Galaxy Z Flip7 FE

Префрли се на Flip и сите ќе ти бидат на домет

Се гледа отворен Galaxy Z Flip7 FE во црна боја. Како што се врти, целосно се отвора сѐ додека не се прикаже надворешниот екран. Совршено го собира и в џеб и в рака.

Нашиот уникатен паметен телефон сега секој може да си го направи свој. Galaxy Z Flip7 FE го зема уникатниот Flip дизајн и го комбинира со карактеристиките со високи перформанси на нашите врвни паметни телефони — има професионална камера, широки екрани и долготрајна батерија, а сето тоа го собира директно во твојот џеб.

Не пропуштај ги најважните моменти
  • Компактен дизајн со големо влијание

    Прикажан е крупен кадар од затворен Galaxy Z Flip7 FE во бела боја и од страна. Како што се врти, се отвора и се гледаат FlexMode и надворешниот екран.

  • Биди чекор пред денот со Now Brief

    На надворешниот екран на Galaxy Z Flip7 FE се гледа резимето за викендот од Now Brief. Корисникот може да лизга низ целото резиме преку надворешниот екран за да ги види записите за тренингот, најновата временска прогноза, фото-спомените и многу повеќе.

  • Истакни ги своите најдобри агли

    Прикажан е крупен кадар од објективите на камерата на Galaxy Z Flip7 FE во бела боја. Како што се одзумира, се гледа FlexMode од задната страна. На FlexWindow се гледа групна селфи слика.

Компактен дизајн со големо влијание

Благодарение на тенката форма и компактната големина, Galaxy Z Flip7 FE е дизајниран за совршено место во џеб. Отвори го за да ја искусиш убавината на целиот екран со сите карактеристики и функции на еден врвен паметен телефон кој комбинира практичност и разновидност во еден единствен дизајн.

Се гледа Galaxy Z Flip7 FE во црна боја. Затворен е и удобно сместен в џеб.
Се гледа Galaxy Z Flip7 FE во црна боја, во FlexMode и на надворешниот екран.

Биди смел во монохром

Дополнителна опрема соодветна за твојот практичен Flip

Силиконска футрола
Проѕирна футрола

*Galaxy Z Flip7 FE е компатибилен со сите футроли за Galaxy Z Flip6.

Камера од 50 MP за селфи

Се снима селфи слика од две лица, без да се користат рацете, со помош на задната камера од 50 MP на Galaxy Z Flip7 FE. Доловени се детали и попрецизни текстури.
Снимај богати и уште подетални селфи слики со минимален труд, директно од надворешниот екран. Камерата со висока резолуција од 50 MP е подобрена со нашиот ProVisual Engine и испорачува чисти, богати слики со реалистични детали, како на пример со точен тон и текстура на кожата.,
Rear Camera
  • 12 MP Ултраширока
  • 50 MP Широкоаголна 2x зум со оптички квалитет
Front Camera
10 MP Главен екран

Истакни ги своите најдобри агли

Камерата на Galaxy Z Flip7 FE може автоматски да детектира слабо осветлување со Nightography, чистејќи ја бучавата и зголемувајќи ја острината за да добиеш јасни слики дури и во мрак. Допри го копчето за двоен преглед и надворешниот екран ќе му овозможи на субјектот да понуди креативни предлози.
Се гледаат два Galaxy Z Flip7 FE уреди во бела боја. Едниот е во FlexMode и снима сцена без да се користат рацете. Благодарение на Nightography, деталите остануваат јасни дури и при слабо осветлување. На другиот се прикажува главниот екран и е малку подзатворен за да се снимаат видеа како на видеокамера.
FlexCam на Galaxy Z Flip7 FE стои самостојно — буквално. Стави ја во FlexMode за да снимаш сцени без да ги користиш рацете, или снимај како со видеокамера со контролите кои ги управуваш со една рака.

Биди чекор пред денот со Now Brief

На Now Bar се гледа известување од Now Brief. Се трансформира и се појавува кон дното на надворешниот екран на Galaxy Z Flip7 FE.

