Како да го користите S Pen со Galaxy S22 Ultra и како да ја проверите компатибилноста

Galaxy S22 Ultra е прв телефон со вграден S Pen, па лесно може да го носите и да го користите секогаш кога ќе сакате. Можете да го користите интегрираниот S Pen на многу различни начини за да го подобрите максимално доживувањето со пишувањето белешки. Проверете во водичот подолу за да дознаете за новиот вграден S Pen на Galaxy S22 Ultra.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Првиот вграден S Pen во серијата S

Galaxy S22 Ultra е првиот производ од серијата S со вграден S Pen. Можете да го искористите за да цртате и запишувате идеи, да вршите воздушни дејства, да отворите нова белешка директно на екранот или да префрлате меѓу други уреди компатибилни со S Pen во движење. Исто така, може да го користите S Pen за работа со текст, односно да го конвертирате ракописот во текст додека пишувате на екранот.

s22 со вграден s pen

Забелешка:

  • S Pen од Galaxy S22 Ultra не може да се вметне во претходните серии на Galaxy Note.
  • Променет е дизајнерскиот концепт на S Pen во мат заради порамномерно пишување и помеко чувство овозможувајќи стабилно држење дури и по подолг временски период во споредба со S Pen од претходната серија на Galaxy Note.
  • Поради дизајнот на мат, може да се јави слабо неудобно чувство при вадење или замена на пенкалото во телефонот, но тоа не е проблем со уредот и затоа ракувајте внимателно. Ако има туѓ предмет на него, избришете го со меко крпче.

S Pen мора да биде наполнет пред да можете да ги контролирате апликациите далечински преку копчето за S Pen. Кога ќе го ставите S Pen во отворот, полнењето ќе започне. Ако е деактивирана функцијата Воздушно дејство, S Pen ќе се полни само ако се полни и уредот.

полнење на s pen на s22

Иако веќе е можно да се постави тајмерот и да се направат фотографии со уредот поставен на растојание, сега ќе можете и да фотографирате погодно само со притискање на копчето за S Pen. Следете ги чекорите во продолжение за да направите фотографија со помош на S Pen.

фотографирање слика со s pen на s22 чекор 1 фотографирање слика со s pen на s22 чекор 1

Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Поставyвања и допрете на Напредни функции.

фотографирање слика со s pen на s22 чекор 2 фотографирање слика со s pen на s22 чекор 2

Чекор 2. Допрете на S Pen.

фотографирање слика со s pen на s22 чекор 3 фотографирање слика со s pen на s22 чекор 3

Чекор 3. Допрете на Воздушни дејства па допрете на прекинувачот за да ја активирате карактеристиката.

фотографирање слика со s pen на s22 чекор 4 фотографирање слика со s pen на s22 чекор 4

Чекор 4. Активирајте ја апликацијата Камера.

фотографирање слика со s pen на s22 чекор 5 фотографирање слика со s pen на s22 чекор 5

Чекор 5. Притиснете еднаш на копчето S Pen за да направите фотографија.

  • За да направите серија од фотографии, притиснете и задржете на копчето S Pen.
  • За да го промените режимот на фотографирање, поместете го S Pen налево или надесно дури го притискате и го држите копчето S Pen.
  • За да префрлите меѓу камери, притиснете го копчето S Pen двапати.

Може да ги контролирате апликациите далечински со помош на S Pen поврзан со уредот преку Bluetooth Low Energy (BLE).

На пример, ќе можете брзо да стартувате апликации, како што е апликацијата Камера, со притискање и држење на копчето за S Pen. Исто така, додека ја користите апликацијата S Pen, ќе можете да направите фотографија ако притиснете еднаш на копчето. Додека пуштате музика, ќе можете да ја зголемите гласноста ако го подигнете S Pen додека држите на копчето за S Pen, но може и да ја намалите гласноста ако го спуштите.

Забелешка:

  • Пенкалото S Pen мора да биде наполнето пред да ја користите карактеристиката Воздушни дејства.
  • Кога ќе го извадите S Pen од отворот, на статусната лента ќе се појави иконата за Воздушни дејства. Доколку е испразнет S Pen или е далеку од уредот, или пак ако има пречки или надворешни интерференции помеѓу S Pen и уредот, тогаш S Pen ќе биде откачен од уредот и иконата ќе стане сива. За да ја користите повторно карактеристиката Воздушни дејства, поврзете го S Pen со уредот така што повторно ќе го вметнете S Pen во отворот.

Може да поставите апликација или карактеристика да стартува, а потоа да промените за што сакате да ја користите карактеристиката S Pen. Следете ги чекорите во продолжение за да ја поставите апликацијата или карактеристиката којашто сакате да ја промените.

менување апликации на s22 со s pen чекор 1 менување апликации на s22 со s pen чекор 1

Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Поставyвања и допрете на Напредни функции.

менување апликации на s22 со s pen чекор 2 менување апликации на s22 со s pen чекор 2

Чекор 2. Допрете на S Pen.

менување апликации на s22 со s pen чекор 3 менување апликации на s22 со s pen чекор 3

Чекор 3. Допрете на Воздушни дејства.

менување апликации на s22 со s pen чекор 4 менување апликации на s22 со s pen чекор 4

Чекор 4. Допрете на Дpжете го копчето Pen за да.

менување апликации на s22 со s pen чекор 5 менување апликации на s22 со s pen чекор 5

Чекор 5. Изберете ја апликацијата или карактеристиката којашто сакате да ја промените. Може да ја стартувате апликацијата со држење на копчето за S Pen.

Ако S Pen има проблеми со поврзувањето или S Pen често се исклучува, ресетирајте го S Pen и поврзете го повторно. Вметнете го S Pen во отворот. Потоа, отворете го екранот за поставката Воздушни дејства и допрете на Повеќе опции (три вертикални точки) > Ресетирај го S Pen.

Забелешка:

  • Може да поврзете само пенкала S Pen одобрени од Samsung што поддржуваат Bluetooth Low Energy (BLE).
  • Не вадете го S Pen од уредот кога е поврзан. На тој начин ќе го прекинете процесот.

Кога ќе го користите S Pen од Galaxy S22 Ultra со друг уред,

  • S Pen е наменет исклучиво за Galaxy S22 Ultra и може да се користи само во режим на пишување кај модели со панел Wacom. Бидејќи не е компатибилен за спарување со други модели, карактеристиката Воздушни дејства може да биде ограничена.

Кога ќе го користите S Pen од друг уред со Galaxy S22 Ultra,

  • S Pen од серијата Galaxy Note: Достапна е само карактеристиката за пишување.
  • S Pen од Galaxy Tab: Достапна е само карактеристиката за пишување.
  • S Pen од Galaxy Z Fold3: Не е достапно.
  • S Pen Pro: Достапни се карактеристиките Пишување и Воздушни дејства. (Само кога прекинувачот е во режим на S Pen, а не во режим на Z Fold)

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации