

Samsung Neo QLED ти носи неверојатни нивоа на реализам со Samsung Vision AI. И не само тоа, ти го прави секојдневниот живот многу полесен и со повеќе уживање.

На Samsung Neo QLED телевизор е прикажан живописен син пејзаж на екранот. Живописни сини светлосни зраци излегуваат од телевизорот.
Преглед и награди на Neo QLED
Samsung Vision AI
2025 NQ AI процесор
Искуси извонредни нови нивоа на квалитет на слика и звук со нашиот најнапреден процесор досега. Засилен со AI невронски мрежи, ги зајакнува перформансите на телевизорот за подобри содржини.

Чип за Samsung NQ8 AI Gen3 процесор стои на матичната плоча на телевизорот. Светлечки линии за струја се појавуваат од чипот на процесорот.
- До 2x побрза NPU
- До 4x побрза GPU
- До 90% побрза CPU
AI Upscaling
Нашите AI функции можат да ги вивнат твоите омилени серии и филмови во ултрависока резолуција, дури и ако не биле снимени така. Со поголема јасност, детали и длабочина, светот на екранот никогаш не изгледал пореалистично.

Малку заматена сцена од татко и мала ќерка седнати на маса во кујна, разговарајќи. Се појавува чип за Samsung NQ8 AI Gen3 процесорот. Тој анализира разни точки во сцената и ја оптимизира за подобар квалитет. Сега сцената изгледа појасно и живописно.

Color Booster Pro
Живи тонови, извонредни детали. Color Booster Pro користи AI за динамично да ги подобри боите во секоја сцена.

Auto HDR Remastering Pro
Надгради ги содржините во живописен квалитет како HDR. AI ја анализира секоја сцена за да овозможи светли истакнати моменти, јасни детали и богата слика.

Adaptive Sound Pro
Искуси подобрена јасност на гласови и живописен, но балансиран звук баш онака како што замислиле креаторите. Нашата AI го оптимизира аудиото врз основа на тоа што го гледаш и на средината, потоа го приспособува со технологија на подобрување на звукот.

Ослободи ја својата имагинација, Избери тема за клучни зборови, Природа, Забава, Зграпчи го денот, Среќен празник, Декорација, Инспирирај ме. Клик на Зграпчи го денот. Што те привлекува? 3 слики, регенерирај, рестартирај. Клик на регенерирај. 3 нови слики. Клик на средната слика. Избраната слика е зачувана. Содржини генерирани со AI.
Generative Wallpaper
Промени го амбиентот на домот со преубави заднини на телевизорот. Само избери клучни зборови за концептите што ги сакаш и AI ќе генерира уникатни слики за прикажување на големиот екран.

AI Mode
Седни, опушти се и остави ги поставките да се приспособат самите. Нашата AI може да ги препознава содржините и опкружувањето, па да ги приспособи сликата и звукот за најдобро доживување.

Pet Care
Користи го телевизорот како помошник за чување на милениците кога си надвор. Телевизорот може да детектира бучава, како лаење, преку неговиот микрофон и потоа автоматски да ја пушти омилената содржина на миленичето за да го смири.

Universal Gestures
Контролирај го телевизорот со едноставни движења од твојот Galaxy Watch. Без разлика дали вежбаш, готвиш или работиш повеќе работи одеднаш, лесно може да го управуваш телевизорот со интуитивни гестови — без да го допреш далечинскиот управувач.

Samsung Knox Security
Уживај во безбедноста што ја нуди најсовремената заштита на Samsung. Чувствителните податоци, како лозинки, се заштитени, поврзаните уреди се следат и злонамерните активности се блокирани автоматски. Покрај тоа, нашиот безбедносен тим редовно го ажурира телевизорот за да го заштити од најновите закани.
Квалитет на слика
Quantum Mini LED Pro
Искуси ги нашите најнапредни Quantum Mini LED Pro, прецизно контролирани од технологијата Quantum Matrix Technology. Со само 1/50 од големината на конвенционалните LED-сијалички, Quantum Mini LED Pro во Neo QLED телевизорите овозможуваат прецизна контрола на ултрафините светла за извонредно детална слика и во темни и во светли сцени.

Прикажано е заднинско осветлување со Quantum Mini LED. Слоеви се отстрануваат како капаци за да се прикаже Quantum Mini LED Pro што се 1/50 од големината на конвенционалните LED-сијалички во Samsung моделот Q8F. LED-сијаличките се активираат, овозможувајќи контрола на светлата осветленоста на екранот. Екранот без Quantum Mini LED Pro изгледа заматено, а на екранот со Quantum Mini LED Pro е прикажана јасна, детална слика од коњ.
* Quantum Mini LED Pro важи за QN85F и понови модели Neo QLED, а Quantum Mini LED важи за QN80F и постари модели Neo QLED.
Sound
Dolby Atmos® и Object Tracking Sound (Звук што го следи предметот)
Стави се во центарот на акцијата. Dolby Atmos создава звучен свод што те обвива, додека OTS ги следи предметите на екранот за да создаде динамични, реалистични ефекти — како налетот на мотор што прелетува покрај тебе.

Во кино, екран покажува сцена од човек на мотоцикл. Со Object Tracking Sound, се појавуваат звучни бранови таму каде што поминува мотоциклот на екранот. Глетката полека зумира во сцената, па го намалува зумот за да открие дека тоа е сцена на ТВ-екран во дневна соба. Dolby Atmos прави звучните бранови да се движат низ собата.
Q-Symphony
Уживај во слатката синергија на звучниците на телевизорот и soundbar-звучникот. Q-Symphony совршено ги усогласува овие извори на звук, испорачувајќи кристално чист звук што се шири низ просторијата.

