Решавање на проблемите кај пораките за грешки со USB кога ги ажурирате моделите на телевизори Kant-SU2 и Kant-S2

Кога ги ажурирате моделите на телевизори од 2020 година (Kant-SU2 и Kant S2) со USB-меморија, може да добиете порака за грешка на екранот. Може да го решите проблемот со следниов водич за надградба на фирмверот на телевизорите од Samsung.

Кога на телевизорот се прикажува само порака за грешка со USB

  • Ако телевизорот не Ви работи и се прикажува сликата дадена подолу при ажурирањето на фирмверот кај моделот Kant-SU2 или Kant-S2, треба да ја знаете причината за проблемот.

Ова е софтверски проблем и конечната верзија на ажурирањето ќе биде завршена кога ќе рестартирате двапати. Ако ја отстраните USB-меморијата или го исклучите напојувањето пред да заврши второто рестартирање, на екранот ќе се појави икона за грешка со USB.

 

  • Не вадете ја USB-меморијата.
  • Не откачувајте го кабелот за напојување.
  • Не исклучувајте го телевизорот.

Забелешка: отстранувањето на USB-меморијата или откачувањето на кабелот за напојување може да предизвика грешка во фирмверот или дефект на матичната плоча. Овие проблеми не се опфатени со политиката за гаранција на Samsung.

Решение: повторно вметнете ја истата USB-меморија

Ако ја извадите USB-меморијата и ако се појави иконата за грешка, може да ја поправите грешката така што ќе вметнете USB-меморија на која ја има најновата верзија од фирмверот. Потоа ажурирањето ќе биде завршено и грешката ќе биде отстранета автоматски.

Забелешка: Најновиот фирмвер може да се преземе од Samsung.com

  • Мануелен процес за ажурирање на фирмверот (USB / OTN)

 

TV On (Вклучи телевизор) -> FW update via (USB / OTN) (Ажурирај фирмвер преку USB / OTN) -> Reboot (Рестартирај) -> Display Logo (Прикажи лого) -> Black Screen (Црн екран) (макс. 10 сек.) -> Progress bar (Лента за напредок) (30-60 сек.) -> Reboot (Рестартирај) -> Display Logo (Прикажи лого) -> TV On (Вклучи телевизор) (Завршено)

 

  • Напредок при автоматското ажурирање на фирмверот

 

TV On (Вклучи телевизор) -> Reboot (Рестартирај) -> Display Logo (Прикажи лого) -> TV On (Вклучи телевизор) (Завршено)

Влезете во About TV (За телевизорот) во менито и ќе се прикаже називот на телевизискиот софтвер.

 

  • T-KTS2.... е ознака за платформата KANT-S2.
  • T-KTSU2.... е ознака за платформата KANT-SU2.

Благодариме за повратните информации