Проверете ги новите функции на камерата на Galaxy S20 | S20+ | S20 Ultra

Камерите во серијата Galaxy S20 се опремени со целосно нов систем на камерата, едноставни се за користење и имаат вклучено нови карактеристики за дополнително подобрување на видео и селфи.


Со само еден кадар може да креирате фотоисечоци од секој момент и да ја користите напредната карактеристика за зумирање за да направите фотографија на растојание од стотина метри. Новата технологија на камерата нуди и подобрено ноќно фотографирање за вечерно сликање надвор.

Споредете ги спецификациите на камерата

Сите телефони од серијата Galaxy S20 имаат една камера на предниот дел со што се заокружува дизајнот на смартфон без рамка без откажување од перформансите и функционалноста. Телефонот S20 Ultra е опремен со објектив од 40 MP за да добие „Ултра“ изглед.


Разликите во камерата кај моделите од серијата Galaxy S20 е на задната страна. Моделот S20 има три камери назад, а S20+ и S20 Ultra имаат по четири камери. Освен тоа, камерите со DepthVision го мерат растојанието меѓу камерата и субјектот со што се изоструваат портретите и AR (зголемена реалност).

слика на која се споредени уреди од серијата Galaxy S20

 

Galaxy S20

 

 

Galaxy S20+

 

Galaxy S20 Ultra

 

Предна камера

 

 

Селфи од 10 MP

 

 

Селфи од 10 MP

 

Селфи од 40 MP

 

Ултраширока камера

 

 

Ултраширока од 12 MP

 

 

Ултраширока од 12 MP

 

Ултраширока од 12 MP

 

Широкоаголна камера

 

 

Широкоаголна од 12 MP

 

 

Широкоаголна од 12 MP

 

Широкоаголна од 108 MP

 

Камера со телефото

 

 

Телефото од 64 MP

 

 

Телефото од 64 MP

 

Телефото од 48 MP

 

ToF камера

 

 

-

 

 

*DepthVision

 

*DepthVision

Забелешка: камерата со*DepthVision е Time of Flight (ToF) камера којашто може да ги оцени длабочината и растојанието за да ја однесе фотографијата на нови нивоа.

Просторен зум од 100x (само кај S20 Ultra )

Големиот екран на моделите од серијата Galaxy S20 има иста резолуција како и Quad HD + 3200 x 1440, иако моделите се разликуваат во големина. Стапката на обнова од 120 Hz кај серијата Galaxy S20 работи во режим на целосна висока дефиниција + 2400 x 1080, а резолуцијата кај Quad HD + 3200 x 1440 работи со стапка на обнова од 60 Hz.


Galaxy S20 и Galaxy S20+ поддржуваат до 3x хибриден оптички зум и до 30x Super Resolution дигитален зум, додека Galaxy S20 Ultra нуди до 10x хибриден оптички зум и 100x Super Resolution дигитален зум. Иако е вистина дека дигиталниот зум не се користи во вистинскиот живот поради проблем со уништување на квалитетот на сликата, очигледно е дека дигиталниот зум 100x Super Resolution дава јасна разлика во однос на други производи.

анимирана слика од куче со помош на просторен зум

Посветол и појасен Темен режим

Новите модели од серијата Galaxy S20 даваат и можност да се фотографира светла и живописна слика дури и при услови на слабо осветлување. Поголемите димензии на сензорите овозможуваат поголема светлина во текот на ноќта.


Темниот режим и HDR (Висок динамичен опсег) Ви овозможуваат дури и да ги добиете вистинските нивоа на светло и темно. Сликите фотографирани во темен режим се појасни и посветли.

анимирана слика од свеќа користејќи Темен режим

Приспособи го филтерот на мојата камера

Моделите од серијата Galaxy S20 имаат можност за поставување различни филтри и нивна примена на оригиналната фотографија, па дури и да се пребои сликата со нив. Ви овозможуваат да креирате ваши специјални фотографии. 


Кога ќе сакате да направите фотографија со посакуваниот ефект, само зачувајте ја сликата во апликацијата Галерија и AI на моделите од серијата Galaxy S20 ќе го постават филтерот за боја врз основа на базата на податоци за филтерот.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Камера и допрете на иконата Филтер што се наоѓа во горниот десен агол на екранот. Откако ќе допрете, ќе ве води до следниот екран каде што ќе може да ги видите Мои филтри. 
Чекор 2. Допрете на копчето (+) за да креирате нов филтер и ќе се отвори апликацијата Галерија на Вашиот телефон.

слика од уредот Galaxy S20 што ја користи функцијата филтер

Чекор 3. Допрете на Слики или Албуми за да ја најдете фотографијата којашто го содржи филтерот што го сакате.

Чекор 4. Откако ќе допрете на фотографијата, ќе се појави како сликичка. Допрете на називот на филтерот за да го преименувате и на Зачувај за да го додадете.

слика од уредот Galaxy S20 што користи Мои филтри

Забелешка: 

  • За да го отстраните филтерот, држете го притиснат креираниот филтер и допрете на Избриши.
  • Можете да ги организирате филтрите и ако ги допрете, а потоа да ги влечете и да ги спуштите во различен редослед.

Благодариме за повратните информации