На телевизор е прикажана сцена од маж и жена кои разговараат во ресторан. Кога е исклучена Q-Symphony, звучните бранови излегуваат само од soundbar-звучникот што е монтиран под телевизорот. Кога е вклучена Q-Symphony, звучните бранови излегуваат и од soundbar-звучникот и од телевизорот. Звучните бранови се поголеми и се движат во повеќе насоки.
One UI Tizen
One UI Tizen
Уживај во поперсонализирано и подобрено искуство со екранот, овозможено од Samsung Tizen OS. Искористи ги предностите на најновите иновативни функции на Samsung и чувствувај се безбедно со Samsung Knox. Освен тоа, One UI Tizen ќе ги поддржи надградбите на Tizen OS во следните 7 години.

Art Store
Уживај во повеќе од 3.000 ремек-дела од светски познатите музеи и уметници. Нашата Art Store ти овозможува да откриеш прекрасни нови уметнички дела, со релевантен избор за секоја сезона, празник и амбиент. Освен тоа, имаш пристап до повеќе од 370 бесплатни уметнички дела годишно со Art Store Streams.

SmartThings
Управувај со паметните уреди преку телевизорот со вградениот центар SmartThings — без потреба од посебен уред или адаптер. Исто така, може да имаш преглед на твојот паметен дом на екранот набрзинка. Освен тоа, сензорите на телевизорот може да ти помогнат во управување со средината, како сензорот за светлина што го детектира осветлувањето во просторијата.

Телевизор го користи својот вграден центар SmartThings со други паметни уреди во дневната соба, вклучувајќи ги клима-уредот, ролетните, прочистувачот на воздух, подната ламба, робот-правосмукалката, машината за перење, машината за сушење и фрижидерот. Се појавуваат логоата на SmartThings и Matter.
Дизајн
Infinity Air дизајн
Ултратенок профил со црни граници намалени до една тенка линија, поддржан на минималистички држач. Кога и да е вклучен екранот, овој дизајн непречено се претопува во заднината за да можеш да се фокусираш само на она што го гледаш.

Страничен поглед на тенок телевизор со Infinity Air дизајн како лебди во воздухот. Телевизорот се свртува неколку пати пред да застане на бел мермерен држач, а во заднината има бел ѕид. На телевизорот е прикажана живописна ноќна сцена на отворено со планини и зграда во која има пожар.


Спореди ги Samsung Neo QLED телевизорите
Асортиман
Често поставувани прашања
* Бр. 1 глобален бренд на телевизори: Извор – Omdia, февруари 2025 г. Резултатите не се одобрување на Samsung. Секое потпирање на овие резултати е на сопствен ризик на третата страна.
* Дизајнот и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од моделот. За детали, види ги спецификациите за секој модел. Сликата е симулирана за илустрација. Промените на спецификациите за изгледот и дизајнот на производот кои не влијаат на перформансите на производот може да бидат променети без претходно известување. UI, содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување.
- AI Upscaling: Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. Зголемувањето на резолуцијата може да не важи за поврзување со PC и режим на игри.
- Adaptive Sound Pro: Искуството може да се разликува во зависност од содржината и средината.
- Generative Wallpaper: Бројот на дозволени обиди за генерирање во еден ден може да биде ограничен. Функцијата е поддржана во други земји освен Кина.
- Pet Care: Стримувањето во реално време на мобилни уреди е поддржано на Android OS 11.0 или понова верзија или na iOS 16.0 или понова верзија и е достапно на телевизори Samsung од 2025 година и понови модели. Работи само кога е исклучен телевизорот. Телевизорот мора да биде поврзан на извор на струја за да може да се користи оваа функција. Телевизорот и мобилниот уред мора да бидат поврзани на SmartThings за да испраќаат и да примаат известувања.
- Universal Gesture: Поддржано само на Galaxy Watch4 и понови модели и Wear OS 5 и понови верзии.
- Samsung Knox Security: Samsung Knox Security важи за сите Samsung телевизори напојувани од Tizen®, пуштен во продажба од 2015 г. Потребно е најновото ажурирање на софтверот.
- Dolby Atmos® и Object Tracking Sound (Звук што го следи предметот): Локацијата и бројот на звучници може да се разликува во зависност од моделот.
- Q-Symphony: Компатибилноста за Q-Symphony може да се провери во спецификациите за soundbar-звучникот. Soundbar-звучникот се продава одделно. Локацијата и бројот на звучници може да се разликува во зависност од моделот.
- One UI Tizen: * Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub. За некои содржини и услуги е потребна регистрација и претплата. Потребна е Samsung Account. Надградбите на Tizen OS ќе бидат поддржани до 7 години почнувајќи од 2025 г., за производи пуштени во продажба во 2025 г. Напомена: оваа надградба не ги опфаќа перформансите на хардверот, функциите или долготрајноста.
- Art Store: За пристап до сите избрани дела потребна е претплата на Art Store. Претплатата подлежи на давачки. Уметничките дела во Art Store подлежат на промена без претходно известување. Art Store може да не биде достапна во некои земји.
- Преноси од Art Store: Достапноста може да се разликува во зависност од земјата. Времето во кое секој месец се испорачуваат 30 уметнички дела може да се разликува во зависност од регионот. Времето и честотата на испорачување на уметничките дела може да се разликува во зависност од регионот. Бројот на уметнички дела што се испорачуваат подлежи на промени без претходно известување.
- SmartThings: Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. Потребно е Wi-Fi-поврзување, Bluetooth или поврзување на друга безжична мрежа и најава на Samsung Account. Поврзаните уреди се продаваат одделно. UI подлежи на промени без претходно известување.