијае врз здравјето на батеријата или твоето време.

    До 75 % полнење за приближно 30 минути

    Види колку долго трае батеријата на Galaxy S26 Ultra

    • Galaxy S26 Ultra
      • 31 час репродукција на видеа,
      • До 75 % полнење за приближно 30 минути
    • Споредба
      • 9 часa подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 5 часa подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 1 ч. подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
      • 0 часa подолга репродукција на видеа
      • не е обезбедено
    • Спореди со

      • 22 часa репродукција
        на видео
      • не е обезбедено
      • 26 часa репродукција на видео
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути
      • 30 часa репродукција на видео
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути
      • 31 час репродукција на видео
      • До 69 % полнење за приближно 30 минути

    Сѐ што сакаш нека ти биде при рака со меморијата до 1 TB

    Galaxy S26 Ultra доаѓа со три опции за меморија: до 1 TB со 16 GB меморија и 512 GB или 256 GB со 12 GB меморија, за да можеш да си избереш капацитет што најмногу одговара на тоа како го користиш телефонот. Избери 1 TB ако обожаваш гејминг, често снимаш видеа во висока резолуција или преземаш големи апликации, без да се намали брзината на телефонот. Или, пак, избери 256 GB или 512 GB за да ги чуваш омилените фотографии и основните апликации за секојдневна употреба.

    Galaxy S26 Ultra е прикажан од главниот екран. Апликацијата Gallery е отворена и ги прикажува зачуваните фотографии. Се гледаат и други апликации за да се прикаже дека на уредот можеш да чуваш разни видови содржини.

    КАМЕРА

    Јасно и светло, дури и ноќе

    Крупен кадар на задната камера на Galaxy S26 Ultra. Се гледа зумирање во објективот што се трансформира во видео што се снима на слаба светлина. Благодарение на Nightography, деталите остануваат јасни и живописни.

    Снимено со Galaxy S26 Ultra #withGalaxy
    Снимено со Galaxy S26 Ultra #withGalaxy

    Galaxy S26 Ultra поставува нов стандард за Nightography со пошироки апертури и намалување на шумот што испорачуваат јасни и детални видеозаписи во услови при слабо осветлување. Широкоаголната камера сега има посветла апертура за 47 % која се отвора до F1.4, додека телефото камерата се отвора до F2.9 за подобро осветлување од 37 %. При снимање видеозаписи ноќе, напредниот AP овозможува намалување на шумот според индивидуалните обрасци, специфични за секој тип сензор, гарантирајќи дека секој кадар ќе остане остар и живописен. Така можеш со целосна сигурност да снимаш кинематографски моменти по зајдисонце – од динамични градски улици до интимни собири – со повеќе детали од кога било досега.,

    Долови ги моментите појасно со Nightography фотографија

    Провери ги спецификациите на нашиот најдобар систем на камери

    Делови од објективот на камерата на Galaxy S26 Ultra се спојуваат за да го откријат системот од камери на задната страна на уредот. Од зад првиот уред се појавува уште еден и се гледа од главниот екран.

    Задна камера
    • 50 MP F1.9 Ултраширока
    • 200 MP F1.4 Широкоаголна 2x зум со оптички квалитет
    • 50 MP F2.9 Телефото камера 5x оптички зум и 10x зум со оптички квалитет
    • 10 MP F2.4 Телефото камера 3x оптички зум
    Селфи камера
    • 12 MP F2.2 Селфи камера

    Види ја разликата во спецификациите на камерата

    • Galaxy S26 Ultra
      • 200 MP Широкоаголна F1.4
      • 50 MP Ултраширока F1.9
      • 50 MP Телефото камера F2.9
    • Спореди со

      • 108 MP Широкоаголна F1.8
      • 12 MP Ултраширока F2.2
      • 10 MP Телефото камера F4.9
      • 200 MP Широкоаголна F1.7
      • 12 MP Ултраширока F2.2
      • 10 MP Телефото камера F4.9
      • 200 MP Широкоаголна F1.7
      • 12 MP Ултраширока F2.2
      • 50 MP Телефото камера F3.4
      • 200 MP Широкоаголна F1.7
      • 50 MP Ултраширока F1.9
      • 50 MP Телефото камера F3.4

    Супер стабилно видео. Дури и во движење

    Карактеристиката за хоризонтално заклучување на опцијата Super Steady ги комбинира проширените оптички агли со жироскоп и сензори за забрзување за да го препознае правецот на гравитацијата и да ги одржува твоите снимки избалансирани, дури и ако ротираш целосно за 360°. Без разлика дали се движиш по карпести патеки или сакаш да срушиш нов рекорд во трчање, секогаш добиваш поглатки видеа без тресење.

    Ќе се снима видео со Galaxy S26 Ultra. Во опцијата Super Steady, корисникот ја притиска иконата за хоризонтално заклучување, а потоа започнува со снимање. Потоа, уредот се гледа одзади додека го држи некој што трча. На екранот се гледа како корисникот снима милениче кое трча. Дури и додека и двајцата се движат, видеото останува избалансирано.