Now Bar. Нурни во сегашниот момент

Now Bar, достапно директно на надворешниот екран, ти дава директен пристап до музиката што се репродуцира, известувањата во живо и многу повеќе.
Ажурирањата од Now Bar се појавуваат кон дното на надворешниот екран на Galaxy Z Flip7 FE. Можеш да лизгаш низ нив за да видиш кои апликации се активни, како на пример музиката, вежбите или пристапот до најновото ажурирање на Now Brief.

Персонализирани резимеа со Now Brief

Добиј персонализирано резиме за денот со Now Brief, директно на надворешниот екран. Со само еден поглед ќе видиш приспособени увиди, како на пример најновата временска прогноза и Енергетските поени.

На надворешниот екран на Galaxy Z Flip7 FE се гледа резимето за викендот од Now Brief. Корисникот може да лизга низ целото резиме преку надворешниот екран за да ги види записите за тренингот, најновата временска прогноза, фото-спомените и многу повеќе.

Зборувај со Gemini за сè што гледаш

Google Gemini Live е активно, а корисникот бара совет за тоа како да го испере својот фустан. Преку камерата, на екранот се прикажува етикетата за нега, истакнувајќи ги симболите за перење.

Зборувај слободно и природно со Gemini Live за да добиеш информации во реално време. Сподели ги моментите преку камерата за да побараш совет или идеи.

Добијте 6 месеци Google AI Pro, вклучувајќи 2 TB простор за складирање

Добијте 6-месечен пробен период од нас, со поголем пристап до моќни функции во апликацијата Gemini, како што е генерирање видеа од Veo3, плус 2 TB безбедно складирање во облак.

Твојата приватност, заштитена во ерата на AI

  • Заштита на самиот уред

    Нашиот Personal Data Engine безбедно ги собира и обработува твоите лични податоци. Потоа, ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со Knox Vault и со тоа го отежнува пристапот за други лица.

  • Приспособени контроли

    Преземи контрола врз твоите Galaxy AI. Ти одлучуваш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.

  • Поврзана безбедност

    Технологијата Knox Matrix Trust Chain овозможува безбедност низ поврзаните уреди Galaxy, така што сега може да ја надгледуваш безбедноста и на другите уреди директно од паметниот телефон Galaxy.

Истакни си го стилот со сосема новиот One UI

Извлечи го максимумот од FlexWindow со подобреното приспособување на тапетите и новите помошни програми кои може да се подредат во приказ со повеќе помошни програми. One UI 8 ти овозможува да креираш вистински персонализиран надворешен екран приспособен според начинот на кој го користиш телефонот.,

Прикажани се три Galaxy Z Flip7 FE уреди во црна боја во разни положби. На секој надворешен екран има тапет со часовник; помошна програма за резиме и почетен екран.

Беспрекорни прикази, и однатре и однадвор

Батеријата од 4000 mAh е оптимизирана од моќниот процесор за повеќечасовна забава на главниот екран. Со 6,7” и со максимално осветлување од 2600 нити, овој воодушевувачки екран останува детален и јасен во секое време од денот.,,

На главниот екран на Galaxy Z Flip7 FE се репродуцира видео кое е подолго од 3 часа и 15 минути благодарение на долгото траење на батеријата.

Зачувај сѐ што ти треба

Зачувај ги сите драгоцени моменти на дланка со меморијата од 8 GB и со помош на двете опции за складирање. Избери меморија до 128 GB ако најмногу сакаш да сликаш и да стримаш видеа. Или, избери уште повеќе, избери меморија до 256 GB, ако си страстен гејмер или ако преземаш поголеми апликации, за да не ти снема простор за складирање и да не ти биде бавен телефонот.

