75" LS03T The Frame Smart 4K TV 2020
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Телевизор кога е вклучен. Уметност кога е исклучен.1
Светски бренд бр.1 ТВ за телевизори веќе 14 години2
'...Уметничкиот режим и финиот квалитет на слика создаваат уникатен додаток во нашиот дом.'
55' Class Frame QLED 4K UHD смарт телевизор (2019), САД, samsung.com3
Дизајниран да изгледа како рамка
Дизајн сличен на рамкаТелевизорот The Frame е телевизор со елегантна и модерна рамка која беспрекорно се вклопува во твојот декор. Не само што го разубавува просторот како телевизор, туку и станува дел од твојата лична галерија како уметничко дело.
Приспособи го на твојот стил
Приспособлива рамка
Телевизорот The Frame нуди избор на приспособливи рамки во разни бои. Избери ја совршената рамка според твојот простор, вкус, или уметнички дела — со магнетите можеш едноставно да додаваш и тргаш за да добиеш различни стилови.4
Разубавиш просторот со малку уметност
Уметнички режимИскуси го модерниот начин на прикажување на личната уметничка колекција, од одлични уметнички дела до омилени лични фотографии.
Види го светот со QLED технологијата
Colour Volume 100 % од Quantum DotТехнологијата Quantum Dot на Samsung овозможува 100 % видливост на бои, додека двојната ЛЕД технологија го зголемува контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување со цел да се добие оптимален тон на боја. Спој ги заедно и ќе добиеш неверојатно реалистични бои кои ги зачувуваат богатите детали и текстура — дури и при широки агли.5
Виси како вистинска рамка
Ѕиден носач без оставен простор
Монтирањето на телевизорот The Frame е брзо и едноставно, а можеш и да го вртиш странично, назад или напред за да имаш идеален поглед. Прекрасен е од секој агол, така што совршено се вклопува во твојот простор.6
Погледот останува чист
One Invisible Connection
Одржувај го просторот околу телевизорот The Frame совршено чист. One Invisible Connection ги крие каблите, така што преку One Connect Box можеш да ги поврзеш сите уреди без да се плеткаат кабли.7
Совршено се вклопува во секој дел од просторијата
Можности за поставување
Размислувај надвор од вообичаеното. Постави го телевизорот The Frame онаму каде што сакаш со помош на различните можности за поставување кои одговараат на твојот ентериер.8
Светски познатите галерии ги носиме во твојот дом
Art Store
Започни ја бестплатната пробна верзија на телевизорот The Frame и откриј ја неверојатната содржина достапна на Art Store. Кога стануваш член, добиваш неограничен пристап до уметнички колекции и фотографии, од класични до современи.9
Најголемата уметничка колекција
Пробај ја во рок од 3 месеци10Уживај во уметноста избрана само за тебе
Auto Curation
Телевизорот The Frame може да научи што ти се допаѓа и автоматски препорачува уметнички дела кои би сакал да ги видиш на ѕидот. Исто така те одржува во чекор со новите и популарни уметнички дела.11
Направи колекција од омилените дела
Омилени дела
Создади своја персонализирана галерија во дневната просторија со помош на омилените уметнички дела. Избери и означи ги делата кои ти се допаѓаат како Омилени и тие ќе бидат собрани на едно место. 12
Додавај уметнички филтри на твоите фотографии
Филтри
Трансформирај ги твоите слики во ремек дела. Може да избереш од шесте филтри кои им даваат уникатен допир на сликите, така што тие ќе изгледаат уште поубаво на ѕидот.13
Твоја уметност на твој начин
Мат опции
Сега има повеќе начини да го приспособиш телевизорот The Frame. Со Уметничкиот режим добиваш 7 различни видови на основи и палета од 10 различни бои од кои можеш да избереш. Направи галеријата да одговара на твоето расположение правејќи уметничките дела и фотографиите да изгледаат одлично.