    Висока резолуција со
    Ultra од 200 MP

    Изграден околу сензорот на широкоаголната камера од 200 MP и подобрен со нашиот ProVisual Engine, Galaxy S26 Ultra е осмислен за да ги долови и најситните детали. Сликите со висока резолуција се анализираат во реално време за да се задржат остри текстури и јасност низ целата сцена, за богати, реалистични фотографии.

    Снимен е портрет од куче со камерата од 200 MP на Galaxy S26 Ultra. Текстурата и деталите се исти како во реалноста.
    Снимено со Galaxy S26 Ultra #withGalaxy

    Space Zoom. Види го невиденото

    Донеси го далечното во фокус, од 1x оптичка перфекција до 100x Space Zoom овозможен од AI – со моментална стабилизација на приказот и подобрена јасност.

    Се снима фотографија со 100 пати зум. Потоа, 10 пати зум, 3 пати зум, 0.6 пати зум и 30 пати зум. Зумирано или не, деталите остануваат јасни со Space Zoom.

    Снимено со Galaxy S26 Ultra #withGalaxy

    Секое селфи нека биде најдоброто досега

    Предната камера на Galaxy S26 Ultra сега има AI image signal processor (ISP) за поприродни селфи фотки со светли и темни делови точно таму каде што треба – исто како твојата природна боја на кожа и други детали како косата и веѓите, токму онака како што ги гледаат твоите очи.

    Селфи од некое лице. AI обезбедува дека сенките и истакнатите делови се точни и природни.
    Снимено со Galaxy S26 Ultra #withGalaxy

    Galaxy AI

    GALAXY AI

    Помош за фотографирање.

    Уредување на студиско ниво. Вградено

    Прикажана е фотографија од куче. Во Помош за фотографирање, корисникот може да опише што треба да се промени, внесувајќи текстуално барање. Откако ќе впише „Направи го ова негова роденденска забава“, се притиска на копчето „Генерирај“. Galaxy AI ја трансформира фотографијата додавајќи разни додатоци со роденденска тематика на и околу кучето.

    Брзо и лесно уредувај фотографии со само неколку зборови и AI. Додавај предмети, како додатоци на фотографиите од твојот миленик, едноставно опишувајќи ги измените што сакаш да ги направиш, а Galaxy AI ќе ја оствари твојата визија за само неколку минути.

    Од фотографии до налепници со само еден допир

    Отвори фо Creative Studio и откриј посебен простор за креирање комплети налепници. Комбинирај цртежи или фотографии со текст, точно онака како што ги замислуваш. Со едноставен опис со текст или груба скица, Galaxy AI ги создава твоите креации. Потоа, додај го комплетот во твојата тастатура или сподели го со пријателите.

    Фотографија од куче со очила за сонце е искористена за создавање комплет налепници со разни емоции во Creative Studio.

    Bixby.

    Паметна помош што е секогаш достапна

    Итно ти треба помош? Прашај го Bixby. Тој е твојот личен контролор на уредот, сега со можност да ти понуди водич кој ќе ти помогне да научиш како да ги користиш функциите и да ги приспособуваш поставките за поголема практичност. Ако ти требаат брзи одговори, дури може и да пребарува на интернет, како одговор на твоите природни, разговорни прашања.

    Bixby ти помага да ги менуваш поставките на уредот брзо и лесно. Корисникот му кажува на Bixby дека не сака луѓето околу него да му го гледаат екранот. Bixby го известува корисникот дека е вклучен заштитниот екран за приватност.

    Приватност по стандард. Заштитено од Knox

    Посветени сме на заштита на информациите, а истовремено нудиме транспарентност за тоа како ги користиме и споделуваме.

    • Заштита на
      самиот уред

      Нашиот Personal Data Engine безбедно ги собира и обработува твоите лични податоци. Потоа, ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со KEEP и Knox Vault и со тоа го отежнува пристапот за други лица.,

    • Приспособени
      контроли

      Преземи контрола врз твоите Galaxy AI. Ти одлучуваш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.

    • Поврзана безбедност

      Технологијата Knox Matrix Trust Chain овозможува безбедност низ поврзаните уреди Galaxy, така што сега може да ја надгледуваш безбедноста и на другите уреди директно од Galaxy паметниот телефон.

    ONE UI 8.5

    Твојот Galaxy. На твој начин

    Galaxy S26 Ultra е прикажан од главниот екран. Уредот е опкружен со разни активни карактеристики персонализирани според потребите и навиките на корисникот. Овде се вклучени и Creative Studio, Помош за фотографирање и други.

