Што да правите ако Вашиот Galaxy телефон не се вклучи како што треба?

Ако Вашиот Galaxy телефон не се вклучува, тогаш треба да проверите неколку нешта. Во повеќето случаи, тоа значи дека телефонот не се полни правилно или, пак, уредот можеби е оштетен. За повеќе информации, погледнете го упатството дадено подолу.

Пред да се обидете со препораките дадени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на Вашиот уред се ажурирани до најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на Вашиот мобилен уред следете ги овие чекори: 

Чекор 1. Одете на Поставки > Ажурирање софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата дадени на екранот.

1. Бидете сигурни дека батеријата е доволно наполнета пред да го вклучите телефонот

Пред да го вклучите телефонот треба прво да ја наполните батеријата. Ако батеријата е целосно испразнета, уредот нема да може да се вклучи веднаш, дури и ако е поврзан на полнач. Затоа, за да го вклучите, прво треба да ја полните батеријата најмалку неколку минути. Откако ќе ја наполните батеријата, обидете се повторно да го вклучите телефонот.

Вклучување на испразнета батерија.

Напомена: 

  • Времето на полнење коешто е потребно за да се вклучи уредот може да се разликува во зависност од уредот и моделот.
  • USB-поврзаноста на PC може да не обезбеди доволно моќност за истовремено да се наполни и користи телефонот или таблетот бидејќи за да се наполни ќе биде потребно значително подолго време. Исклучете го за да се наполни побрзо.

Ако напонот, струјата и типот на приклучокот на полначот не се компатибилни со Вашиот телефон, уредот може сериозно да се оштети. Се препорачува да се користи оригинален полнач сертифициран од Samsung.

Може да ги видите и купите овластените адаптери за полначи и безжични полначи на страницата за дополнителна опрема за мобилни на Samsung.

Проверете дали Вашиот телефон, полнач и USB кабел имаат физичко оштетување или оштетување предизвикано од течност. Ако има оштетување, тоа можеби создава пречки при соодветното полнење. Откако ќе ги проверите следните предмети, доколку некој дел е оштетен, тогаш заменете го или контактирајте го најблискиот сервисен центар на Samsung за помош.

  • Проверете дали отворот за полнење на телефонот и каблите корозирале, дали има нешто во нив и дали има извиткани иглички.
  • Погрижете се дека телефонот не е потопен во вода, прегреан, подуен или оштетен.
  • Кабелот за полнење мора да биде добро прицврстен со отворот за полнење и да е стабилен.

Истовремено притиснете и држете ги подолго од 7 секунди страничното копче и копчето за намалување на звук за да го престартувате уредот.

Кога телефонот ќе влезе во режим Maintenance Boot наместо да се престартува, користете ги копчињата за зголемување и намалување звук за да ја изберете опцијата Normal Boot и притиснете го страничното копче за да ја изберете. Вашиот телефон повторно ќе се престартува нормално.

Присилно вклучување.

Напомена: Ако правилно се изврши, присилното престартување нема да избрише информации од телефонот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако искусувате тешкотии со Вашиот Samsung мобилен телефон, таблет или носиви електронски уреди, може да ни испратите прашање преку апликацијата Samsung Members. Откријте повеќе за тоа како да испратите извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации