Поврзете го својот Galaxy за празниците

Гледаме пакет од Samsung Galaxy уреди заедно - Galaxy Note10, Galaxy Buds, Watch Active2 и Tab S6, со наслов Поврзете го својот Galaxy за празниците.

Доближи го твојот свет поблиску со Galaxy. Преку беспрекорната поврзаност меѓу Galaxy Note10, S10, Buds, Watch Active2 и Tab S6, го добиваш максимумот од твојата музика, видео записи и апликации, сѐ тоа спакувано во едно беспрекорно искуство. Што значи помалку прекинувања, а повеќе начини да се поврзеш со работите кои ги сакаш.

*Сликите се симулирани за илустрација.

Моќни кога се сами. Уште посилни кога се заедно.

Што има на телевизија? Твојот телефон.

Една млада девојка држи Galaxy Note10 во обете раце. И на нејзиниот телефон има видео од мечки во сцената со вода што исто така е на ТВ пред неа.

SmartView

Користењето на твојот телефон никогаш не било посоодветно за употреба во семејството. Преку SmartView апликацијата, со само едно притискање можеш да ги споделиш сите филмови и видео снимки од твојот Note10 на телевизор. Не чувај ги омилените видеа само за себе, бидејќи убавите моменти се вредни за споделување.1

Сликни фотографија со само едно придвижување на зглобот.

Гледаме телефон со Note10 и Watch Active2. И двајцата имаат апликации со камера отворени, откривајќи дека можете да го гледате телефонот на камерата од часовникот. Ние ја гледаме истата млада девојка на двата уреди.

Контрола на камера

Направи чекор назад и скокни напред со Camera Controller апликацијата на твојот Watch Active2. Со можноста оддалеку да разгледуваш, фотографираш и прикажуваш фотографии од камерата на Note10, со леснотија можеш да го сместиш целото семејство - или себе си - во секоја фотографија.2

Беспрекорно значи повеќе.

Galaxy уредите не само што работат заедно, тие се беспрекорни кога работат заедно.

Остави го телефонот, а не твојата музика.

Гледаме три фотографии една до друга. На првата фотографија гледаме отворена кутија за подарок со Note 10 на масата пред неа. На втората гледаме фотографија сликана одблиску од човек кој носи Watch Active2 на чиј екран е прикажана Spotify апликацијата. На третата гледаме зголемена фотографија од човек кој има ставено Galaxy Buds во своето уво.

LTE Continuity

Кажи ѝ збогум на непријатната тишина, бидејќи со LTE Continuity можеш да останеш поврзан на твојот Watch Active2. Па, без разлика дали го слушаш најновиот Празничен хит или ги потпевнуваш омилените класици, со само едно потчукнување на зглобот можеш да направиш музиката постојано да свири во твоите Galaxy Buds бежични слушалки.3

Прими повик на твојот телефон. Кажи му здраво на твојот таблет.

Непрекинатост во повиците и пораките

Со Galaxy, твоите повици и пораки автоматски се синхронизирани. Што значи, ако твојот телефон е надвор од дофат, тогаш можеш да одговориш преку твојот Tab S6 или други поврзани уреди. Па, без разлика дали ти се јавува баба за да те поздрави, твоите пријатели ти пишуваат за да си поразговарате или пак, доставувачот на пица ѕвони за да го достави после-празничниот оброк, сега имаш повеќе начини да одговориш од кога било претходно.4

Гледаме две слики - една од Note10 и една од Tab S6. Двете слики имаат ист екран, на којшто гледаме дојдовен телефонски повик кој доаѓа од истиот телефонски број. Сликата на идентификаторот исто така е иста на двата екрани - портрет од истата млада тинејџерка.

Наполни ја батеријата на твојот Galaxy уред со помош на друг Galaxy уред.

Бела кутија од Galaxy Bud се полни на задниот дел на Galaxy Note10 телефон.

Со опцијата PowerShare, можеш поврзаниот уред да го полниш директно од твојот Note10. Нема жици, нема кабли, нема барање штекери. Бидејќи со Galaxy не мора да бидете врзани за да бидете поврзани.6

Полни ја батеријата на два Galaxy уреди одеднаш.

Црн Watch Active2 и Note10 се поставени со екранот нагоре врз Wireless Charger Duo подлога за полнење. Двата екрана покажуваат дека батеријата е 100% полна.

Wireless Charger Duo подлогата ти овозможува истовремено, по безжичен пат, да полниш два од твоите Galaxy уреди. Само постави ги на подлогата, наполни ја батеријата, и повторно преземи контрола - сето тоа без да бараш кабли. Никогаш не било полесно да ја одржуваш полна батеријата на твојот Galaxy.