Galaxy Fit3
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Трае до 13 дена со едно полнење. Удобно лежи на зглобот, следејќи над 100 тренинзи и дневни активности, вклучително и спиење. Ти овозможува да репродуцираш музика, да проверуваш повици и да испраќаш текстуални пораки директно од зглобот — остани поврзан и во тек со Galaxy Fit3.
До 13 дена со едно полнење
Добиј до 13 дена напојување со само едно полнење или брзо надополни ја батеријата до 65 % за само 30 минути. Не грижи се за траењето на батеријата и фокусирај се на секојдневната добросостојба.
Голем екран за големи подвизи
Големиот екран од 1,6 инчи дава огромен простор за интеракција со твојот Galaxy Fit3. Со леснотија гледај, допирај и лизгај за да направиш повеќе нешта за пократко време.
Тенок. Лесен. Подготвен за акција
Благодарение на елегантниот дизајн, Galaxy Fit3 се вклопува во рутината за вежбање. Тенкото алуминиумско тело, тешко само 18,5 g, секогаш покрај тебе при секојдневните тренинзи. Оценките 5ATM и IP68 значат дека е подготвен да се спротивстави на дожд или на прашината. Остани фит и биди спремен.
Те чекаат над 100 тренинзи
Истражи над 100 различни вежби што може да ги следиш, само двапати притисни го копчето Home. Заборави да притиснеш Start? Не грижи се. Galaxy Fit3 автоматски ги препознава и ги следи популарните тренинзи за тебе, вклучувајќи трчање, вежбање на елиптични справи, на справа за веслање, а сега дури и пливање.
Следи го спиењето. Добиј увид
Тенкиот, лесен Galaxy Fit3 совршено лежи на зглобот, тивко следејќи го шаблонот на спиење во текот на ноќта. Откриј ги деталите за своите фази на спиење, 'рчењето и кислородот во крвта. Откриј кој е твојот резултат од спиењето, добиј тренер за спиење и добро наспиј се, како што заслужуваш.
Вашето секојдневно здравје и благосостојба
Следи го здравјето секој ден со Galaxy Fit3, од дневни активности до нивоа на кислород во крвта. Види како напредуваш и направи поздрав избор.1
Брз преглед за следење на здравјето
Сеопфатен преглед за перформансите од тренингот, здравјето, спиењето и повеќе со помош на Samsung Health на твојот телефон. Провери ги собраните здравствени податоци преку Galaxy Fit3 и имај увид на поголем екран.
Повеќе функции на дофат на прсти
Најди го она што ти треба за миг со помош на интуитивните гестикулации. Лизгај надесно за известувања, налево за полиња, надолу за брзиот панел, а нагоре за списокот со апликации. За кратки и брзи тренинзи, двапати да го притисни го копчето Home за да скокнеш до списокот со вежби.
Детектира паѓања, обезбедува помош
Galaxy FIt3 прашува дали ти треба помош ако детектира паѓање со помош на вградените сензори, вклучувајќи и барометар. За други итни случаи, може да го притиснеш копчето Home 5 пати за да ги известиш своите контакти за итни случаи. Медицинските податоци се прикажуваат кога ќе пристигне помошта.
Репродуцирај, проверувај, одговарај. Сѐ од својот зглоб
Сликај слики, репродуцирај песни, проверувај ги дојдовните повици и одговарај на текстуални пораки — директно од зглобот, синхронизиран со твојот паметен телефон Galaxy. Си го изгуби телефонот? Заѕвони преку Galaxy Fit3 на својот телефон и најди го каде е. Покрај тоа, може да направиш резервни копии од лицата на часовникот, апликациите и многу повеќе за да ги зачуваш омилените поставки.
100+ лица на часовникот со разни карактеристики
Види колку калории имаш согорено денеска или, пак, провери го локалното време ширум светот со еден брз поглед. Избери од колекција со над 100 лица на часовник, од информативни до модерни или, пак, креирај си свое со омилената слика.
Започни со својата корисничка сметка на Samsung
За да почнеш со користење на Galaxy Fit3, мора да имаш регистрирана сметка на Samsung на својот телефон. Здравствените податоци на Galaxy Fit3 ќе бидат безбедно префрлени и зачувани на Samsung Cloud поврзан со твојата сметка, така што ќе имаш целосен пристап и ќе управуваш со своите податоци.
Спореди
Однеси го фитнес патувањето на следното ниво со серијата Galaxy Watch
Спецификации
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
Големина (Главен_Дисплеј)
1.6" (40.0mm)
-
Сензори
Акцелерометар, барометар, жиро сензор, оптички сензор за отчукувањата на срцето, сензор за светлина
-
Физичка спецификација
42.9 x 28.8 x 9.9 mm
-
Тежина
36.8 g
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
FreeRTOS
-
Технологија (Главен дисплеј)
AMOLED
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.6" (40.0mm)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
256 x 402
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Memory (MB)
16 MB
-
Акцелерометар, барометар, жиро сензор, оптички сензор за отчукувањата на срцето, сензор за светлина
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
42.9 x 28.8 x 9.9 mm
-
Тежина на тело (g)
36.8 g
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
208
-
Типично време на користење (денови)
До 13 Days
-
Вид нотификација
Вибрации
-
Боја
Сребрена
Решенија и совети
*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.
*Расположливата корисничка меморија е помала од вкупната корисничка меморија на уредот поради простор кој го одземаат оперативниот систем и програмите неопходни за нормално функционирање на производот.
*Достапната количина на меморија на корисникот може да варира во зависност од мобилниот оператор и може да се промени по ажурирањето на софтверот.