43" UHD TV 2019 RU7100 EU
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Повеќе детали, повеќе уживање1
Четири врвни функции
PurColor
Гледај ја својата омилена содржина со природни бои што толку јасно ги прикажуваат деталите како да гледаш во живо. Доживеј поживописно искуство на гледање.
Процесор UHD, неверојатен квалитет на сликата
Квалитет на сликата што ќе те воодушеви, а кој го овозможува еден чип што управува со бојата, го оптимизира контрастот и го контролира HDR.
4К UHD резолуција
Уживај во јасните остри слики со телевизорот 4K UHD што има 4x повеќе пиксели од телевизорот FHD. Сега може да ги видиш и најситните детали во секој кадар.
Затемнување UHD
Уживај во бојата, острината и во нивото на контраст што се оптимизирани според условите на гледање.
HDR, пронајди ги скриените детали
Гледај содржини HDR со јасна слика и подобра експресија на бои. Телевизорот Samsung UHD ти овозможува да видиш повеќе детали во светлите и темните кадри.
Тенок, модерен и едноставен2
Елегантен и тенок дизајн
Атрактивниот дизајн на телевизорите UHD, модерен и елегантен, природно ги исполнува контурите на твојот простор со својата префинетост.3
Универзалниот водич е твој личен кустос
Универзален водич: Само за UK, FR, DE, IT, ES
Пребарувај помалку, уживај подолго. Универзалниот водич на телевизорите Samsung UHD ти помага брзо и лесно да ја пронајдеш својата омилена содржина. Тој учи што ти сакаш, па потоа управува со сите работи на едно место.4
Лесен пристап до содржината и поедноставна контрола
Телевизорот Samsung UHD е уште попаметен со Smart Hub и далечинскиот управувач Samsung One Remote. Благодарејќи на нив, целата содржина ти е на дофат на рацете, почнувајќи од приемникот, па сѐ до конзолите за игри, апликациите и гледањето во живо. Еден далечински управувач е сѐ што ти е потребно.5
Беспрекорно поврзување
Се согласува со сѐ
Телевизорот Samsung UHD може да биде центар на новиот и удобен животен стил во кој сѐ е поврзано. Беспрекорно се согласува со паметните звучници и со мобилните апарати - дури и со производи од други производители.6
Amazon Alexa
Новите телевизори Samsung UHD ја користат апликацијата Alexa, што значи дека твојот живот станува многу поедноставен. Alexa, твојот личен помошник, лесно се поврзува. Со компатибилноста што ја нудат телевизорите Samsung UHD, Alexa сега може да го вклучи телевизорот, да ги менува каналите, да ја приспособува јачината на звукот и уште многу повеќе.7
ц
Новите телевизори UHD ја користат апликацијата помошник Google и навистина ти го олеснуваат животот. Менување канали, контролирање на јачината на звукот, на функцијата за премотување и уште многу повеќе - сето тоа само со едноставни гласовни команди.8
AirPlay 2
Телевизорите Samsung UHD првпат соработуваат со компанијата Apple. Со поддршка за AirPlay 2 може да стримуваш или да делиш содржини од апаратот Apple директно на твојот голем паметен телевизор. Без воопшто мака пушти видео или музика, гледај фотографии и други содржини преку својот iPhone, iPad или компјутер Mac и сето тоа на телевизорот Samsung UHD.9