    Создаден за да се приспособи на тебе, One UI 8.5 го персонализира твојот Galaxy според тоа како го користиш секојдневно. Дизајнирани да бидат едноставни и интуитивни, контекстуалните потсетници од Now Brief и интелигентните предлози од целосно новите Now Nudge и AI Select ги олеснуваат секојдневните задачи со само еден допир.,,

    Спореди ги уредите

    Спореди со

    со

    • Вграден

      Заштитен екран за приватност

      Galaxy S26 Ultra е прикажан од екранот, под благ агол. Заштитниот екран за приватност е активен, па деталите од дојдовното известување не се видливи.
    • Приспособен процесор

      Подобрени NPU, GPU и CPU
    • Камера

      Чисто и јасно, и дење и ноќе

      • F1.4 Широкоаголна од 200 MP
      • F2.9 Телефото од 50 MP
    • Лого на Galaxy AI.

      Брза и лесна креативност со Помош за фотографирање

    • Vapor Chamber лебди над Galaxy S26 Ultra. Топлината се разнесува поефикасно.

      Преосмислена Vapor Chamber

      21 % подобри топлински перформанси

    • +9 часа репродукција на видеа,
      +5 часа репродукција на видеа,
      +1 час репродукција на видеа,
      +0 часа репродукција на видеа,
    • Vapor Chamber лебди над Galaxy S26 Ultra. Топлината се разнесува поефикасно.

      Преосмислена Vapor Chamber

      21 % подобри топлински перформанси

    • Galaxy S26 Ultra во виолетова боја е покажан од страна за да се прикаже тенкиот профил.
      1 mm Потенок
      1 mm Потенок
      0,7 mm Потенок
      0,3 mm Потенок

    ЗОШТО ДА СЕ ПРЕФРЛИШ НА GALAXY

    Префрлањето е поедноставено

    Замисли каде сѐ можат да те однесат нашите моќни уреди. Префрли се на Galaxy и откриј свет во кој сите твои уреди работат заедно и непречено, а контролата е во твои раце.

    Дознај повеќе
    Galaxy S26 Ultra е прикажан со главниот екран нагоре, а над него „лебдат“ разни апликации кои лесно можеш да ги префрлиш од претходниот уред.
    • Smart Switch

      Со Smart Switch, можеш да пренесеш фотографии, видеа, контакти, забелешки, настани од календар, други апликации и дури и поставки на уредот, и тоа многу лесно и од iOS.,, Дознај повеќе

    • Quick Share

      Користи ја функцијата Quick Share за лесно да испраќаш датотеки од еден уред на друг што е или не е Galaxy, вклучувајќи Android OS и PC. Дознај повеќе

    • Try Galaxy

      Искуси ги најновите Galaxy AI функции и One UI во апликацијата Try Galaxy или на веб-страницата trygalaxy.com. Дознај повеќе

      QR code до Try Galaxy.
    Најди го твојот Galaxy

    Запознај го семејството Galaxy со избор на уреди кои се избрани за да одговараат на твојот животен стил.

    Оди на „Најди го твојот Galaxy“

    GALAXY ЕКОСИСТЕМ

    Hi-Fi тандем што држи чекор со тебе

    Спари го Galaxy S26 Ultra со Galaxy Buds4 Pro за совршен звук. Без разлика дали слушаш Hi-Fi аудио или вршиш Супер јасен повик, тоа е беспрекорен екосистем осмислен да ги одржува сите уреди поврзани.

    Дознај повеќе
    Пар бели Galaxy Buds4 Pro во бела боја околу два Galaxy уреди. Задниот дел на еден од уредите е свртен нанапред. На другиот Galaxy S26 Ultra е прикажано лице кое носи бели Galaxy Buds4 Pro.

    ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

    Покажи го твојот магнетски стил

    Нашите super-fast wireless chargers, заедно со магнетните футроли, го држат телефонот во положба за оптимално полнење.

    Иновација со намера

    Со користење повеќе рециклирани материјали и проширување на заложбите за обновлива енергија, покажуваме дека иновативноста може да биде моќна и одговорна. Заедно со секојдневните активности, ова е напредок кој навистина прави разлика.

    Брза поддршка

    Уживајте во премиум услугата за вашиот уред Galaxy S26 Ultra Series - брза, експертска и без напор.

    Дознајте повеќе

    Често поставувани прашања за Galaxy S26 Ultra

    • Galaxy S26 Ultra се издвојува како врвен паметен телефон за продуктивност и забава, правејќи го заедничко решение и за креатори и за напредни корисници во 2026 г.

      • Има 6,9-инчен екран со заштита од рефлексија, со Armor Aluminum рамка што има заоблени, ергономски рабови.
      • Камерата од 200 MP и отвор на блендата од F1.4 овозможува појасни фотографии, дури и ноќе.
      • Моќниот Snapdragon® 8 Elite Gen 5 for Galaxy е специјално прилагоден за Galaxy со подобрени NPU, GPU и CPU за помазна графика.
      • Сосема новиот заштитен екран за приватност кој е прв таков екран на мобилен телефон во светот, обезбедува дополнителна приватност кога си надвор, така што твоите лични информации остануваат заштитени и само твои.,,,,,
      Оди на Истакнато
    • Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra се обединети со елегантниот дизајн, космичките бои и Galaxy AI, но имаат одредени разлики за да одговараат на разни потреби.

