Дизајн

Крупен кадар на Galaxy Note10 плус гледан од страната без копчиња за да се прикаже тенкиот дизајн

Комбинација на формата, допирот и гестот за едно сосема ново искуство

СТИЛ

Дизајниран да биде истовремено убав и моќен

Моќноста сега доаѓа во две големини

Неговата едноставна, ергономска и лесна форма постави нов стандард при дизајнирањето паметни телефони.

Раце како држат Galaxy Note10 плус и Galaxy Note10, секој со апстрактна графика на екранот. Веднаш до Galaxy Note10 плус има текст што вели екран Infinity-O од 6.8 инчи, 498 PPI, тежина од 196 грама. Веднаш до Galaxy Note10 има текст што вели екран Infinity-O од 6.3 инчи, 401 PPI, тежина од 168 грама

Бои инспирирани од светлината

Изберете од широк спектар на смели и живописни нијанси. Направен од издржливо Gorilla Glass 6, полираниот стаклен материјал ја фаќа светлината, создавајќи футуристичка, премиум аура.

*Фактичката боја може да се разликува од сликата поради осветлувањето. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува според операторот.

One UI Ви помага да се фокусирате на она што е важно

Користењето на Galaxy Note10 и Note10+ е многу природно. Нашите интуитивни и софицистирани интеракции на One UI се создадени за да Ви овозможат едноставно искуство на Galaxy.

Galaxy Note10 плус виден однапред со графичкиот кориснички интерфејс на „Пораки“ на екранот. Се префрла на друг прозорец што покажува разговор со текстуални пораки со примена порака од Сара Смит што вели: „Дали се качувате сега?“  И испратена порака што одговара: „Види ја глеткава од ова планинарење.“ Подолу има слика од лице што планинари во прозорецот за испраќање, а „Галеријата“ е прикажана за да се изберат слики од неа
Жена гледа долу врз Galaxy Note10 плус во нејзините раце со три известувања од One UI преклопени врз него. Првата вели „Брз контакт: повикај ја Кејти‘. Следната вели „Аларм за будење: 6:00 часот, емитувањето на повикот започнува во 7:30 часот“. Последната вели „20 минути, претстоен настан: средба на локацијата за снимање, големата конференциска сала“

Екран

Кинематографски екран во Вашите дланки

Ултразвучно детектирање на отпечаток на прст на екранот со безбедност на трезор

Во екранот е скриено ултразвучно детектирање на отпечаток на прст. Пулсира за да открие тродимензионални испакнатини и вдлабнатини на Вашиот отпечаток за невидлива безбедност.

Рака како држи Galaxy Note10 плус со илустрирана графика на лице кое скока како екран при заклучување и графички кориснички интерфејс на ултразвучното детектирање на отпечаток на прст врз него.

Екранот Infinity-O создава беспрекорен приказ

Предната камера е мала и дискретно позиционирана за да ги сведе на минимум прекините на екранот. А со жлебовите втурнати назад, Ви овозможивме навистина епски приказ.

Рака како држи Galaxy Note10 плус со вклучен екран, прикажувајќи го беспрекорниот приказа на екранот Infinity-O

Dynamic AMOLED

Усовршено во секој поглед,од пикселите па се до брилијантна боја, тон и комфорт.

Искуство при гледањето како на кино

Уживај во кинематско искуство без разлика дали си надвор на дневна светлина или во темница. Со помош на HDR10+ сертифицирано со Dynamic Tone Mapping за репродукција со тон и контраст, баш онака како што е планирано да изгледа, така што гледањето на содржини со HDR10+ на YouTube е живописно и возбудливо.

Galaxy Note10 плус поделен на половина со жена која се смее на екранот. Едната половина прикажува ноќно небо, а другата дневно небо, демонстрирајќи дека екранот со HDR10 плус од кинематографски степен прикажува вистински бои и дење и ноќе.

Лого на VDE *Екранот Dynamic AMOLED на Galaxy Note10 и Note10+ доби сертификат од VDE Германија за 100 проценти волумен на мобилна боја во опсегот на бои DCI-P3, што значи дека сликите не се избледени и ќе добиете неверојатно живописни бои без разлика на различните нивоа на осветленост. Екранот може да постигне највисока осветленост од 1200 нити, подобрувајќи го контрастот помеѓу темните и светлите аспекти на дигиталната содржина за посјаен квалитет на сликата, со сооднос на контрастот од 2.000.000:1 за задлабочувачко мобилно искуство.

Екранот за удобност на очите го намалува заморот на очите без да ја жртвува бојата.

Екранот е создаден така што го намалува намалувањето на видот на очите и нарушувањето на сонот, со отстранување на штетното сино светло на ниво на пиксел без да се наруши бојата.

Жена го држи својот телефон во режим на пејзаж во темна средина за да ја презентира намалената сина светлина од екранот на Galaxy Note10 and Note10 плус

Лого на TUVRheinland * TUV Rheinland, светски признаен институт за сертификација, му го додели сертификатот за удобност на очите на екранот на Galaxy Note10 и Note10+ врз основа на неговата способност драстично да ги намали штетните ефекти на сината светлина. Овој сертификат може да го најдете на www.tuv.com со ID 1419071436.

Пакување

Сѐ што Ви треба е во кутијата

Ги имате сите основни работи

Отпакувајте сѐ што Ви треба за да го започнете искуството со Galaxy Note10 и Note10+, како на пример, новите слушалки од тип C и резервните врвови за S Pen.

Рамен приказ на сите предмети вклучени во кутијата со Galaxy Note10 и Note10 плус и S Pen, како што се кабел за податоци, адаптер за патување, игла за исфрлување, слушалки од типот C со звук од AKG и врвови за пенкалото

*Фактичките компоненти, вклучувајќи ја маската, заштитната фолија и USB-конекторот може да не се достапни во зависност од моделот што го купувате или земјата или регионот во кој живеете. Со исклучок на маската, белите компоненти се достапни само со бели уреди, а сите други бои на уредот ќе добијат црни компоненти во кутијата.

Galaxy Note10
Galaxy Note10+

Бои

Galaxy Note10
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура розова
Galaxy Note10+
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура бела

Големина на екран

Galaxy Note10 6.3”
Galaxy Note10+ 6.8”

Предна камера

Galaxy Note10 „Селфи“ камера
Galaxy Note10+
  • „Селфи“ камера

Задна камера

Galaxy Note10
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
Galaxy Note10+
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
  • Камера DepthVision

Капацитет на батерија*

Galaxy Note10 3500 mAh (вообичаено)
Galaxy Note10+ 4300 mAh (вообичаено)

RAM

Galaxy Note10
  • 8 GB
Galaxy Note10+ 12 GB

Простор за складирање

Galaxy Note10
  • 256 GB
Galaxy Note10+
  • 256 GB
  • 512 GB
  • Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата и операторот.
  • 3500 mAh и 4300 mAh (вообичаено) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата според тестирањето во лабораториски услови од трета страна. Вообичаената вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батериите меѓу тестираните примероци на батерии според стандардот IEC 61960. Номинален (минимум) капацитет е 3400 mAh за Galaxy Note10 и 4170 mAh за Galaxy Note10+. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

Проширете за да ги видите разликите помеѓу моделите на Galaxy Note10.