Различни начини за полнење на батерија кај паметен телефон Galaxy

Внимавајте да ја наполните батеријата пред првото користење или кога таа не е користена подолг временски период. Во продолжение ќе ги дознаете сите различни начини за полнење на вашиот паметен телефон. 

1 Поврзете го USB-кабелот за USB-адаптерот и вклучете го USB-кабелот во повеќенаменската приклучница на уредот.
Поврзете го USB-кабелот
2 Вклучете го USB-адаптерот во електричен штекер.

Ако сакате да го полните паметниот телефон Galaxy со новата повеќенаменска приклучница користејќи Micro USB-кабел, прво треба да поврзете Micro USB-конектор.

Mикро USB-конектор
  1. Micro USB-кабел
  2. Micro USB-конектор

Напоменуваме: Не вклучувајте го Micro USB-кабелот во повеќенаменската приклучница на вашиот уред. Така можете да го оштетите уредот и кабелот.

Поврзете го кабелот за полнење со базата за полнење. Користете само приклучни станици одобрени од Samsung бидејќи другите приклучни станици можеби нема добро да ја полнат батеријата.

Безжично полнење

Ако кабелот за полнење е правилно поврзан за базата за полнење, ќе видите различни бои во зависност од статусот на полнењето:
 

  • Сина: Се полни.
  • Зелена: Сосема наполнето.
  • Цијан: Поврзано со адаптер со слаба моќност.
  • Нема боја: Паметниот телефон не е поврзан со базата за полнење или базата за полнење не е поврзана со изворот на електрична енергија.


Ставете го вашиот паметен телефон Galaxy централно на базата за полнење.  

Ставете го вашиот паметен телефон Galaxy централно на базата за полнење

Ако имате база за полнење со потпора, паметниот телефон можете да го полните и така што ќе го потпрете на потпората. 

Поставете го паметниот телефон на базата за полнење

Кога паметниот телефон е сосема наполнет, извадете го од базата за полнење. Статусот на полнењето е прикажан на екранот на паметниот телефон со икона на батерија.

Напоменуваме: Ако користите база за полнење со функција на брзо полнење, користете само кабли за полнење и приклучоци што се одобрени од Samsung, кои ја поддржуваат функцијата на брзо полнење (9 V/1.67 A, 9 V/2 A, 12 V/2.1 A). Функцијата на брзо полнење мора да биде поддржана од паметниот телефон и од базата за полнење. 

Ако LED сијаличките не функционираат како што е опишано, исклучете го полначот од базата за полнење и вклучете го повторно.

Совети за безжично полнење

 

  • Паметниот телефон мора да биде во центарот на базата за полнење. 
  • Меѓу паметниот телефон и базата за полнење не смее да има туѓи предмети како што се метални предмети, магнети или картички со магнетни ленти.  
  • Задната страна на мобилниот уред и на полначот треба да биде чиста и без прашина.  
  • Користете само станици за полнење и приклучни кабли што се одобрени од Samsung, кои имаат соодветен номинален влезен напон.
  • Заштитниот капак може да пречи при процесот на полнење. Во таков случај, извадете го заштитниот капак од телефонот.  
  • Ако го поврзете кабелот од полначот со паметниот телефон во текот на безжичното полнење, функцијата за безжично полнење нема повеќе да биде достапна.   
  • Ако користете база за полнење на места со лош прием, приемот во текот на полнењето можеби нема да успее во целост. 
  • Базата за полнење нема прекинувач за вклучување/исклучување. Кога не е во употреба, исклучете ја базата од штекерот за да спречите потрошувачка на енергија.

Повеќето паметни телефони Galaxy ја поддржуваат адаптивната карактеристиката за брзо полнење на Samsung и Qualcomm's Quick Charge 2.0. Ако го поврзете вашиот уред за полнач што поддржува барем еден од овие два стандарди, можете да ја користите функцијата за брзо полнење.

Меѓутоа, со цел зачувување на енергијата на батеријата, функцијата за брзо полнење не е достапна кога екранот е вклучен. Екранот исклучете го за полнење. 
 

Ако функцијата за брзо полнење не е активирана на вашиот паметен телефон Galaxy со Android верзија 6.0, следете ги овие чекори:

1 Отворете Нагодувања.
2 Притиснете на Батерија.
3 Активирајте ја ставката во менито Брзо полнење со кабел.

Ако функцијата за брзо полнење не е активирана, за Android верзија 6.0 и понови, следете ги овие чекори:

1 Отворете Нагодувања.
2 Притиснете на Одржување на уредот или Грижа за уредот.
3 Изберете Батерија.
4

Притиснете на иконата за повеќе опции, а потоа на Напредни нагодувања или Нагодувања.

5 Поместете го со лизгање прекинувачот Брзо полнење со кабел за да го активирате.

Како изгледа полначот за брзо полнење

Брзо полнење

Совети за брзо полнење

 

  • За користење на функцијата за брзо полнење, екранот на вашиот телефон треба да биде исклучен или тој треба да биде исклучен од струја при полнење на батеријата.   
  • За да ја зголемите брзината на полнење, полнете го вашиот уред во Flight Mode (Режим на летање).  
  • Кога ја полните батеријата, тоа ќе биде прикажано на панелот за известување и на иконата на батеријата во горниот десен агол на вашиот телефон. 
  • Преостанатото време на полнење можете да го проверите на екранот. Реалното преостанато време може да се разликува во зависност од условите за полнење.
  • Вградената функција за брзо полнење не може да ја користите кога полните батерија со помош на стандарден полнач на батерии. 
  • Ако уредот се загрева или амбиенталната температура се зголемува, брзината на полнење може автоматски да се намали. Ова се случува за да се спречи оштетување на уредот. 
  • Кога ја полните батеријата првпат, едноставно поврзете го телефонот со испорачаниот полнач и полнете го без оглед кое е нивото на батеријата додека не се наполни до крај. Првите нивоа на батеријата и времињата на полнење може да се разликуваат. 
  • За подолг животен век на батеријата, избегнувајте ги нивоата на батеријата од 0%. Батеријата може да ја полните во секое време, одржувајќи го оптималниот опсег од 20-80%.
  • Сите уреди за напојување Samsung за паметни телефони се достапни за 100-240 волти. Оваа информација може да ја најдете на единицата за напојување.  Според тоа, вашиот паметен телефон може да го полните во странство на 110 волти.
Единици за напојување во волти
  • Ако истовремено го поврзете вашиот мобилен уред за полнач со кабел и го поставите на база за полнење, тој ќе се полни само преку полначот со кабел.

Благодариме за повратните информации