камера

Крупен кадар на задниот четворен систем на камери на Galaxy Note10 плус

Новиот систем на камерата донесува филмска технологија од професионално ниво на мобилниот апарат, притоа овозможувајќи лесно користење

Видео од професионален степен

Ги прави видеата исто толку епски колку и фотографиите на предметите во движење

Специјални ефекти, отсега за мобилно видео

Замаглете ја заднината со „боке“ ефект на видеото за филмска длабочина на полето и додајте специјални ефекти во реално време за да ги снимите истакнатите уметнички моменти.

Како да користиш видео со фокус во живо Како да користиш видео со фокус во живо

Видео снимено со фокус во живо со Blur филтер, на кое се гледа жена во работилница за грнчарство, која носи престилка и полира глинено парче.
Видео снимено со фокус во живо со Big Circle филтер, на кое се гледа жена во работилница за грнчарство, која носи престилка и полира глинено парче.
Видео снимено со фокус во живо со Color Point филтер, на кое се гледа жена во работилница за грнчарство, која носи престилка и полира глинено парче.
Видео снимено со фокус во живо со Glitch филтер, на кое се гледа жена во работилница за грнчарство, која носи престилка и полира глинено парче.

*Видео снимено со Galaxy Note10+.

Зумирањето на микрофонот Ви овозможува да го снимите звукот што го сакате

Контролирајте го звукот околу Вас додека зумирате и одзумирате, имајќи можност да го снимите само звукот што Ви е важен.

Како да користиш Zoom-In Mic Како да користиш Zoom-In Mic

Видео со зумирањето на микрофонот на жена во кујната како готви лосос во тавче. Како што камерата зумира, звуците од готвењето стануваат погласни, а околната врева станува потивка
Пушти

*Видео снимено со Galaxy Note10+.

„Супер стабилност“ ги прави мирни и природни снимките на дејства

Добијте забрзана видеоснимка без да Ви се слоши од брзината. Камерата го предвидува движењето споредувајќи ги во библиотека со над еден милион кадри и намалувајќи ги вибрациите во Вашите видеа.

Како да користиш Супер стабилност Како да користиш Супер стабилност

Видеото за споредба на „Супер стабилност“ на маж кој трча нагоре по скали во парк. Стигнува до врвот и камерата се врти околу него за да се сврти кон него со сонцето во заднина. Екранот потоа се дели на половина за да покаже како видеото се тресе кога „Супер стабилност“ е исклучено, но кога е вклучено, снимката е јасна и мирна
Пушти

*Видео снимено со Galaxy Note10+.

*Претходниот модел е Galaxy Note 9.

HDR10+ го снима моментот онако како што го гледате

Снимајте неверојатна боја и детали во 4K UHD. Искусете ги богатите нијанси и контрастот што останува прецизен во секоја сцена со HDR10+ и динамичното мапирање на боите.1

Видео во 4K UHD на жена која оди низ ходник додека виножито од светла го осветлуваат ходникот. Ги става слушалките додека оди. Екранот се дели на половина за да покаже колку е темно видеото кога HDR10 плус е исклучена и колку е светло и разнобојно кога HDR10 плус е вклучена
Пушти

*Видео снимено со Galaxy Note10+.

Видеомонтажа

Снимај. Монтирај. Сподели

Комплетно студио за монтажа отсега на Вашиот телефон

Монтирајте повеќе видеа, вметнувајте премини или титлови, менувајте ја брзината, па дури и додавајте илустрации со S Pen.

Како да монтираш видео Како да монтираш видео

Фотографија

Професионални снимки дури и ако не сте професионалец

Ултрашироката камера го снима она што другите не можат

Раширете го видно поле до 123° со ултрашироката камера од 16 MP. Отсечете до широкоаголната камера од 12 MP или доближете се со 2x оптичкиот зум на телефото камерата од 12 MP.

Двоен отвор за ден и ноќ

Широкоаголната камера автоматски го приспособува околното осветлување: режимот F1.5 ги осветлува темните сцени, режимот F2.4 ги изострува објектите при сјајна дневна светлина, а ноќниот режим ги осветлува сцените што се многу слабо осветлени.

