Запознај го Galaxy A57 5G – потенок, поелегантен и повпечатлив од кога било досега. Интуитивно пребарувај што било на екранот со Circle to Search и подигни ја твојата продуктивност на ново ниво со Awesome Intelligence функциите, како Object Eraser, Best Face и Edit Suggestion. Фати ги незаборавните моменти со надградените камери – дење и ноќе, дури и при слаба осветленост. Освој го денот со IP68 заштита и продолжи без грижа со долготрајната батерија што трае до два дена. А со до 6 надградби на OS и 6 години безбедносни ажурирања, полесно од кога било ќе останеш во тек.
Совршено тенок, впечатливо елегантен
Запознај го новиот Galaxy A57 5G – редизајниран од предната до задната страна и подготвен да остави впечаток каде и да одиш. Потенок од кога било досега, Galaxy A57 5G има впечатливо елегантна силуета со модерен сјаен финиш што привлекува внимание. Исто така е полесен во споредба со претходниот модел и удобно лежи на дланката кога го држиш со една рака. На задната страна, трите камери се издигнати на островче со камери што го привлекува погледот со елегантен полупроѕирен ефект, правејќи го вистински визуелен акцент што се истакнува на прв поглед.1
Сјаен финиш. Модерен изглед
Galaxy A57 5G мами погледи каде и да одиш. Сјајниот финиш на задната страна на Galaxy A57 5G има модерен изглед налик на глазирана керамика што го подигнува твојот стил на повисоко ниво. Направи го целосно твој со избор од четири смирувачки и пријатни бои во темна или светла нијанса –феноменална темносина, феноменална сива, феноменална леденосина или феноменална светловиолетова за да одговара на твојот стил.2
Направен да трае со 6х надградби на OS и безбедносни надградби
Одржувај го твојот Galaxy A57 5G ажуриран и безбеден со долгорочна софтверска поддршка, за да можеш да уживаш во телефонот со години. Galaxy A57 5G нуди поддршка за до 6 надградби на OS, за да откриваш нови и полесни начини за создавање, поврзување и продуктивност со беспрекорни функции за дејства и управување со уредот. Плус, добиваш до 6 години безбедносни ажурирања и ажурирања за одржување, коишто те штитат и те држат чекор пред безбедносните закани.3
Три објективи. Една моќна камера.
Сликај, уредувај и споделувај ги специјалните моменти со надградениот систем на камери на Galaxy A57 5G. Galaxy A57 5G има OIS широкoаголна камера од 50 MP, ултраширока камера од 12 MP и макро камера од 5 MP, овозможувајќи ти да правиш фотографии и видеозаписи што се светли, јасни и вредни за споделување. А со 12 MP Super HDR поддршка на предната камера, твоите видеа се поживописни од кога било досега.4
Светли видеозаписи, дури и навечер
Подготви се да ја освоиш ноќта и да фатиш незаборавни, светли моменти благодарение на оптимизираната Nightography на Galaxy A57 5G. Ултрашироката поддржува подобрен ISP за побрза обработка на сликата, што значително ја намалува количината на шум, па можеш да видиш појасни детали со помалку заматување во твоите ноќни фотографии. Сензорот на камерата на Galaxy A57 5G има и големи пиксели од 1,0 μm, коишто апсорбираат повеќе светлина од околината за видеа со помалку шум, посветли и пореалистични дури и во услови на слаба осветленост.5
Super HDR. Селфи фотки спремни за објавување
Дали снимаш пренос во живо или видео за твојот следен влог, со Super HDR ќе го фатиш твојот најдобар агол. Предната камера на Galaxy A57 5G ги оптимизира селфи видеата со зголемување на заситеноста и подобрување на боите и контрастот. Заднините се прикажани со остри и живописни детали за резултат кој е секогаш впечатлив.6
Направи го секој кадар спектакуларен
Сликај портрети со подобрени детали користејќи AI Segmentation на Galaxy A57 5G. Системот со задни камери автоматски ги идентификува заднината, предниот план и небото во фотографиите и веднаш го подобрува квалитетот на сликата во елементите како што се кожата, лицето, косата и тревата. А со ултрашироката камера на Galaxy A57 5G, фати поширок агол за да ја сместиш поголемиот дел од твојот свет во кадарот.7
Слики со висока резолуција на екран од 6,7 инчи
Подготви се да нурнеш во огромните прикази на Galaxy A57 5G. 6,7-инчниот FHD+ Super AMOLED Plus екран има потенки рамки, овозможувајќи непречено искуство при гледање. Без разлика дали гледаш, прелистуваш или играш игри, приказот останува јасен благодарение на Vision Booster.11
Батерија што трае 2 дена со едно полнење