Ја чувствува светлината и овозможува идеално осветлување
Сензор за осветлување
Благодарение на сензорот за осветлување твојата уметност изгледа онака како што треба. Ја детектира опкружувачката светлина и автоматски ги оптимизира осветлувањето на екранот и тонот на бои за да се добие природен изглед.14
Го чувствува твоето присуство
Сензор за движење
Кога си во близина, сензорот за движење го детектира твоето присуство и го претвора дисплејот на телевизорот во уметнички дела така што може да уживаш во омилената уметност. Откако ќе си заминеш, тој се исклучува за да заштеди енергија.15
Многу повеќе од црн екран
Амбиентален режим +
Амбиенталниот режим ти дозволува да го менуваш она што го гледаш на екранот. Можеш да поставиш да се гледа часот, времето и главните вести секој пат кога ќе го погледнеш, или можеш да го поставиш телевизорот The Frame да одговара на бојата и дизајнот на околните ѕидови за да се вклопи во амбиентот. Од тебе зависи.16
Оптимизирана слика во какво било осветлување
Адаптивна слика
Телевизорот The Frame интелигентно го анализира осветлувањето на просторијата и видео содржините, автоматски приспособувајќи се за оптимално осветлување и контраст, така што добиваш природна слика дури и кога се менува осветлувањето. Само седни, опушти се и остави го The Frame да го направи своето.
Не пропуштај ниту еден дијалог
Активен засилувач на звук (AVA)
Нема потреба од грижи дали ќе пропуштиш дијалог во некоја сцена. Активниот засилувач на звук ја идентификува опкружувачката бучава во реално време за да може да ги изолира, засили и прочисти гласовите или дијалогот кој се одвива. Нема потреба да го зголемуваш звукот, бидејќи нема да пропуштиш ниту еден збор.
Повеќе начини да уживаш
Паметен ТВ овозможен од TIZENПоедноставен и попаметен од кога било. Уживај во содржините од твојот телефон на телевизорот, контролирај го телевизорот само со својот глас и нурни во свет на содржина со само еден клик. 17
Од гледање до доживување
Пресликување на екранот на мобилниот
Омилената серија што ја гледаш на мобилниот уред префрли ја и гледај ја на The Frame. Ја користи функцијата SmartThings за да пресликува содржина, а дури и можеш да го спариш со Apple уреди преку AirPlay2.
AirPlay 2
Со вграден AirPlay 2 без напор гледај филмови и серии на The Frame ТВ од iPhone, iPad или Mac.18
SmartThings
Започни филм на твојот паметен телефон за време на патувањето и лесно префрли се на Samsung ТВ кога ќе се вратиш дома. Без разлика дали е Android или iOS, апликацијата SmartThings ти овозможува лесно поврзување и уживање.19
Само допри за да пресликаш
Tap View
Само со еден допир можеш да ги пресликаш филмовите или музиката од твојот смарт телефон на телевизорот The Frame. Кога The Frame ќе се поврзе со твојот смарт телефон, тогаш тој автоматски го „чувствува“ допирот од телефонот и ја прикажува истата содржина. Па, така лесно и брзо можеш да ја пресликаш омилената содржина на телевизорот и да продолжиш да уживаш во неа.20
Искуси повеќе одеднаш
Multi View
Подели го екранот на The Frame и истовремено гледај што има на телевизија и на твојот мобилен уред без да треба да го тргнеш погледот. Едноставно, поврзи го твојот мобилен телефон и приспособи ја големината на видеото и аудио поставките како што ти одговара за да уживаш во двете на еден екран. На телевизорот The Frame, можеш да гледаш онака како што сакаш.21
Твојата домашна канцеларија
Далечински пристап
Работи од дома на твојот телевизор. Далечинскиот пристап ти овозможува безжично да пресликаш приказот од твојот компјутер на екранот на телевизорот. Пристапи и до канцеларискиот компјутер за пристап до дотатеките и документите кои ти се потребни користејќи Microsoft Office 356 и сето тоа од удобноста на твојот кревет.22
Моќна комбинација, лесна за употреба
One Remote Control / SmartThings App / Smart Hub
Со The Frame, дигиталниот живот е лесен како песна. Со далечинскиот управувач One Remote Control и апликацијата SmartThings имаш непречен пристап и контрола на поврзаните уреди. Исто така, може да го користиш Smart Hub за лесно да пребаруваш содржини, да разгледуваш на интернет и да истражуваш одлични апликации.23
Направи многу повеќе со телевизорот The Frame кога ја користиш апликацијата SmartThings на Samsung.25