One UI
Твој Galaxy.
По твое
Новиот One UI 8.5 може многу повеќе – од тоа да ги завршува здодевните задачи до тоа да ти го предложи токму она што ти треба во точниот момент, приспособувајќи се на твоите лични вкусови и навики. Со подлабока интеграција на AI во системот, сега имаш слобода за поголема креативност и ефикасност. Искуси беспрекорна интелигенција на твојот Galaxy што ти овозможува да гледаш повеќе, да создаваш повеќе и да разбираш повеќе.1
Galaxy AI
Уредувања како во професионално студио.
Вградена
Подобри ги фотографиите за секунда со Galaxy AI. Со едноставни барања или со помош на референтна слика, може да го менуваш амбиентот, да додаваш елементи или да бришеш предмети во заднината. Ослободи ја својата креативност и претвори ја визијата во реалност така што ќе им кажеш на Galaxy AI функциите што точно сакаш.2
UI на повисоко ниво
Еден екран. Бесконечен UI
Откриј ја најперсонализираната верзија на One UI. Играј си со креативноста на екранот Home и на екранот за заклучување, сега со повеќе слобода да приспособиш сè по своја мера. Комплетирај го Home екранот така што ќе поставиш икони на апликации, кратенки, папки и помошни програми во разни големини, точно таму каде што сакаш. Стилизирај го екранот за заклучување со часовник и други помошни програми. Промени ги фонтот и бојата на часовникот, или остави One UI автоматски да ги приспособи со карактеристиката Stretch Clock.
Приватност и безбедност
Приватноста е стандард. Заштитено со Knox
Посветени сме на заштита на информациите, а истовремено нудиме транспарентност за тоа како ги користиме и споделуваме.
Заштита на самиот уред
Нашиот Personal Data Engine безбедно ги собира и обработува твоите лични податоци. Потоа, ги шифрира овие податоци и ги зачувува на уредот со KEEP и Knox Vault и со тоа го отежнува пристапот за други лица.9,10
Приспособени контроли
Преземи контрола врз твоите Galaxy AI. Ти одлучуваш каде ќе се обработат твоите податоци, дали на уредот или на облак.
Поврзана безбедност
Технологијата Knox Matrix Trust Chain овозможува безбедност низ поврзаните уреди Galaxy, така што сега може да ја надгледуваш безбедноста и на другите уреди директно од паметниот телефон Galaxy.
Често поставувани прашања
-
Што е ново со One UI 8.5?One UI 8.5 доаѓа со нови, подобрени AI функции, освежен дизајн и напредна безбедност, како и решенија за приватност. Заедно, тие ти помагаат поефикасно да ги завршуваш работите, да уживаш во понепречено искуство и подобро ги штитат приватните податоци на сите уреди Galaxy.
• AI функции : доаѓаат со надградена функција Photo Assist за попаметно уредување на фотографиите, заедно со други функции, како Now Nudge за попрефинето AI искуство. Истражи повеќе AI функции што го прават животот попаметен и полесен со One UI 8.5.
• Дизајн: овозможува поширок преглед на екранот и непречено корисничко искуство со редизајнирани ленти за навигација и мени.
• Приватност и безбедност: нуди силна заштита на приватноста со Samsung Knox, безбедносно решение на база на хардвер, и ги штити приватните информации со екранот за приватност и известувањата за приватност.
-
Што е One UI?One UI е иновативниот софтвер на Samsung, дизајниран за интуитивно и поврзано корисничко искуство на твоите уреди Galaxy. Со интегрираните Galaxy AI функции, One UI 8.5 ти помага побрзо и полесно да ги завршуваш секојдневните обврски, обезбедувајќи ти помош во истиот момент.
• Надградениот One UI 8.5 сега ги разбира твоите навики на користење и твоите потреби, овозможувајќи ти поперсонализирано и попрактично искуство.
• Со напредните AI функции, како Now Nudge, лесно можеш да пристапиш до кратенките за следното можно дејство, без да мора да одиш од една во друга апликација.
• AI Agent го презема товарот за заморните задачи, помагајќи ти побрзо да ги завршиш. Едноставно, допри или внеси кратко барање за да добиеш што ти треба.
• Кога го имаш One UI 8.5 на уредот, лесно можеш да го приспособиш тапетот за поуреден изглед и брзо да пристапуваш до најкористените апликации така што ќе го приспособиш панелот за брз пристап. -
Кои уреди Galaxy се компатибилни со One UI 8.5?За почеток, One UI 8.5 ќе биде воведен на Galaxy S26, Galaxy S26+ и Galaxy S26 Ultra. Ажурирањето на One UI 8.5 ќе се прошири на повеќе уреди Galaxy во иднина.