Остани активен со долготрајната батерија од 5.000 mAh (типично) на Galaxy A57 5G. Уживај во твоите содржини, социјални мрежи или игри без да го полниш телефонот цели 2 дена. А кога ти треба дополнителна енергија, приклучи се за Super Fast Charging 2.0 и добиј до 60 % полнење за само 30 минути.12
Перформанси со поголема моќност, а помало доцнење
Galaxy A57 5G е дизајниран со напреден осмојадрен процесор што ти овозможува моќни перформанси низ целиот ден. Играј, креирај и уредувај содржини без проблеми, со сигурност и удобност, благодарение на подобрените перформанси на CPU и GPU до 15 % во споредба со претходниот модел. Надградената LPDDR5X меморија ја зголемува твојата способност за мултитаскинг, додека поголемата vapor chamber спречува прегревање на телефонот – така што можеш да останеш со ладна глава дури и при вжештени акции во игрите.13
Меморија за секојдневните моменти
Galaxy A57 5G има четири опции за меморија: 512 GB или 256 GB со 12 GB меморија и 256 GB или 128 GB со 8 GB меморија, за да можеш да го избереш капацитетот што најмногу одговара на тоа како го користиш телефонот. Избери 256 GB за да ги чуваш омилените фотографии и основните апликации за секојдневна употреба. Или надгради се на 512 GB ако сакаш гејминг, често снимаш фотографии со висока резолуција или преземаш поголеми апликации без да го забавиш твојот телефон.14
One UI 8.5. Твој Galaxy. По твое
Новиот One UI 8.5 може многу повеќе – од тоа да ги завршува здодевните задачи до тоа да ти го предложи токму она што ти треба во точниот момент, приспособувајќи се на твоите лични вкусови и навики. Со подлабока интеграција на AI во системот, сега имаш слобода за поголема креативност и ефикасност. Искуси беспрекорна интелигенција на твојот Galaxy што ти овозможува да гледаш повеќе, да создаваш повеќе и да разбираш повеќе.15
Quick Share. Пренесувај датотеки за миг
Разменувај датотеки лесно помеѓу уреди користејќи ја функцијата Quick Share на Galaxy A57 5G. Сподели што сакаш со уред во Galaxy екосистемот или надвор од него, вклучувајќи iOS и PCs. Кога споделуваш фотографии, твојот телефон користи подобрени препораки за да ги препознае луѓето на фотографијата и автоматски да предложи со кого да ја споделиш.16
Промени го уредот, задржи си ги податоци
Лесно премини на твојот нов Galaxy телефон од стар телефон или таблет, дури и од iOS. Благодарение на Smart Switch на Galaxy A57 5G, можеш да ги префрлиш фотографиите, видеата, контактите и апликациите во неколку едноставни чекори, за да не изгубиш ништо.17
Често поставувани прашања
Galaxy A57 5G поддржува интелигентни функции, како Circle to Search, Voice transcription, Object Eraser, Edit suggestion, Филтри, Auto Trim и Best Face.
Galaxy A57 5G има унапреден систем на задни камери со OIS широкoаголна камера од 50 MP, ултраширока камера од 12 MP и макро камера од 5 MP, овозможувајќи ти да правиш фотографии и видеозаписи што се светли, јасни и детални. Широкоаголната камера поддржува подобрен ISP за унапредена Nightography, апсорбирајќи повеќе светлина за посветли и појасни видеа во услови на слаба осветленост. А со 12 MP Super HDR поддршка на предната камера, твоите селфи видеа се поживописни од кога било досега, со подобрени заситеност, боја и контраст. 22
Galaxy A57 5G има потенок дизајн во споредба со претходниот модел, со намалена дебелина од само 6,9 mm, што го прави елегантен и лесен за држење со една рака. Рамките околу 6,7-инчниот FHD+ Super AMOLED Plus екран се потенки од сите страни, овозможувајќи пореалистично и непречено искуство при гледање. 23
Galaxy A57 5G има долготрајна батерија од 5.000 mAh (типична) којашто трае до 2 дена за продолжена употреба на телефонот без потреба од полнење. А за да ја наполниш, користи Супербрзо полнење 2.0 и наполни ја до 60 % за само 30 минути. 24
Galaxy A57 5G има 6,7-инчен FHD+ Super AMOLED Plus екран со многу тенки рамки, кој овозможува реалистично визуелно искуство, без разлика дали гледаш содржини, играш игри или прелистуваш социјални мрежи. Твоите прикази остануваат светли и јасни во разни светлосни услови благодарение на Vision Booster. 25
Galaxy A57 5G е водоотпорен со оцена IP68, што значи дека може да издржи вода и прав. 26
Galaxy A57 5G поддржува до 6x надградби на OS и до 6 години безбедносни ажурирања. 27
Galaxy A57 5G поддржува 5G поврзување. Меѓутоа, достапноста на 5G мрежи може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Galaxy A57 5G поддржува и надградено Wi-Fi 6E поврзување во споредба со претходниот модел.