      • Galaxy S26 Ultra има 6,9-инчен екран и камера од 200 MP. Има типична батерија од 5.000 mAh за целодневна издржливост и 31 час репродукција на видео. Има и вграден заштитен екран за приватност за дополнителна сигурност кога си на јавни места.
      • Galaxy S26+ има 6,7-инчен екран и камера од 50 MP. Типичниот капацитет на батерија е 4.900 mAh и овозможува 31 час репродукција на видео.
      • Galaxy S26 има 6,3-инчен екран и камера од 50 MP. Типичниот капацитет на батерија е 4.300 mAh и овозможува 30 часа репродукција на видео.,,,,
    • Galaxy S26 Ultra доаѓа во виолетова, небесно сина, црна и бела боја.

      Продолжи на Дизајн
    • Galaxy S26 Ultra е засилен со материјали кои ја зајакнуваат издржливоста на уредот за долготрајна употреба.

      • Armor Aluminum рамката нуди подобрена заштита за внатрешните компоненти и надворешните рабови на уредот, без да додава непотребна тежина или волумен.
      • Има Corning® Gorilla® Armor 2 и Corning® Gorilla® Glass Victus 2 стакло кое е дизајнирано со примена на формула за јонски зајакнато стакло. Стаклото е соодветно поставено на предниот и задниот дел на уредот, обезбедувајќи заштита од удари без да се загрозува визуелната јасност.
      • IP68 оценката нуди доволна отпорност на вода и прашина за да го заштити твојот уред од случајни истурања и секојдневни незгоди.,,
      Продолжи на Дизајн
    • Да, Galaxy S26 Ultra доаѓа со вградено S Pen пенкало.

    • Galaxy S26 Ultra најдобро функционира со магнетна футрола ако сакаш практичност и секојдневна заштита.

      • Футролата има вграден магнетски прстен кој го помага твојот телефон совршено да се усогласи со компатибилни безжични полначи и магнетска дополнителна опрема.
      • Ова го прави полнењето полесно и поодржливо, а истовремено овозможува сигурно прицврстување на дополнителната опрема.
      • Овозможува и заштита, комбинирајќи практично полнење и заштита во едно едноставно решение.
      Дознај повеќе за дополнителната опрема
    • Galaxy S26 Ultra работи со Snapdragon® 8 Elite Gen 5 процесорот, кој е специјално прилагоден за Galaxy и дизајниран да обезбеди супериорни CPU, GPU, NPU и AI перформанси.

      • Овој приспособен процесор е создаден за да ги подобри мултитаскингот, перформансите на камерата и енергетската ефикасност на уредот.
      • Напредниот NPU добива дополнително подобрување од 39 % за побрзи и попаметни AI перформанси.
      • Енергетски ефикасниот чипсет ја подобрува вградената технологија mDNIe, зголемувајќи ја прецизноста на обработка на сликата четирикратно, за значително попрефинет квалитет на слика. Истовремено ја оптимизира потрошувачката на енергија и го зачувува траењето на батеријата.,,
      Продолжи на Перформанси
    • Да, Galaxy S26 Ultra доаѓа со новодизајнирана Vapor Chamber која ја распоредува топлината порамномерно низ уредот, подобрувајќи ги термичките перформанси за 21 %.

      • Овој подобрен систем за разнесување на топлината го спречува прегревањето на внатрешниот хардвер на твојот Galaxy уред преку континуиран циклус на испарување и кондензација.
      • Благодарение на тоа што главните хардверски компоненти, како CPU и GPU, се заштитени од прегревање, тие можат да ги одржуваат своите перформанси, овозможувајќи ти подолг мултитаскинг, играње игри или гледање видеа.
      Продолжи на Перформанси
    • Да, Galaxy S26 Ultra има подобар екран од претходните модели благодарение на подобрувањата на приспособениот процесор.

      • Технологијата mDNIe ја зголеми прецизноста на обработката на сликата четирикратно, овозможувајќи поживописни визуелни прикази.
      • Квалитетот на екранот е сега поостар и појасен, со поживи и реалистични слики благодарение на новите подобрувања на ProScaler.
      • Екранот Dynamic AMOLED 2x со големина од 6,9 инчи овозможува најголемо осветлување до 2.600 nits.
      Продолжи на Перформанси
    • Батеријата на Galaxy S26 Ultra е оптимизиранa за долг век на траење, со целодневна употреба.

      • Типичниот капацитет од 5.000 mAh овозможува да гледаш видеа и да играш игри цел ден без постојано полнење.
      • Можеш да гледаш видеа до 31 час.,
      Продолжи на Перформанси
    • Ако бараш супербрзо полнење, за кусо време можеш да го наполниш Galaxy S26 Ultra.

      • Со Super Fast Charging 3.0, зголемената моќ од 45 W на 60 W ти овозможува да го наполниш уредот до 75 % за приближно 30 минути.
      Продолжи на Перформанси
    • Заштитениот екран за приватност е всушност вграден екран за приватност на што користи иновативна технологија за да го заштити екранот од љубопитни погледи на јавни места.