Зошто да се префрлиш на Galaxy

Замисли каде сѐ можат да те одведат нашите најмоќни паметни телефони. Нема само да откриеш целосно нов свет, туку една цела Galaxy која совршено работи со други Android уреди. Можеш дури и лесно да праќаш датотеки меѓу разни уреди со помош на функцијата Quick Share. Префрли се и види како се отвора свет на можности со Galaxy паметен телефон. Дознај повеќе

Прикажан е отворен Galaxy Z Flip7 FE, а се гледа главниот екран. Зад уредот има два други обични паметни телефони. Апликациите како што се Фотографии, Контакти и Датотеки лесно се префрлаат од паметните телефони на Galaxy Z Flip7 FE со помош на Smart Switch и Quick Share.
  • Smart Switch

    Лесно можеш да се префрлиш од телефонот што го користиш моментално. Со помош на Smart Switch, можеш лесно и безбедно да ги префрлиш фотографиите, видеата, контактите и апликациите.,, Дознај повеќе

  • Quick Share

    Користи ја функцијата Quick Share за лесно да испраќаш датотеки од еден уред на друг што е или не е Galaxy, вклучувајќи Android OS и PC. Дознај повеќе

  • RCS

    Протоколот Rich Communication Services (RCS) ти овозможува да праќаш медија со висок квалитет, да видиш дали другиот ја добил пораката и да реагираш во реално време за непречена комуникација преку пораки меѓу Android и iOS. Дознај повеќе

  • Try Galaxy

    Сакаш да видиш што е ново на Galaxy? Искуси ги најновите Galaxy AI и One UI во апликацијата Try Galaxy или на веб-страницата trygalaxy.com. Испробај сега

    QR-код за да пристапиш до Try Galaxy.

Поддршка со приоритет

Уживајте во премиум услуга за Вашиот уред
Galaxy Z серијата - брза, експертска и без напор.

Дознај повеќе

Поврзаното живеење започнува со Galaxy

Поврзи го Galaxy Z Flip7 FE со Galaxy Watch8, Buds3 Pro и со други Samsung Galaxy уреди за беспрекорно попаметно живеење.

Дознај повеќе

Чекор по чекор до поодржлива иднина

Подобрата иднина започнува со мали чекори. Размислувајќи за иднината, помагаме да се создаде кружна економија каде што материјалите може да се рециклираат и реупотребат.

