Уживајте во јасниот и мазен екран на Вашиот Galaxy S20 | S20+ | S20 Ultra со динамички опции за стапка за обнова

Galaxy S20 динамичкиот AMOLED 2X екран има стапка на обнова која може да ви даде појасен и помазен екран кога користите кои било апликации, особено кога играте игри или гледате видеа на уредот. Додека претходните уреди Galaxy имаа стапка на обнова од 60 Hz, моделите од серијата S20 можат да постигнат до 120 Hz.

Спореди стапка на обнова

Стапка на обнова, изразена во Hz (херци), е број што покажува колку пати екранот може да ја ажурира сликата во 1 секунда. Најголемиот број мобилни телефони користат 60 Hz, што значи 60 обнови во 1 секунда во прегледувачот. 
 

Со повисока стапка на Hz (или стапка на обнова) има помалку задоцнување и трепкање на екранот, како и побрза реакција на екранот. Згора на ова, филмовите и видеата со многу движења изгледаат многу пореално. 

две слики со споредба на стапките на обнова

Зголемена динамичка стапка на обнова на Galaxy S20 AMOLED 2X

Екран со ваков квалитет и претходно беше искористен кај монитори за играње со високи перформанси, меѓутоа сега се користи кај моделите од серијата Galaxy S20. Сега може да го промените екранот од 60 Hz на 120 Hz. Оваа промена ќе ви овозможи да искусите пореални анимации, но и да уживате во игрите.

Како да ја поставите стапката на обнова на Galaxy S20

Чекор 1. Одете на Поставувања и допрете на менито Екран.

Чекор 2. Од листата на менито, допрете на Мазност на движење. Допрете Висока стапка на обнова.

слика на уред Galaxy S20 при поставување стапка на обнова

Забелешка: 

  • 120 Hz стапка на обнова не е поддржана на резолуција WQHD+. Ако префрлите на оваа резолуција, стапката на обнова ќе падне на 60 Hz. 
  • Ако работи на 60 Hz, батеријата ќе трае подолго.

Благодариме за повратните информации