Што да правам ако батеријата на мојот телефон изгледа како да се празни многу брзо?

Потрошувачката и работниот век на батеријата зависат од голем број фактори, вклучувајќи ја зачестеноста на користење на уредот, бројот на инсталирани и активни апликации, грешките во оперативниот систем и мрежното поврзување. 5G мрежите може да ја испразнат батеријата побрзо, но телефоните Galaxy користат напреден софтвер AI-based за ефикасна контрола врз потрошувачката на батеријата за да соодветствува со шемите на користење.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Батеријата може да се троши малку побрзо веднаш по купувањето

Можеби ќе забележите дека батеријата во новиот телефон изгледа како да се троши побрзо во споредба со претходниот уред иако ја користите во истите услови по купувањето.

Во текот на првите денови по купувањето, корисниците обично активираат многу апликации и поставуваат различни карактеристики за првично поставување на уредот, па затоа зачестеноста на работењето во заднина е оптимизирана во овој период. Затоа може да забележите дека времето на користење на батеријата е пократко во споредба со користењето на претходниот уред.

5G услугата може повеќе да ја троши батеријата

Додека сте поврзани на 5G мрежа, телефонот може да ја троши батеријата повеќе од вообичаено. Тековните 5G услуги се усогласени со стандардот Non-Standalone (NSA)*, којшто ги користи 4G (LTE) и 5G заедно. Поради тоа, електронските кола за 5G и 4G (LTE) се користат истовремено за обработка на податоци од голем обем со висока брзина.

Бидејќи телефонот Ви е поврзан на повеќе мрежи истовремено, батеријата може да се троши побрзо отколку што вообичаено би очекувале, а телефонот може да стане малку потопол отколку да работи само на 3G или LTE. За да надоместите за ова, може да користите функции што ќе ги оптимизираат и подобрат севкупните перформанси на телефонот.

*NSA (Non-Standalone): Првото пуштање во употреба на 5G мрежите и уредите ќе биде работење според Non-Standalone (NSA), што значи дека 5G мрежите ќе бидат поддржани од постоечката инфраструктура за 4G. Така, уредите овозможени за 5G ќе се поврзат со 5G фреквенции за податоци, но сè уште ќе користат 4G за карактеристики без употреба на податоци, како што е поврзување со базните станици и сервери.

Забелешка: Ако сметате дека уредот се прегрева, Не го користете некое време и почекајте да се излади.

Како да ја оптимизирате батеријата на телефонот

Ако сакате да го продолжите работниот век на батеријата од телефонот или ако сметате дека батеријата се празни брзо, може да го оптимизирате телефонот севкупно, да управувате со напојувањето на апликациите, но и да ги оптимизирате индивидуалните апликации. Може да ја намалите потрошувачката на батеријата на следниве начини.

Може да го оптимизирате телефонот со помош на карактеристиката Грижа за уредот со цел да ја намалите потрошувачката на батеријата ако ги затворите апликациите што не ги користите и ако ја контролирате абнормалната употреба на батеријата. Следете ги чекорите во продолжение. 

Чекор 1. Отворете Settings (Пocтaвyвaњa) и изберете Battery and device care (Батерија и грижа за уред)

Чекор 2. Допрете на Optimize now (Оптимизирај сега). Грижа за уредот автоматски го оптимизира телефонот.

Грижа за батеријата и уредот

Карактеристиката за брзо оптимизирање го подобрува работењето на уредот со помош на следниве дејства.

  • Ги затвора апликациите што работат во заднина.
  • Управува со абнормалното користење на батеријата.
  • Скенира за паднати апликации и злонамерен софтвер.

 

Користење на карактеристиката за оптимизација

Може да го поставите уредот да врши автоматска оптимизација кога не се користи уредот. Допрете на More options (Повеќе опции) > Automation (Автоматизација) > Auto optimize daily (Секојдневно автоматско оптимизирање) и допрете на прекинувачот за да го активирате.

Колку повеќе некористени апликации работат во заднина, толку повеќе енергија ќе користи батеријата. Може да се постават ограничувања за користење во заднина со цел да се намали потрошувачката на батерија. Следете ги чекорите во продолжение.

Грижа за батеријата и уредот Грижа за батеријата и уредот

Чекор 1. Отворете Settings (Пocтaвyвaњa) и изберете Battery and device care (Батерија и грижа за уред).

Грижа за батеријата и уредот2 Грижа за батеријата и уредот2

Чекор 2. Допрете на Battery (Батерија).

Грижа за батеријата и уредот-Батерија Грижа за батеријата и уредот-Батерија

Чекор 3. Допрете на Background usage limits (Огранич.за користење во заднина).

Ограничувања за користење во заднина Ограничувања за користење во заднина

Чекор 4. Поставете ја апликацијата што сакате да ја контролирате.

Може да одберете од следниве поставки: 

  • Ставете ги некористените апликации да спијат и со тоа автоматски ќе бидат ставени апликациите да спијат ако не се користат одредено време.
  • Sleeping apps (Заспани апликации) Ви овозможува да ги одберете апликациите што не работат во заднина. Исто така, може да ги видите тековните заспани апликации.
  • Deep sleeping apps (Длабоко заспани апликации) нема никогаш да работат во заднина и ќе работат само кога ќе ги отворите.
  • Never sleeping apps (Незаспани апликации) Ви овозможува да одберете кои апликации нема автоматски да бидат поставени во режим на спиење.

Може да оптимизирате поединечни апликации за да се користи батеријата помалку. Следете ги чекорите во продолжение.

оптимизирајте поединечни апликации за да се користи батеријата помалку оптимизирајте поединечни апликации за да се користи батеријата помалку

Чекор 1. Отворете Settings (Пocтaвyвaњa) и изберете Apps (Апликации).

оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-апликации оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-апликации

Чекор 2. Допрете на More options (Повеќе опции) (три вертикални точки).

оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-повеќе опции оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-повеќе опции

Чекор 3. Изберете Special access (Пoceбен пpиcтап).

оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-специјален пристап оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-специјален пристап

Чекор 4. Изберете Optimize battery usage (Опт. ro кopиcт. нa бaтep.).

оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-Оптимизирај користење на батеријата оптимизирајте индивидуални апликации за да се користи батеријата помалку-Оптимизирај користење на батеријата

Чекор 5. Изберете ја апликацијата што сакате да ја оптимизирате. Оптимизираните апликации помалку ја трошат батеријата.

Забелешка:

  • Оптимизираните апликации помалку ќе ја трошат батеријата, но некои функции во заднина ќе бидат ограничени.

Дознајте повеќе за Galaxy Battery со Samsung Support.

Забелешка:

  • Вистинскиот работен век на батеријата зависи од мрежната околина, карактеристиките и апликациите што се користат, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори.
  • Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат според моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации