55" TU7000 Crystal UHD 4K Smart TV 2020
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Боја и детали дизајнирани за тебе1
Јасни и живописни изрази на боја2
Јасни и живописни изрази на боја
Кристален дисплеј
Потони во сликата која има поширок спектар на бои. Кристалниот дисплеј овозможува оптимизиран израз на бојата за да можеш да ја видиш секоја суптилност.
Моќен квалитет на слика
Кристален процесор 4K
Квалитет на слика кој те допира, овозможен од единствен чип кој диригира со боите, го оптимизира соодносот на високите контрасти и владее со HDR.
Гледај ја сликата, не телевизорот
Без рамка од 3 страни
Тенок и елегантен дизајн кој те води до најбистрата слика. Минималистичкиот стил од сите страни и недостатокот на рабови поставуваат нови стандарди. Ќе искусиш неверојатно визуелно искуство во кое целосно ќе се препуштиш.
Почувствувај ја реалноста на 4K UHD резолуцијата
4К резолуција
4K UHD телевизорот оди над вообичаената FHD со 4х повеќе пиксели, нудејќи ти ги острите и чисти слики што ги заслужуваш. Чувствувај се како и ти да си внатре во сцената.
Види ги воодушевувачките детали
HDR
Високиот динамички опсег ја зголемува светлата експресија на телевизорот, така што може да уживаш во огромен спектар на бои и визуелни детали, дури и во мрачни сцени.
Играј побрзо
Game Enhancer
Влези побрзо во играта со помош на Game Enhancer кој го оптимизира екранот за да имаш поголема контрола со речиси незабележливо доцнење на сликата. Доживеј го глаткото играње во својот најимпресивен облик без заматување на движењето и без вибрации.3
Наоѓај различни содржини користејќи само еден далечински управувач (ЕУ)
Smart Hub & One Remote Control (Достапноста на карактеристиката може да се разликува во зависност од регионот. Провери пред употреба.)
Сè што ти треба е еден далечински управувач за да откриеш многу различни содржини. Можеш да управуваш со дигиталниот приемник, конзолата за играње, апликациите, па дури и со пренос во живо.4
Само допри за да ја префрлиш содржината на друг уред
Tap View
Само со еден допир можеш да ги префрлиш филмовите или музикатa од твојот смарт телефон на телевизорот. Кога ќе се поврзе телевизорот со твојот смарт телефон, тогаш тој автоматски го „чувствува“ допирот од телефонот и ја прикажува истата содржина. Па, така лесно и брзо можеш да ја префрлиш омилената содржина на телевизорот и да продолжиш да уживаш во неа.5
Се вклопува во твојот домашен еко-систем
Работи со
Нека животот биде уште поповрзан. Samsung телевизорот работи со Amazon Alexa, Google Assistant и AirPlay 2.6
Работи со AirPlay 2
AirPlay 2
Со вградениот AirPlay 2 сега може на големиот екран да пренесуваш во живо или да споделуваш содржина од Apple уреди. Со леснотија пуштај видеа, музика, фотографии и многу повеќе од твојот iPhone, iPad и Mac на Samsung телевизорот.7