Soundbar звучници HW-Q60RS

Одбери

Боја :
  • Samsung Acoustic Beam
    Samsung Acoustic Beam
  • Слушај подобро. Играј подобро.
    Слушај подобро. Играј подобро.
  • Беспрекорно HDR 10 искуство
    Беспрекорно HDR 10 искуство

Величествен звук со технологијата Samsung Acoustic Beam

Наука за звукот

Тестирано и приспособено во California Audio Lab, каде што нашите аудио инженери ги применуваат најнапредните акустични технологии и врвното компјутерско моделирање за да обезбедат совршено избалансиран звук што ја исполнува просторијата.

Впушти се во акција со панорамски звук

Оживеј ја твојата забава. Samsung Soundbar го исполнува секој агол од собата со динамичен и богат звук што вистински го трансформира твојот дом.

Звук што се движи. Samsung Acoustic Beam

Не дозволувај звукот да стои во место. Технологијата Samsung Acoustic Beam го комбинира и испорачува звукот таа што делува дека доаѓа точно од местото на дејство на екранот. Совршен за филмови и играње игри, овој звук навистина те движи.

Слушај подобро. Играј подобро.

Подготви се за моќно гејмерско искуство со нискотонските звучници кои го дополнуваат амбиентот и со громогласните звучници што овозможуваат неверојатен surround звук. Soundbar-от автоматски се префрла на Режим за игри кога ќе се поврзе на твојот Samsung телевизор за да можеш да се фокусираш на играње, не на поставување.

* Оваа карактеристика е поддржана само кога конзолата за игри е поврзана на одредени Samsung телевизори од 2019 година преку HDMI (сите QLED телевизори, серија RU7400 и повисоки). Конзолите за игри што се поддржани ги вклучуваат PlayStation 4 и Xbox. Компатибилните телевизори и конзоли за игри може да се променат. **Конзолите за игри се купуваат одделно.

Опцијата за прилагодување на звукот ти помага да слушаш подобро

Samsung soundbar го анализира звучниот сигнал за автоматски да испорача оптимален звук во зависност од опкружувањето. Опцијата за прилагодување на звук ти овозможува јасно да слушаш гласови дури и при ниска јачина на звукот, така што се слушаат дури и тивките разговори.

Беспрекорно HDR 10 искуство

Со вграден 4K пренос, лесно се поврзува на 4K извори на видео како твојот UBD или конзола за игри. Работи дури и со HDR 10 извори, со што ти овозможува да уживаш во звук со беспрекорен квалитет што одговара на квалитетот на видеото. Едно поврзување на HDMI и готово.

* Приказ на слика со HDR 10 квалитет е достапен со еквивалентен влез.

Централен канал за јасен дијалог

Уживај во кристално јасен дијалог со посветен централен канал. Каналот обезбедува балансиран звук од почеток до крај и прекрасно го комплетира твоето доживување во домашната забава.

Моќен бас каде што ти треба

Не дозволувај жиците да му пречат на басот. Постави го безжичниот нискотонски звучник каде било во просторот и опкружи се со моќен, подлабок бас.

Звук, комплетиран од аудио мајстори

Комбинирајќи го мајсторството за иновации на Samsung во решенијата за домашна забава, со 65-годишното аудио техничко искуство на Harman Kardon, двата бренда продолжуваат да ги поместуваат технолошките граници со цел да испорачаат врвен звук во доживувањата на уредите за домашна забава.

Безжично поврзување со ТВ

Поврзи го Soundbar со твојот Samsung ТВ* лесно и без заплеткани кабли преку Bluetooth или Wi-Fi. Ќе можеш веднаш да уживаш во својата содржина со појасен, поефективен звук.

Контрола со само еден далечински управувач

Не ти требаат неколку далечински управувачи. За вклучување, јачината на звукот, па дури и звучните ефекти, можеш да ги контролираш клучните функции на Soundbar со далечински управувач на Samsung телевизор и корисничкиот интерфејс на телевизорот.

* Производот може да се разликува од прикажаниот и зависи од ТВ-моделот и регионот. * Компатибилен со определени Samsung телевизори. Погледни во продавницата за повеќе информации.

* Производот може да се разликува од прикажаниот и зависи од ТВ-моделот и регионот. * Компатибилен со определени Samsung телевизори. Погледни во продавницата за повеќе информации.

Безжичен стриминг на музика

Samsung Soundbar звучникот користи Bluetooth врска за лесно безжично поврзување со другите уреди. Уживај во музиката од својот мобилен телефон со врвен аудио квалитет, каде и да си и без никакви кабли.

Апликација Samsung Audio Remote

Контролирај го твојот Soundbar со Samsung апликацијата Audio Remote на твојот смартфон или таблет со Android™. Поврзи се едноставно со Bluetooth™ за да ги контролираш сите твои клучни Soundbar функции и да ги слушаш своите омилени песни на твојот мобилен уред преку една единствена апликација.

* Android е регистрирана трговска марка на Google Inc. Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG Inc.

* Android е регистрирана трговска марка на Google Inc. Bluetooth е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG Inc.

Спремен за безжичен surround звук

Комплетот за безжичен surround звук* ти дозволува лесно да го прошириш твојот Soundbar на систем за surround звук без заплеткани жици**. Заедно со твојот Soundbar, можеш да креираш систем на канали за вистинско доживување на surround звукот.

* Samsung Комплетот за безжични задни звучници се продава посебно (Модел на додатокот: SWA-8500S). ** Безжичниот модул се поврзува со кабел за напојување. Задните звучници се поврзани со модулот со кабел.

Спецификации

  • Вкупна моќност 360W
  • Број на канали 5.1 канали
  • Бруто димензии (ШxВxД): Едно пакување 1167.0 x 481.0 x 277.0 mm
  • Бруто тежина (едно пакување) 12.8 kg

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • Connection Guide
    КОРЕЈСКИ, АНГЛИСКИ, АРАПСКИ, БУГАРСКИ, КИНЕСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ДАНСКИ, ХОЛАНДСКИ, ЕСТОНСКИ, ПЕРСИСКИ, ФИНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, еврејски, УНГАРСКИ, индонезиски, ИТАЛИЈАНСКИ, казахстански, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, НОРВЕШКИ, ПОЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ, ПОРТУГАЛСКИ (Бразил), ПОРТУГАЛСКИ (европски), РУСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ, ШПАНСКИ, ШВЕДСКИ, ТУРСКИ, УКРАИНСКИ, виетнамски
  • Упатство за корисниците
    АНГЛИСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ЕСТОНСКИ, ФРАНЦУСКИ, ГЕРМАНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, ПОЛСКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелни елементи на производот се предмет на промена.