Често поставувани прашања

  1. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
  2. Резолуцијата од 50 MP е достапна само на широкоаголната задна камера на Galaxy Z Flip7 FE.
  3. Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање и/или кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
  4. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата. За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account.
  5. Функцијата Now Brief бара најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот и апликациите. Некои функции може да бараат мрежна врска. Треба да се овозможат режимите и рутините за да се користи Personal Data Engine за предлози за рутини засновани на контекст. Корисникот треба да се согласи да дозволи пристап до, на пример, фотографии, видеа, аудиодатотеки и настани во календарот. Може да не покажува моменти во зависност од политиката за вредност на експозицијата. Описот на фотографиите даден преку моменти може да не е во иста линија со намерата на корисникот. Известувањето за распоред на настани е поддржано со апликации за календар што користат база на податоци за календарот на Android и е достапно ако е инсталиран Календарот на Samsung. Известувањата за купони се достапни само за купони додадени во Samsung Wallet со датум на истекување. За да се провери Energy Score, здравствените податоци кои се следени од Samsung Galaxy Watch или Samsung Galaxy Ring мора да се синхронизираат со апликацијата Samsung Health. Резултатот е само за ваша лична информираност и не е предвиден за медицински цели.
  6. Gemini е трговска марка на компанијата Google LLC. Резултатите се за илустрација. За функцијата Gemini Live е потребно поврзување на мрежа и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Компатибилно со одредени функции и одредени сметки. Во моментот, може да користите лична Google Account со која управувате вие или, пак, сметка од работното место или од училиште, а за која администраторот овозможил пристап до Gemini. Мора да бидете на возраст од 13 години (или соодветната возраст во вашата земја) или постари за да ја користите опцијата Gemini со лична или училишна Google Account; или да бидете на возраст од 18 години или постари за да ја користите опцијата Gemini со деловна сметка.
  7. Сликата е скратена и симулирана. Резултатите се за илустративни цели и може да се разликуваат. Проверете ја точноста на одговорите. Gemini е трговска марка на Google LLC. Важат услови. Ако се претплатите, се согласувате со условите за Google One, кредитите за вештачка интелигенција и понудите. Понудата завршува на 20 јули 2026 година. Достапно само за лица над 18 години. Освен ако не го откажете порано, Google One ќе наплаќа 19.99 USD/месечно по завршувањето на пробниот период. Откажете во секое време. Враќањето на купениот уред може да резултира со откажување на претплатата. Погледнете ги целосните услови на https://one.google.com/offer/terms-and-conditions/samsung-flipfold7-6month-trial
  8. Personal Data Engine функционира под услов да е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе бидат избришани откако ќе се исклучи менито Personal Data Intelligence. Personal Data Engine препознава одредени јазици и акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на: арапски, (поедноставен) кинески, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски, романски, руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски. Personal Data Engine во моментот ги анализира оригиналните апликации на Samsung.
  9. За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
  10. За карактеристиката Weather Wallpaper е потребно мрежно поврзување за да добивате податоци за временската прогноза. Може да ги прикаже податоците за временската прогноза без мрежно поврзување откако уредот ќе ги прими податоците од уредот. Прикажувањето на временските услови во реално време може да биде одложено, бидејќи услугата се потпира врз ажурирањата на информациите за локалната временска прогноза. Одредени фотографии може да се сликнат внатре или во услови со слабо осветлување или со слаба резолуција, но можеби нема да бидат компатибилни. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
  11. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Flip7 FE е 3887 mAh.
  12. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
  13. Фактичкото времетраење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на полнењата и многу други фактори. Проценет во однос на просечниот кориснички профил собран од UX Connect Research. Независно проценет од UX Connect Research од 2025.05.31 до 2025.06.08 во ОК со претходно објавени верзии на SM-F761 според стандардните поставки со користење на мрежите LTE и 5G Sub6. НЕ е тестиран за мрежа 5G mmWave.
  14. Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
  15. За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 5.0 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување.
  16. За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Контактите, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред.
  17. Се препорачува да се користи жично поврзување кога се пренесуваат разни групи податоци во исто време.
  18. Карактеристиката Quick Share е достапна меѓу Galaxy уреди со следниов оперативен систем: паметни телефони и таблети што работат на Android OS верзија 10.0 (Q) и One UI 2.1 или понова верзија, компјутери што работат на Windows 10 или понова верзија. Потребни се Samsung Account и Wi-Fi и Bluetooth поврзување. Quick Share меѓу iOS и Android уреди е достапно со испраќање споделена врска: поединечните датотеки што се споделуваат не смее да надминуваат 10 GB (вкупно 10 GB дневно), а врската ќе истече по два дена; потребни се Samsung Account и интернет поврзување.
  19. Достапноста на RCS и на функциите може да се разликува во зависност од моделот на уредот, регионот и операторот. Сите членови на групниот разговор мора да имаат овозможено RCS. Трансферите со висока резолуција се ограничени на датотеки до 100 MB по еден трансфер.
  20. За да ги исполнувате условите за откуп, уредот мора да ги исполнува сите барања од Програмата за откуп. За повеќе детали, погледнете на https://www.samsung.com/mk/trade-in/.
  21. Важат условите за употреба. Покритието за Samsung Care+, видот на услугата и деталите на промоцијата може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот и може да важат одбитоци (надомест за услуга). Може да биде потребно да се регистрирате за да бидете подобни за придобивките од промоцијата за Samsung Care+. За повеќе информации за Samsung Care+, посетете ја https://www.samsung.com/samsung-care-plus/.
  22. Секој уред Galaxy се продава одделно.
  23. AI Zoom се применува на растојанија меѓу должини на дигитален зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.