Galaxy A57 5G доаѓа со USB-C to C кабел, игла за отворање и кориснички водич за употреба вклучени во пакувањето. Достапноста на содржината во кутијата може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
Да, податоците од iOS можеш брзо и лесно да ги префрлиш на Galaxy A57 5G со помош на Smart Switch. Smart Switch е алатка што го поедноставува префрлањето на податоците од еден уред на друг, овозможувајќи ти непречено да ги префрлиш контактите, фотографиите, видеата, белешките, настаните од календарот и многу повеќе. Можеш да го поврзеш новиот Galaxy A57 5G на стариот уред со помош на кабел или, пак, безжично со апликацијата Smart Switch. 28
Galaxy A57 5G е достапен во четири смели бои: Феноменална темносина, феноменална сива, феноменална леденосина и феноменална светловиолетова. 29
Избери од разна дополнителна опрема за твојот Galaxy A57 5G според твоите дневни потреби. Пронајди го најдобриот избор за тебе со Silicone Case, Clear Case, футролата со преграда за картичка, или избери поголема заштита со Rugged Case и заштитата за екран. Целата дополнителна опрема се продава одделно. Достапноста на боите, моделите и дизајнот на дополнителната опрема може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. 30
Кога купуваш паметен телефон на Samsung.com, имаш пристап до автентични уреди и услуги на Samsung. Исто така, имаш информации за поволностите и настаните на Samsung.com, додека уживаш во брзата испорака и корисничката услуга, сето тоа овозможено од Samsung. За сите проблеми и прашања ќе добиеш помош директно од нас, за да го имаш најдоброто искуство, од купување до сервисирање.
Спецификации
-
Тежина (g)
179
-
CPU-брзина
2.9GHz, 2.6GHz, 1.9GHz
-
CPU-брзина
2.9GHz, 2.6GHz, 1.9GHz
-
CPU-тип
Осмојадрен
-
Големина (Главен_Дисплеј)
171.1mm (6.7" полн правоаголник) / 166.4mm (6.6" со заоблени краеви)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
1080 x 2340 (FHD+)
-
Технологија (Главен дисплеј)
Super AMOLED Plus
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Макс. стапка на освежување (Главен дисплеј)
120 Hz
-
Задна камера - Резолуција (Повеќекратна)
50.0 MP + 12.0 MP + 5.0 MP
-
Задна камера - Број F (Повеќекратна)
F1.8 , F2.2 , F2.4
-
Задна камера - Автоматски фокус
Да
-
Задна камера - OIS
Да
-
Задна камера Зум
Digital Zoom up to 10x
-
Предна камера - Резолуција
12.0 MP
-
Предна камера - Број F
F2.2
-
Предна камера - Автоматски фокус
Не
-
Предна камера - OIS
Не
-
Задна камера - Блиц
Да
-
Предна камера - Блиц
Не
-
Резолуција на видеоснимање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Забавено снимање
240fps @HD
-
Меморија_(GB)
12
-
Склад (GB)
512
-
Достапен склад (GB)
487.0
-
Број на SIM-картички
Dual-SIM
-
Големина на SIM-картичка
Nano-SIM (4FF), Embedded-SIM
-
Вид слот за SIM-картичка
SIM 1 + SIM 2 / SIM 1 + eSIM / Dual eSIM
-
Инфра
2G GSM, 3G WCDMA, 4G LTE FDD, 4G LTE TDD, 5G Sub6 FDD, 5G Sub6 TDD
-
2G GSM
GSM850, GSM900, DCS1800, PCS1900
-
3G UMTS
B1(2100), B2(1900), B4(AWS), B5(850), B8(900)
-
4G FDD LTE
B1(2100), B2(1900), B3(1800), B4(AWS), B5(850), B7(2600), B8(900), B12(700), B17(700), B20(800), B25(1900), B26(850), B28(700), B32(1500), B66(AWS-3)
-
4G TDD LTE
B38(2600), B40(2300), B41(2500)
-
5G FDD Sub6
N1(2100), N3(1800), N5(850), N7(2600), N8(900), N20(800), N28(700), N66(AWS-3)
-
5G TDD Sub6
N38(2600), N40(2300), N41(2500), N77(3700), N78(3500)
-
USB-интерфејс
USB Тип-C
-
USB-верзија
USB 2.0
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo, QZSS
-
Слушалки
USB Тип-C
-
MHL
Не
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n/ac/ax 2.4GHz+5GHz+6GHz, HE80, MIMO, 1024-QAM
-
Директен Wi-Fi
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v6.0
-
PC Sync.