Напомена: Достапноста на AI карактеристиките може да се разликува во зависност од моделот на уредот.
Може да ја преземеш апликацијата Samsung Members за да провериш кои уреди се компатибилни со One UI 8.5.
-
Како да знам кога ќе бидат објавени ажурирањата на One UI?Може да ја преземеш апликацијата Samsung Members за да го провериш датумот на објавување.
-
Како можам да го ажурирам One UI?За да го ажурираш One UI, оди во Поставки > Ажурирање на софтверот > Преземи и инсталирај, па допри на „Провери за ажурирања“.
Напомена: Ажурирањето е достапно само за поддржани уреди со најновата верзија на One UI. -
Што можам да приспособувам на паметните телефони Galaxy со One UI 8.5?Со One UI 8.5, може на уредот да ги персонализираш панелот за брз пристап, почетниот екран и заклучениот екран. Уживај во полесен пристап до секојдневните контроли со побалансиран изглед.
• Панел за брз пристап: Приспособи го панелот за брз пристап со додавање или бришење ставки за да добиеш брз пристап до омилените апликации. Исто така, може да ги преуредуваш и да им ја менуваш големината на лентите за осветлување и звук, за да го оптимизираш гледањето.
• Почетен екран и заклучен екран: Кога го поставуваш тапетот, сликата автоматски ја менува позицијата за да се вклопи со клучните апликации и помошни програми на твојот екран, со што добиваш поуреден изглед. -
Кои се главните AI функции кои се достапни на One UI 8.5?One UI 8.5 воведува подобрени Galaxy AI функции осмислени да ти го поедностават денот. Истражи ги AI функциите што одговараат на твоите потреби и користи ги во моментите кога ти требаат најмногу.
• Photo Assist: ти помага да ги уредиш своите фотографии на многу попаметен и побрз начин. Само опиши што сакаш со природен јазик, а Galaxy AI ќе направи паметни уредувања на фотографијата, така што ќе додаде елементи, ќе ги отстрани несаканите предмети во заднината или ќе го приспособи целокупниот амбиент.
• Now Nudge: дава корисни предлози користејќи препознавање на екранот во реално време и твоите персонализирани податоци. Без разлика за што зборуваш, го чита екранот и ти дава поврзани информации или ти дава предлог за следниот чекор.
Напомена: Достапноста на AI функциите може да се разликува во зависност од моделот на уредот, јазикот или регионот. На One UI 8.5 се достапни и дополнителни AI функции покрај оние што се наведени погоре.
-
Како можам да пристапам до секоја AI функција?До Galaxy AI функциите може да се пристапи лесно, со само еден допир или преку неколку едноставни чекори. Благодарение на лесниот пристап, можеш да ги користиш функциите кога и да ти притребаат.
• Photo Assist: Отвори ја апликацијата „Gallery“ на уредот и избери ја фотографијата што сакаш да ја уредиш. Потоа, допри на иконата Photo Assist.
• Now Nudge: Откако ќе ја овозможиш функцијата во менито со поставки, Now Nudge ќе биде подготвена да ти помогне веднаш штом ќе ја отвориш апликацијата Messenger.
Напомена: Достапноста на AI функциите може да се разликува во зависност од моделот на уредот, јазикот или регионот. -
Како PDE (Personal Data Engine) ги штити моите лични податоци?PDE (Personal Data Engine) користи KEEP (напредна шифрирана заштита со Knox) за да ги складира чувствителните податоци на безбедно, шифрирано место, штитејќи ги твоите лични податоци од неовластен пристап. Исто така, PDE ги чува податоците на безбедно така што го сведува на минимум споделувањето податоци, истовремено овозможувајќи корисни искуства со AI.
-
Какви решенија се достапни за Приватност и безбедност?Knox Vault е безбедносно решение на база на хардвер што го штити твојот уред од напади на хардверот и на софтверот така што ги чува чувствителните податоци, вклучувајќи ПИН-кодови, лозинки и биометриски податоци на изолирано и безбедно место.
• Напади на софтверот: Неовластени обиди за пристапување до податоци и кражба на податоци со искористување на слабостите на софтверот на некој уред.
• Напади на хардверот: Обиди за стекнување податоци преку физички пристап, како расклопување на уредите, изложеност на екстремно високи или ниски температури, напади со нарушување на напонот или преку странични канали.
• Достапните карактеристики и/или содржини може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот, земјата/регионот и операторот.
• Сликата е симулирана за илустрација. Секвенците се скратени и симулирани. Вистинскиот UI може да се разликува.
• Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени AI функции.
• Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, целосноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функции.
• Достапноста на карактеристиките и содржините, вклучувајќи ги и Galaxy AI функциите, може да се разликува во зависност од земјата или регионот, моделот на уредот, верзијата на OS/One UI и операторот.
