Сликајте и снимајте различни фотографии и видеа користејќи го Galaxy S20 | S20+ | S20 Ultra режимот Еден кадар

Сега ќе можете да ги фатите важните моменти со помош на функцијата на камерата за режим Еден кадар кај моделите од серијата Galaxy S20. Со само едно сликање, AI (вештачка интелигенција) слика до 14 различни типови фотографии и видеа во рок од 3 ~ 10 секунди од времето на сликање

Ќе добиете најдобри фотографии и видеа со само едно сликање

Со допир на прстот и со помош на AI за Еден кадар, сега може да го сликате најдобриот момент без да се грижите како ќе го сликате.

Со Еден кадар можете да сликате фотографии со широк агол, одблиску, како и видеа.

слика од уредот Galaxy S20 што користи Еден кадар

Забелешка: Карактеристиката за зум не е поддржана во режимот Еден кадар 

Како да го употребите режимот Еден кадар

Чекор 1. Отворете ја апликацијата за Камера. Допрете на ЕДЕН КАДАР од опциите на менито.

Чекор 2. Допрете на копчето за блендата и вртете наоколу за да направите најдобра снимка. Камерата автоматски ќе ги направи најдобрата слика и снимка од секоја сцена.

Чекор 3. Кога ќе завршите, допрете на сликичката за преглед. Ќе видите оптимизирани резултати за сцената што сте ја снимиле.

 

За да ги видите другите резултати, само повлечете ја иконата нагоре. За да ги зачувате резултатите поединечно, допрете на Избери, означете ги саканите ставки и допрете на иконата со стрелка надолу.

слика со резултати од Еден кадар

Достапни режими за резултати од фотографија и видео со помош на Еден кадар

 

AI слика до 14 различни видови фотографии и видеа (10 фотографии и 4 видеа) од 3~10 секунди од сликањето.

Резултатите од користењето Еден кадар ќе бидат прикажани во Галеријата.

слика со резултати од Еден кадар
galaxy-s20

Фотографија

Видео

① Најдобри моменти со AI

⑤ Оригинал

② Широкоаголно сликање

⑥ Брзо нанапред

③ Филтер за AI

⑦ Скок (бумеранг)

④ Паметно отсекување

Забелешка: за да направите различни снимки, потребни се најмалку 3 и најмногу 10 секунди сликање. Резултатите ќе се разликуваат врз основа на времето на снимање и субјектот.

Благодариме за повратните информации