      • Кога е активирана оваа функција, пикселите на екранот се движат динамично за да го задржат приказот јасен кога гледаш директно во него, а истовремено изгледа затемнет од страна за луѓето околу тебе.
      • Можеш да го скриеш целиот екран од туѓите погледи.
      • Или можеш да ги избереш приспособените поставки, при што заштитениот екран за приватност ќе се активира само за известувања или одредени апликации.
      Продолжи на Заштитен екран за приватност
    • Galaxy S26 Ultra има три достапни опции за меморија: 1 TB, 512 GB и 256 GB.

      • 1 TB доаѓа со 16 GB меморија.
      • 512 GB и 256 GB доаѓаат со 12 GB меморија.
      Продолжи на Меморија
    • Да, Galaxy S26 Ultra е опремен со моќен систем на камери кој ги комбинира подобрените хардверски перформанси со интелигентен софтвер, што ги прави одлични за снимање видеа ноќе.

      • Широкоаголната камера од 200 MP сега има пошироки апертури што дозволуваат да влезе повеќе светлина благодарение на објективот кој се отвора до F1.4. Ова резултира во подобрено осветлување за 47 %.
      • Телефото камерата од 50 MP има подобрени F-броеви за да се добие подобрено осветлување за 37 %, дури и при 5x оптички зум.
      • Со помош на моќниот процесор, функцијата видео со Nightography, обезбедува намалување на шумот и дополнително ги подобрува боите и деталите во видеата снимени при слаба осветленост.,,
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 Ultra обезбедува до 100x зум на камерата, комбинирајќи напреден хардвер со обработка на зум овозможена со AI.

      • Зумот со оптички квалитет обезбедува јасни, детални слики при помали растојанија.
      • Space Zoom може лесно да стигне од 1x до 100x, овозможувајќи ти да ги доловиш далечните предмети со повеќе детали.
      • AI Zoom потоа ја анализира сликата во реално време, ги препознава сцената и текстурите, ги подобрува деталите додека се зумира, така што сè изгледа уште појасно и дефинирано.,,
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 Ultra ја има најдобрата камера во S Серијата.

      • Широкоаголната камера од 200 MP е совршена за фотографии со ултра висока резолуција и богати детали.
      • Телефото камерата од 50 MP со 5x оптички зум и 10x зум со оптички квалитет, испорачува појасни слики кога е зумирано.
      • Ултрашироката камера од 50 MP е добра за широки пејзажи и групни фотографии.
      • Со предната камера од 12 MP можеш да сликаш остри и природни селфи фотки.
      Продолжи на Камера
    • Galaxy S26 Ultra доаѓа со комплет нови, подлабоки AI функции што се лесни и едноставни за користење.

      • Сега можеш да користиш писмени инструкции во Помош за фотографирање за побрзо уредување фотографии.
      • Now Nudge е нова функција која интелигентно разбира што е прикажано на твојот екран и ти нуди предлози, како на пример да го отвориш Календар за да додадеш настан или да скокнеш директно во Gallery кога некој ќе ти побара да споделиш фотографии.
      • Now Brief нуди уште поперсонализирани увиди базирани на твоето однесување и преференции, претставени во кратки резимеа кои се лесни за прегледување. Ова вклучува потсетници базирани на информациите зачувани на твојот уред, како што се деталите за резервации или родендените на твоите пријатели.
      • Search with Finder ти овозможува да најдеш информации без да прелистуваш апликации, како на пример деталите за летови или белешките што ги имаш зачувано.
      • Сега Bixby разбира прашања на природен јазик, овозможувајќи брзи промени на поставките на уредот или едноставно пребарување на интернет.,,,,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Од март 2026 година, Galaxy AI функциите Помош за фотографирање и Creative Studio поддржуваат 41 јазик. Now Nudge, преземените податоци за Now Brief и Search with Finder поддржуваат 13 јазици.

      Целосниот список на јазици се наоѓа подолу.

      • Помош за фотографирање ги поддржува следниве јазици: англиски, шпански, португалски, германски, француски, италијански, полски, корејски, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, хинди, руски, турски, романски, шведски, холандски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгали, свахили, филипински и гуџарати.
      • Creative Studio ги поддржува следниве јазици: англиски, шпански, португалски, германски, француски, италијански, полски, корејски, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, хинди, руски, турски, романски, шведски, холандски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгали, свахили, филипински и гуџарати.
      • Now Nudge ги поддржува следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
      • Преземените податоци за Now Brief ги поддржуваат следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
      • Search with Finder ги поддржува следниве јазици: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски.
    • Користењето AI на Samsung Galaxy S26 Ultra е осмислено да биде безбедно за корисниците кои внимаваат на приватноста, со заштитата на приватност која е интегрирана во секој чекор – од тоа како се обработуваат податоците до тоа како се зачувуваат и контролираат.