  • Фотографија во дневна светлина на жена која стои потпрена врз ѕид со раката на колкот
  • Фотографија во слабо осветлена средина на жена која стои во уличка со раката во џеб и гледа настрана
  • Фотографија ноќе на маж потпрен врз уличен столб

*Фотографии снимени со Galaxy Note10+.

Предна камера што ги претвора „Селфи“ фотографиите во автопортрети

Дизајнирана за поприроден контакт со очите, предната камера од 10 MP сега е сместена во средината на екранот и е надградена за подобри снимки при слабо осветлување.

  • Селфи на жена која гледа во камерата со рацете ставени околу лицето
  • Селфи ноќе на маж кој стои со раширени нозе пред делумно осветлени облакодери

*Фотографии снимени со Galaxy Note10+ плус и S Pen.

„Оптимизаторот на сцени“ е Вашето тајно оружје за професионални снимки

Со еден допир, Galaxy Note10 и Note10+ препознаваат популарни објекти и користат локално мапирање на боите за да ги приспособат поставките за снимките што може да се споделат во истиот миг.2

  • Режим : Портрет. Фотографија на жена во кујна која прави салата од лосос. Анимиран замав покажува како Scene Optimizer ја збогатува бојата и тонот.
  • Режим : Цвеќе. Фотографија од две бели цвеќина во вазна. Анимиран замав покажува како Scene Optimizer ја збогатува бојата и тонот.
  • Режим : Храна. Фотографија на салата од лосос. Анимиран замав покажува како Scene Optimizer ја збогатува бојата и тонот.

*Фотографии снимени со Galaxy Note10+.

*Достапни се 30 режими: лик, бебе, лице, куче, мачка, храна, луѓе, плажи, небо, планина, зајдисонце, изгрејсонце, град, снег, водопад, крајбрежје, пејзаж, сцена, возила, пијалаци, цвеќиња, дрвја, зеленило, животни, чевли, заднинско осветлување, внатре, текст, облека и ноќен поглед.

Камера DepthVision

Камера што знае да мери

„Брзото мерење“ ја претвора камерата во уред за мерење

Камерата DepthVision и интелигентната проширена реалност се спаруваат за да Ви дадат моментални мерки, совршено за експерти од типот „Направи сам“, но и за внатрешни декоратори.3

*Фотографија снимена со Galaxy Note10+ со симулирана прекривка за илустрација.

*Достапно само на Galaxy Note10+.

Икона за апликацијата „Брзо мерење“

*Апликацијата „Брзо мерење“ е засебна од апликацијата „Камера“.

Фотографија на шише со графички кориснички интерфејс на „Брзо Мерење“ преклопен врз неа, прикажувајќи ги мерките на предметот

Тридимензионалниот скенер им дава нов живот на предметите

Апликацијата „Тридимензионален скенер“ Ви овозможува да снимите фотографија на објект од 360 степени и да ја претворите во анимиран GIF што може да го споделите.4, 5

*Достапно само на Galaxy Note10+.

Анимирана слика со „Тридимензионалниот скенер“ од плетена кошница како се врти за 360 степени
Galaxy Note10
Galaxy Note10+

Бои

Galaxy Note10
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура розова
Galaxy Note10+
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура бела

Големина на екран

Galaxy Note10 6.3”
Galaxy Note10+ 6.8”

Предна камера

Galaxy Note10 „Селфи“ камера
Galaxy Note10+
  • „Селфи“ камера

Задна камера

Galaxy Note10
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
Galaxy Note10+
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
  • Камера DepthVision

Капацитет на батерија*

Galaxy Note10 3500 mAh (вообичаено)
Galaxy Note10+ 4300 mAh (вообичаено)

RAM

Galaxy Note10
  • 8 GB
Galaxy Note10+ 12 GB

Простор за складирање

Galaxy Note10
  • 256 GB
Galaxy Note10+
  • 256 GB
  • 512 GB
  • Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата и операторот.
  • 3500 mAh и 4300 mAh (вообичаено) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата според тестирањето во лабораториски услови од трета страна. Вообичаената вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батериите меѓу тестираните примероци на батерии според стандардот IEC 61960. Номинален (минимум) капацитет е 3400 mAh за Galaxy Note10 и 4170 mAh за Galaxy Note10+. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

Проширете за да ги видите разликите помеѓу моделите на Galaxy Note10.