Уживајте во различните карактеристики за споделување со Galaxy S20 | S20+ | S20 Ultra

Не само што можете да споделувате музика, туку и други содржини со секој што ги користи новите карактеристики вградени во моделите од серијата Galaxy S20.
 

Карактеристиката Music Share ви овозможува лесно да го споделите звучникот со Bluetooth којшто е веќе поврзан со вашиот уред со други уреди. Карактеристиката Quick Share Ви овозможува да споделувате содржини со блиски уреди преку Wi-Fi  Direct или Bluetooth, или со уреди што поддржуваат SmartThings.

Споделувајте музика со Bluetooth-врска

За да споделите музика, нема потреба да поставувате Bluetooth-врска. Може да пристапите до звучникот од пријателот без грижи за спарување. Само поврзете се со карактеристиката Music Share на уредот Galaxy S20 и веднаш пуштете ја музиката на смартфонот. 
 

Оваа карактеристика е достапна само на уреди што ја поддржуваат карактеристиката Music Share.

Забелешка: кај двата телефона треба да бидат вклучени Wi-Fi и Bluetooth дури се врши споделувањето.

  • Подготовка (домаќин): извршете спарување со звучник и вклучете ја  Music Share.
  • Активација (гостин): Одете на списокот со Bluetooth-уреди и поврзете го звучникот со Music Share. Почнете со пуштање музика.
анимирана слика од Music Share во автомобил
  • Оваа карактеристика е достапна само на уреди што ја поддржуваат карактеристиката Music Share.
  • Music Share е нова карактеристика базирана на Wi-Fi  и Bluetooth, а зависи од чипсетот за Wi-Fi.
  • Карактеристиката Music Share може да се користи со која било музичка апликација.
  • Уредите што работат со ОС Android  Q ќе ја поддржуваат оваа карактеристика Music Share, а достапната цел може да се разликува според моделот на уредот.

Најважни информации за карактеристиката Quick Share

Quick Share ќе ви овозможи моментално споделување слики, видеа и датотеки со пријателите. Може да споделувате датотеки со најмногу 5 лица истовремено без потреба од спарување на уредите.

слика на уред-домаќин како споделува датотека со други уреди

Чекор 1. На другиот уред, отворете го панелот за известувања, лизгајте надолу, а потоа допрете на Quick Share за да ја активирате.

Чекор 2. Активирајте ја апликацијата Галерија и изберете слика. Допрете на копчето Сподели и изберете уред за да ја пренесете сликата. Прифатете го барањето за пренос на датотека на другиот уред.

слика на уред Galaxy S20 при поставување Quick Share

Забелешка:

  • Ако лицето со коешто сакате да споделувате не се појавува, проверете дали кај уредот на тоа лице е вклучено Quick Share или Видливост на телефонот во брзиот панел. Исто така, проверете дали е вклучен екранот од телефонот на другото лице. Може да предизвикате додатни трошоци кога споделувате датотеки преку мобилната мрежа.
  • Уредите што работат со ОС Android Q ќе ја поддржуваат оваа карактеристика Quick Share, а достапната цел може да се разликува според моделот на уредот.
  • Уредот што прима мора да поддржува Wi-Fi direct. Екранот на уредот што прима е вклучен.
  • Мора да биде вклучена Wi-Fi.
  • Може да испратите наеднаш до 1 GB и најмногу 2 GB на ден.

Благодариме за повратните информации