      • Galaxy AI ги обработува податоците на твојот уред преку Personal Data Engine, а потоа тие се шифрираат и се зачувуваат на уредот со помош на KEEP и Knox Vault. Така, личните податоци остануваат на твојот телефон наместо да се испраќаат до надворешни сервери.
      • Со јасни поставки за заштита на приватноста кои се осигурени со AI, имаш моќ да одлучиш кои AI функции можат да пристапат до личните податоци. Можеш да одлучиш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.
      • Поврзаната безбедност, овозможена со технологијата Knox Matrix Trust Chain, го штити целиот екосистем на Samsung уреди кои можеш да ги контролираш директно од твојот Galaxy паметен телефон.,
      Продолжи на Приватност
    • Да, со Smart Switch лесно можеш да ги префрлиш твоите податоци од iOS на Galaxy S26 Ultra.

      • Лесно можеш да ги префрлиш контактите, фотографиите, видеата, белешките и настаните во календарот.
      • Нашата Smart Switch апликација ти овозможува да го поврзеш новиот уред на стариот на безжичен начин или со кабел за побрз трансфер.
      • Едноставниот процес на поставување значи дека можеш уште веднаш да почнеш да го користиш новиот уред со старите податоци.,,
      Дознај повеќе за Префрли се на Galaxy
    • Galaxy S26 Ultra има значајни подобрувања во хардверот и софтверот, што го прави поинаков од Galaxy S25 Ultra.

      • Прилагодениот процесор на Galaxy S26 Ultra е Snapdragon® 8 Elite Gen 5 for Galaxy, додека процесорот на Galaxy S25 Ultra е Snapdragon® 8 Elite Mobile Platform for Galaxy.
      • Новиот амбиентален дизајн на островчето со камери обезбедува поелегантен и префинет изглед.
      • Galaxy S26 Ultra го има првиот заштитен екран за приватност на мобилен телефон во светот.
      • Пошироките апертури значат дека широкоаголната камера од 200 MP се отвора до F1.4. Телефото камерата од 50 MP со 5x оптички зум и 10x зум со оптички квалитет, сега се отвора до F2.9. Ова овозможува да навлезе повеќе светлина за подобрена осветленост.
      • mDNIe ја подобри прецизноста на обработката на слики за 4 пати на Galaxy S26 Ultra, со што се подобрува квалитетот на екранот.,,,,
    • Вградениот заштитен екран за приватност е прв ваков екран на уреди Galaxy и е достапен само на Galaxy S26 Ultra.

      • Ако се грижиш дека некој може да ги види твоите лични податоци кога се наоѓаш на места каде што има многу луѓе, може да го активираш заштитниот екран за приватност да го сокрие целиот екран.
      • Вклучи го заштитниот екран за приватност директно од панелот за брз пристап за брзо да го заштитиш екранот.
      • Можеш и дополнително да го приспособиш така што ќе избереш да се активира само за одредени апликации или известувања.
      Продолжи на Заштитен екран за приватност
    • Има многу Galaxy AI функции што се осмислени да ти помогнат да ја зголемиш продуктивноста и да лесно да ги завршуваш обврските за денот.

      • Now Nudge разбира што има на екранот и дава автоматски предлози или ти помага во водење на разговорите. При размена на пораки, дава кратки предлози ако имаш потреба веднаш да го прегледаш календарот или Gallery со само еден допир.
      • Now Brief предлага рутини врз основа на твоите навики или дава потсетници врз основа на распоредот на обврски.
      • Search with Finder ти овозможува да најдеш информации зачувани на твојот уред со помош на Finder на почетниот екран, помагајќи ти да се сетиш каде се работите.,,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Да, Galaxy S26 Ultra е оптимизиран за долги гејминг сесии благодарение на напредниот систем за ладење, подобрувањата на екранот и моќната графичка поддршка.

      • Редизајнираната Vapor Chamber помага да се одржуваат пониски температури на уредот, така што перформансите остануваат беспрекорни дури и при долги часови играње.
      • Нашата сопствена технологија mobile Digital Natural Image engine (mDNIe) го подобрува квалитетот на екранот со поинтензивни бои и поголема јасност, благодарение на четирикратно зголемената прецизност при обработката на сликата. Ова ти овозможува да забележиш повеќе детали и да уживаш во подлабоко, поимпресивно гејминг искуство.
      • Подобреното следење на зраците носи пореалистично осветлување, рефлексии и сенки во поддржаните игри, за уште поживописно и реалистично искуство.,,
      Продолжи на Перформанси
    • Камерата на Galaxy S26 Ultra доаѓа со подобрувања за да биде најсветлата камера во Galaxy S Серијата.