Smart Switch (PC version)
-
Android
-
Фактор на форма
Табла на допир
-
Aкцелерометар, Сензор за отпечатоци, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Сензор за светло, Сензор за близина
-
Димензии (ВxШxД, mm)
161.5 x 76.8 x 6.9
-
Тежина (g)
179
-
Време на репродукција на видео_(часови)
До 29
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
5000
-
Отстранлива
Не
-
Стереоподдршка
Да
-
Формат на видеорепродуцирање
MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
-
Резолуција на видеорепродуцирање
UHD 4K (3840 x 2160)@60fps
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA
-
Потребна енергија за полнење (Мин ~ Макс, W)
10 ~ 45
-
Gear Support
Galaxy Ring, Galaxy Buds Core, Galaxy Buds4 Pro, Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds+, Galaxy Buds4, Galaxy Buds3, Galaxy Buds2, Galaxy Buds, Galaxy Buds3 FE, Galaxy Buds FE, Galaxy Fit3, Galaxy Fit2, Galaxy Watch FE, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch8, Galaxy Watch7, Galaxy Watch6, Galaxy Watch5, Galaxy Watch4, Galaxy Watch3, Galaxy Watch, Galaxy Watch Active2, Galaxy Watch Active
-
Samsung DeX Support
Не
-
Bluetooth® поддршка за помагало за слух
Android Audio Streaming for Hearing Aid(ASHA)
-
SmartThings Support
Да
-
Мобилен TV
Не
-
Период на безбедносно ажурирање (важи до)
31. Март 2032.
-
*Сликата е симулирана. Вистинскиот UX/UI може да се разликува.
*Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
*Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Samsung Intelligence функции.
*Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со Intelligence функциите.
*Достапноста на Awesome Intelligence функциите може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.
*Услугата Awesome Intelligence може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI. - 1. *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 2. *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 3. *Достапноста и времето на надградба на Android OS, како и безбедносните ажурирања, може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и земјата. Go to feature
-
4.
*Вистинскиот производ може да се разликува од прикажаниот на сликата.
*Резолуцијата од 50 MP е достапна само на широкоаголната задна камера на Galaxy A57 5G.
*Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature - 5. *Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature
- 6. *Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature
- 7. *Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature
- 8. *Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature
-
9.
*Сликата е симулирана. Вистинскиот UI/UX може да се разликува.
*Карактеристиката Best Face може да се користи на Motion Photos и фотографии снимени континуирано во рок од 10 секунди. Go to feature -
10.
*Опцијата Edit Suggestion е компатибилна со формати JPG, PNG и GIF. Крајните резултати од уредувањето и квалитетот може да се разликуваат во зависност од оригиналната слика. Точноста на крајните резултати не е загарантирана.
*Сликите од екранот и корисничкиот интерфејс се симулирани за илустрација. UX/UI може да се разликува во зависност од верзијата на OS/One UI, моделот, регионот и други фактори.
*Предлозите за уредување од Edit Suggestion може да се разликуваат во зависност од содржината на фотографијата.
*Поради природата на AI, резултатите и квалитетот може да се разликуваат секојпат. Go to feature -
11.
*Потребно е оптимално 5G поврзување. Достапноста на 5G мрежа и реалната брзина може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот, мрежниот оператор и корисничката средина.
*Сликата е симулирана за илустрација.
*Содржи слика генерирана од AI со применето дополнително уредување.
*Споредено со претходниот модел.
*Екранот доби сертификат Eye Care од страна на SGS врз основа на неговата способност да ги намали штетните влијанија на сината светлина.
*Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,6 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера. Go to feature -
12.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 4.905 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
*Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 08.01.2026–18.01.2026 со претпродажни верзии на SM-A576 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа. Go to feature -
13.
*Сликата е симулирана за илустрација.
*Содржи слика генерирана од AI со применето дополнително уредување.
*Споредено со претходниот модел.
*Потребно е оптимално 5G поврзување. Достапноста на 5G мрежа и реалната брзина може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот, мрежниот оператор и корисничката средина.