• Основните Galaxy AI функции што ги обезбедува Samsung се бесплатни. Идните верзии може да вклучуваат подобрени функции или нови услуги што подлежат на плаќање. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни. Основните Galaxy AI функции се услугите наведени под „Напредна интелигенција“ во тековните Одредби и услови за услугите на Samsung.
• Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.
• Производите се продаваат одделно.
• Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
• За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
• Функциите подлежат на промена.
• Може да биде потребно поврзување на мрежа за да се користат одредени функции.
• Достапноста на услугата Galaxy AI може да се разликува во зависност од јазикот. За одредени јазици може да биде потребно да се преземе јазичен пакет.
• Описот на новите карактеристики се базира на подобрувања направени во тековната верзија во споредба со претходните верзии.
1. Официјалниот One UI 8.5 за првпат се пушта во употреба со Galaxy S26 Series. Се очекува ажурирањето да се одвива постепено и на други Galaxy уреди.
2. За Photo Assist може да биде потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Уредувањето со Photo Assist може да р воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи деезултира со фотографија со променета големина. Видливка сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
3. За функцијата Now Nudge е потребно најавување на Samsung Account. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Предлозите за текстуални пораки се достапни со одредени апликации за размена на пораки од трети страни, вклучувајќи ги Samsung Messages, Google Messages, Google Chat, WhatsApp, WhatsApp Business, KakaoTalk, LINE, Signal, Instagram (DM), Tango, NTT Docomo Messages и KDDI Messages. Споделувањето фотографии во Now Nudge функционира преку анализа на достапната содржина на сликите. Точноста на резултатите не е загарантирана.
4. За функцијата Now Brief е потребно најавување на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уред, апликациите. За одредени функции може да биде потребно мрежно поврзување. Описот на фотографиите дадени по моменти можеби не е во согласност со намерата на корисникот. За известувањата за прошетка на куче треба да се активирани SmartTag2 и Pet Care во SmartThings. SmartTag2 се продава одделно. Известувањата мора да бидат вклучени за да се користат како преземени податоци. Преземените податоци достапни преку известувања од поддржани апликации, Messages, Gmail и Samsung Wallet и собраните податоци од Gmail се применливи само доколку корисникот даде согласност за дозволата на Personal Data Intelligence за читање на Gmail. Преземените податоци за деталите за резервацијата се достапни само од пораките за потврда на резервацијата.
5. За достапноста на услугата Bixby е потребна најава на Samsung Account и мобилен интернет. Достапните функции и карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот и јазикот. Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти од англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), англиски (Индија), француски (Франција), германски (Germany), италијански (Италија), јапонски (Јапонија), корејски (Јужна Кореја), мандарински (Кина), шпански (Шпанија), португалски (Бразил) и шпански (Латинска Америка). Други поддржани јазици може да бидат додадени во иднина. Можеби нема да ги препознае сите акценти, дијалекти и изрази, а вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од изговорот, јачината на гласот и околината. Употребата на Bixby може да биде ограничена во одредени ситуации, како при снимање (видео/игра/глас), за време на повици, во режим на максимална заштеда на енергија, итен режим и Samsung Kids. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/давателот на услуга/јазикот/моделот на уредот/верзијата на OS. Со Bixby се контролираат одредени апликации, други апликации ќе бидат поддржани во иднина. За да се контролираат уреди што имаат SmartThings со Bixby, прво поврзете ги уредите на апликацијата SmartThings. За повеќе информации, посетете ја веб-локацијата на SmartThings (www.samsung.com/mk/smartthings).
6. Функцијата Заштитен екран за приватност го контролира аголот на гледање на екранот за да ја ограничи периферната видливост и може да се активира во поставките. Активирањето одредени апликации е исто така достапно во поставките. Можно е да се појават одредени промени во квалитетот на сликата надвор од аголот на гледање. Некои информации сепак може да бидат видливи за други лица, во зависност од условите во опкружувањето, како што се аголот или осветленоста. Се препорачува претпазливост при прикажување чувствителни информации.
7. Заштитниот екран за приватност е поддржан само на Galaxy S26 Ultra.
8. Детектирањето злонамерни сајтови може да не гарантира точно детектирање во секое време.
9. Personal Data Engine функционира под услов да е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе бидат избришани откако ќе се исклучи менито Personal Data Intelligence. Personal Data Engine препознава одредени јазици и акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на: арапски, (поедноставен) кинески, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски, романски, руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски. Personal Data Engine во моментот ги анализира оригиналните апликации на Samsung и известувањата од поддржаните апликации.
10. KEEP е достапно само на Galaxy паметни телефони и таблети со One UI 8 или понова верзија.