      • Подобрените F-броеви на задната широкоаголна камера значат дека пошироката апертура сега се отвора до F1.4. Ова овозможува пропуштање повеќе светлина и обезбедува подобрена осветленост за 47 %, што е совршено за портрети или снимање во услови со слабо осветлување.
      • Предната камера сега вклучува AI ISP, што овозможува попрефинети и поприродни селфи фотографии. Galaxy AI ја оптимизира секоја фотографија во реално време за појасни детали, како и попрецизен тон на кожата и подобрени текстури на косата и веѓите, побогати бои и подобри резултати при слабо осветлување.
      • Опцијата Super Steady вклучува нова функција за хоризонтално заклучување, која овозможува видеата да останат избалансирани и стабилни, без разлика колку ја навалуваш камерата додека одиш или трчаш.,,,
      Продолжи на Камера
    • Да, на Galaxy S26 Ultra можеш да ги користиш Помош за фотографирање и Creative Studio, кои се подобрени со AI.

      • Со Помош за фотографирање можеш да преместуваш, зголемуваш или отстрануваш предмети, како и да пополнуваш заднини за лесно и брзо уредување на фотографиите. Сега можеш да користиш и едноставни текстуални инструкции во делот „Create“ за уште побрзо и поинтуитивно уредување.
      • Creative Studio е функција за автоматско креирање содржини што ти овозможува со еден допир да создаваш забавни креации, како на пример комплети налепници, кои потоа можеш лесно да ги споделиш со пријателите.,
      Продолжи на Galaxy AI
    • Galaxy S26 Ultra има три достапни опции за меморија, како и простор за складирање од 12 GB или 16 GB во зависност од начинот на кој го користиш телефонот.

      • Опцијата од 1 TB доаѓа со простор за складирање од 16 GB, што е совршено ако често снимаш видеа со висока резолуција, играш графички захтевни игри или преземаш големи апликации.
      • Опцијата од 512 GB доаѓа со простор за складирање од 12 GB и ти овозможува повеќе простор за редовно фотографирање, преземање датотеки и користење повеќе апликации истовремено.
      • Опцијата од 256 GB доаѓа со простор за складирање од 12 GB и е одличен избор ако најчесто гледаш содржини и повремено фотографираш или снимаш видеа.
      Продолжи на Меморија
    • Преминувањето на Galaxy S26 Ultra може да се направи во само неколку едноставни чекори кои Samsung внимателно ги дизајнираше за целосно беспрекорно искуство. Можеш лесно да ги префрлиш контактите, фотографиите, музиката, видеата, пораките, белешките, календарите и многу повеќе.

      • Потоа, со помош на нашата апликација Smart Switch, безжично префрли ги податоците. Со еден потег можеш да пренесеш фотографии, контакти, апликации и многу други содржини од стариот уред.
      • Прво, со помош на нашата апликација Smart Switch, безжично префрли ги податоците.
      • Со еден потег можеш да пренесеш фотографии, контакти, апликации и многу други содржини од стариот уред и уживај во твојот нов Galaxy.,,,
      Дознај повеќе за Префрли се на Galaxy

