55" LS01T The Serif 4K Smart TV 2020
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Бр. 1 бренд на телевизори веќе 14 години2
„Прекрасен дизајн + првокласна технологија... Ако имате истенчен вкус за дизајн како мене, тогаш ова е вистинскиот телевизор за вас. Спој на преубава форма и практична функција...“ Паметен телевизор The Serif QLED Smart 4K UHD TV Class од 55 инчи - бел (2019), САД, samsung.com3
За разлика од конвенционалните телевизори, местото не му е до ѕид
Држач за на под кој се расклопува
The Serif може да го поставиш буквално секаде во просторијата. Доаѓа со елегантен метален држач кој совршено одговара на неговата софистицирана рамка. Изгледа одлично и на помал простор, а можноста за вадење на ногарките го прави уште поразноличен. Движи го наоколу како што сакаш.
Нови начини да уживаш во содржините
NFC на телевизорот
Кога ти треба музика, само поврзи се и уживај во глетката. 4
Види го светот со технологијата QLED
Color Volume 100 % и HDR 10+
Технологијата Quantum Dot на Samsung користи квантни честички со нано големина за да создаде 100-процентна видливост на боите, така што дури и кога сцената е премногу светла или премногу темна, ќе гледаш само реалистични слики. А технологијата HDR10+ ја анализира секоја сцена, кадар по кадар, за да ја приспособи светлината на секој момент. 5
Се вклопува совршено каде и да го поставиш
Во центарот на вниманието, со сигурност
Дизајн во форма на буквата „I“
Дизајнот во форма на големата латинична буква „I“ дава смел изглед кој ќе привлече сечие внимание. Уникатниот дизајн во форма на буквата „I“, спакуван во тенка рамка, го претвора The Serif во парче кое се истакнува на начин на кој ниеден друг телевизор не може. Земи го „I“ за да ја присвоиш сцената.
Еве како се монтира
Немаш алати? Без грижа
Сè е многу лесно. Едноставно стави го телевизорот наопаку за да излезат ногарките и постави го држачот. Врати го во исправена положба, вклучи го и може да почнеш.
Плус неколку совети како да ги сокриеш каблите
Уредно собери ги каблите за поубав изглед. Само тргни ја задната заштита, извлечи го кабелот за струја преку отворот и протни го низ вдлабнатината на долниот дел. Уредноста никогаш не изгледала поубаво.
Ги истакнува боите
Разновидни опции за бои
Еве две бои кои навистина се истакнуваат. Верзија во памук сина боја го истакнува природниот карактер на The Serif, а облак белата е секогаш популарна. Значи, ете како се комплетира домашниот ентериер.6
Ексклузивни шари
Екранот не мора да биде црн кога не гледаш телевизија. Новиот амбиентален режим содржи две ексклузивни шари креирани специјално од Ронан и Ерван Бурулек, инспирирани од природата околу нас__прекрасен лист и шара на платно—со разни опции за бои за да одговараат на твоето расположение.
Уживај во секој момент со The Serif
Амбиентален режим +
Корисни информации пред да излезеш наутро, разни опции за креирање амбиент за забавите со пријателите, бавни мелодии кои свират додека читаш книга или споделување на сликите со саканите__The Serif ти нуди голем број опции и поставки кои го трансформираат телевизорот како што сакаш
Постави го расположението со твојот глас
Приспособи го расположението според твојот распоред
Прошири ги своите хоризонти со беспрекорно поврзување8
Ги пресликува сите твои доживувања
Сите твои уреди поврзани за секунда на поедноставен начин. 9
AirPlay 2
Со вградениот AirPlay 2 можеш лесно да пушташ филмови, серии, музика и фотографии на The Serif директно од твојот iPhone, iPad или Mac.10
SmartThings
Започни филм на твојот паметен телефон додека се враќаш од работа и лесно префрли се на твојот Samsung телевизор кога ќе стигнеш дома. Независно од тоа дали имаш Android или iOS, со апликацијата SmartThings може лесно да се поврзеш и да уживаш. 11
Потребен е само еден допир
Tap View
Што и да гледаш на мобилниот телефон може да се префрли на екранот на телевизорот со само еден брз допир на The Serif. 12
Исто така, помага и опцијата за правење повеќе работи одеднаш
Multi View
Подели го екранот на телевизорот и истовремено гледај што има на телевизија и на твојот мобилен уред без да треба да го тргнеш погледот. Само поврзи го мобилниот телефон и гледај повеќе работи одеднаш со Multi View. Ова е повеќе од извонреден начин за користење на телевизорот.13
Како се користи NFC на телевизорот
Дури и одговара на она што ќе го прашаш
Повеќе гласовни асистенти (Провери пред употреба дали оваа карактеристика е достапна)
Ја има моќта на QLED и иновации во звукот
Ти овозможува да го слушнеш она што е важно
Активен засилувач на звук (AVA)
Активниот засилувач на звук користи аудио просторна интелигенција за да препознае кога има потенцијални звуци кои се мешаат околу вас. Автоматски ги изјаснува гласовите на екранот со помош на напредната обработка на звучни сигнали за да не пропуштиш ништо од дијалозите.
Твојата нова домашна канцеларија
Далечински пристап
Сработи ја канцелариската работа од дома на твојот телевизор. Опцијата за далечински пристап ти овозможува безжично да го пресликаш дисплејот на твојот компјутер на екранот на телевизорот. Дури може да го користиш и канцеларискиот персонален компјутер за да пристапиш до документи или да работиш на документи со помош на Microsoft Office 365—сè тоа од удобноста на твојот кауч.21