*Опциите за меморија може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот. Достапниот капацитет на меморијата зависи од инсталираниот софтвер. Go to feature -
14.
*Сликата е симулирана за илустрација.
*Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од операторот, земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран. Go to feature - 15. *За некои функционални помошни програми може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата. Go to feature
-
16.
*Вистинскиот UI може да се разликува. Сликата е симулирана за илустрација.
*Достапните функции може да се разликуваат во зависност од уредот, земјата, регионот, операторот или верзијата на One UI.
*Достапно на уреди со One UI 2.1 или понова верзија и Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Во поддржани PCs спаѓаат Galaxy Books, вклучувајќи PCs со Qualcomm пуштени во продажба во 2020 година или подоцна. За Quick Share потребно е Bluetooth и Wi-Fi поврзување. Бројот на уреди на кои Quick Share може да споделува истовремено може да се разликува во зависност од на чипот за Wi-Fi на уредот од кој се споделува. Реалната брзина може да се разликува во зависност од уредот, состојбата на мрежата и корисничката средина. За споделување датотеки со помош на QR codes и контакти, одеднаш може да се префрлат до 1.000 датотеки. Може да се пренесат до 10 GB по датотека и до 10 GB дневно. Врската истекува по два дена. За уредот на испраќачот е потребна Samsung Account, a поврзување на интернет е потребно и за уредот на испраќачот и за уредот на примачот. Go to feature -
17.
*За жичен пренос (Android™) е потребна Android™ 4.3 или понова верзија за прием и Android™ 4.3 или понова верзија за испраќање. За безжичен пренос е потребно безжично поврзување: Android™ 4.0 или понова верзија за прием и Android™ 4.0 или понова верзија за испраќање.
*За жичен пренос (iOS) е потребна Android™ 4.3 или понова верзија за прием и iOS 5 или понова верзија за испраќање. За безжичен пренос е потребно iCloud или безжично поврзување: Android™ 4.0 или понова верзија за прием, iOS 12 или понова верзија за испраќање. За пренос преку iCloud е потребна Android™ 4.0 или понова верзија за прием и iOS 5 или понова верзија за испраќање. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Поставки“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch од App Store на iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Go to feature - 18. *Galaxy Watch8 се продава одделно. Go to feature
- 19. *Galaxy Buds4 се продаваат одделно. Go to feature
- 20. *Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 21. *Целата дополнителна опрема се продава одделно. Достапноста на боите, моделите и дизајнот на дополнителната опрема може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 22. *Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите на снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат. Go to feature
- 23. *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 24. *Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 08.01.2026–18.01.2026 со претпродажни верзии на SM-A576 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа. Go to feature
-
25.
*Потребно е оптимално 5G поврзување. Достапноста на 5G мрежа и реалната брзина може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот, мрежниот оператор и корисничката средина.
*Екранот доби сертификат Eye Care од страна на SGS врз основа на неговата способност да ги намали штетните влијанија на сината светлина.
*Измерено дијагонално, големината на екранот е 6,7 инчи како цел правоаголник и 6,6 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера. Go to feature - 26. *Galaxy A57 5G е оценет како IP68. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или во базен. Отпорноста на уредот на вода и прав не е трајна и може да се намали со текот на времето поради нормалното абење. Go to feature
- 27. *Достапноста и времето на надградба на Android OS, како и безбедносните ажурирања, може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и земјата. Go to feature
-
28.
*За повеќе информации за Smart Switch, посетете ја соодветната страница на Samsung.com.
*За жичени преноси од Android™ уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има Android 4.3™ или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има Android™ 4.0 или понова верзија.
*За жичени преноси од уреди со iOS потребно е уредот што прима да има Android™ 4.3 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 4.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Поставки“ на уредот Galaxy што прима или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземи ја Smart Switch за iOS од App Store на твојот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Contacts, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред. Go to feature - 29. *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
- 30. *Целата дополнителна опрема се продава одделно. Достапноста на боите, моделите и дизајнот на дополнителната опрема може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот. Go to feature
* Мрежа: пропусниот опсег што го поддржува уредот може да се разликува во зависност од регионот или давателот на услуги.
* Батерија: вистинскиот век на батеријата варира во зависност од мрежното опкружување, функциите и апликациите што се користат, зачестеноста на повиците и пораките, бројот на пати на полнење и многу други фактори.
* Достапна меморија за корисникот: вистинската корисничка меморија ќе се разликува во зависност од операторот и може да се промени откако ќе се извршат надградбите на софтверот.