    Galaxy S26 | S26+

    Дознај повеќе
    1. Карактеристиката Заштитен екран за приватност го контролира аголот на гледање на екранот за да ја ограничи периферната видливост и можете да ја активирате во поставките. Активирањето одредени апликации е исто така достапно во поставките. Можно е да се појават одредени промени во квалитетот на сликата надвор од аголот на гледање. Некои информации сепак може да бидат видливи за други лица, во зависност од условите во опкружувањето, како што се аголот или осветленоста. Се препорачува претпазливост при прикажување чувствителни информации.
    2. Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со Galaxy S25 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
    3. Покажани се подобрувања на перформансите на осветлувањето споредено со Galaxy S25 Ultra.
    4. Резултатите може да се разликуваат во зависност од осветлувањето и/или условите при снимање кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
    5. За Помош за фотографирање може да биде потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Уредувањето со Помош за фотографирање може да резултира со фотографија со променета големина. Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
    6. Тежината може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
    7. Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S26 е 6,3 инчи како цел правоаголник и 6,1 инчи кога се сметаат заоблените агли, големината на екранот на Galaxy S26+ е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,5 инчи кога се сметаат заоблените агли и големината на екранот на Galaxy S26 Ultra е 6,9 инчи како цел правоаголник и 6,7 инчи кога се сметаат заоблените агли; вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.
    8. Споредено со претходни модели.
    9. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерената струја врз потрошувачката на енергија од батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот) на главниот екран. Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
    10. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
    11. Достапно ексклузивно на Samsung.com.
    12. Armor Aluminum рамката не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња, отворот за SIM-картичка или објективот на камерата.
    13. Corning® Gorilla® Armor 2 е поставено на предниот дел на уредот, а Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на задниот дел на уредот.
    14. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути. Не навлегува прав; целосна заштита од контакт (непропустлив за прав). Отпорноста на уредот на вода и прав не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење.
    15. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 4175 mAh за Galaxy S26, 4755 mAh за Galaxy S26+ и 4855 mAh за Galaxy S26 Ultra.
    16. Карактеристиката ProScaler е поддржана на моделите Galaxy S26+ и Ultra. Квалитетот на сликата може да се зголеми до QHD+, во зависност од поставката за резолуција на екранот на уредот.
    17. Брендираните Snapdragon производи се производи на Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.
    18. Покажано е подобрување на перформансите на Vapor Chamber споредено со Galaxy S25 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
    19. Следење на зраците е поддржано на Galaxy S26 уреди. Достапноста може да се разликува во зависност од уредот, содржината и апликацијата.
    20. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД и во Обединетото Кралство во периодот 8.1.2026 – 30.1.2026 година со претпродажни верзии на SM-S942, SM-S947 и SM-S948 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
    21. Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
    22. Зум со оптички квалитет е овозможен од сензорот за адаптивен пиксел. Растојанијата од 3x и 5x се оптички зум. Растојанијата од 2x и 10x се зум со оптички квалитет.
    23. Резултатите од опцијата Super Steady може да се разликуваат во зависност од начинот на уредување и/или условите при снимање.
    24. 100x Space Zoom вклучува 10x зум со оптички квалитет и 100x дигитален зум со технологија Super Resolution. Растојанијата за зумирање поголеми од 10x може да предизвикаат влошување на квалитетот на сликата. AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.
    25. За функцијата Creative Studio е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани. Комплетите налепници се компатибилни само со тастатурата на Samsung и може да се споделуваат исклучиво преку функцијата Quick Share со други Galaxy уреди што имаат инсталирано One UI 5.0 или понова верзија и Quick Share апликација со верзија 13.8.50.x или понова.
    26. За функцијата Now Nudge е потребно најавување на Samsung Account. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Предлозите за текстуални пораки се достапни со одредени апликации за размена на пораки од трети страни, вклучувајќи ги Samsung Messages, Google Messages, Google Chat, WhatsApp, WhatsApp Business, KakaoTalk, LINE, Signal, Instagram (DM), Tango, NTT Docomo Messages и KDDI Messages. Споделувањето фотографии во Now Nudge функционира преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.
    27. За функцијата Now Brief е потребно најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уред, апликациите. За одредени функции може да биде потребно мрежно поврзување. Описот на фотографиите дадени по моменти можеби не е во согласност со намерата на корисникот. За известувањата за прошетка на куче треба да се активирани SmartTag2 и Pet Care во SmartThings. SmartTag2 се продава одделно. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.
    28. Достапните функции и карактеристики од Search with Finder може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. За напредно пребарување, податоците може да се пребаруваат само на истиот јазик како јазикот на кој е поставен системот. Во поддржани апликации во моментов спаѓаат Календар, Потсетници, Белешки, Снимање повик, Гласовно снимање, My Files, Gallery и Поставки. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.
    29. За достапноста на услугата Bixby е потребна најава на Samsung Account и мобилен интернет. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти од англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), англиски (Индија), француски (Франција), германски (Germany), италијански (Италија), јапонски (Јапонија), корејски (Јужна Кореја), мандарински (Кина), шпански (Шпанија), португалски (Бразил) и шпански (Латинска Америка). Други поддржани јазици може да бидат додадени во иднина. Можеби нема да ги препознае сите акценти, дијалекти и изрази, а вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од изговорот, јачината на гласот и околината. Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации, како при снимање (видео/игра/глас), за време на повици, во режим на максимална заштеда на енергија, итен режим и Samsung Kids. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/давателот на услуга/јазикот/моделот на уредот/верзијата на OS. Со Bixby се контролираат одредени апликации, други апликации ќе бидат поддржани во иднина. За да се контролираат уреди што имаат SmartThings со Bixby, прво поврзете ги уредите на апликацијата SmartThings. За повеќе информации, посетете ја веб-локацијата на SmartThings (www.samsung.com/smartthings).
    30. Personal Data Engine функционира под услов да е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе бидат избришани откако ќе се исклучи менито Personal Data Intelligence. Personal Data Engine препознава одредени јазици и акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на: корејски, англиски, шпански, италијански, германски, француски, португалски, полски, кинески (поедноставен), јапонски, тајландски, хинди и виетнамски. Personal Data Engine во моментот ги анализира оригиналните апликации на Samsung и известувањата од поддржаните апликации.
    31. KEEP е достапно само на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 8 или понова верзија.
    32. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Обезбедените акциски капсули може да се разликуваат во зависност од моделот.
    33. За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Отворете ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
    34. За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отворете ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземете ја Smart Switch за iOS од App Store на вашиот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Contacts, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
    35. Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
    36. Карактеристиката Quick Share е достапна меѓу Galaxy уреди со следниов оперативен систем: паметни телефони и таблети што работат на Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова верзија, PC што работат на Windows 10 или понова верзија. Потребни се Samsung Account и Wi-Fi и Bluetooth поврзување. Quick Share меѓу iOS и Android уреди е достапно со испраќање споделена врска: поединечните датотеки што се споделуваат не смеат да надминуваат 10 GB (вкупно 10 GB дневно), а врската ќе истече по два дена; потребни се Samsung Account и интернет поврзување.
    37. Секој уред Galaxy се продава одделно.
    38. AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.