Перформанси

Долната половина на Galaxy Note10 плус виден во режим на пејзаж со апстрактна графика на екранот и малку замаглен да изгледа како да се движи брзо

Единствен избор за луѓето кои сакаат да извлечат максимум од телефонот

НАПОЈУВАЊЕ

Напојување што ќе Ви трае

Супер брзо полнење – 30-минутно полнење што ќе Ви трае цел ден

Ограничи го полнењето на само 30 минути, а батеријата ќе трае цел ден.1 Или заборавете на кабелот со Брзото безжично полнење 2.0.2

Жена стои наспроти светлосиното небо и гледа надолу врз камерата со графички кориснички интерфејс за полнење преклопен врз неа. Процентот на полнење брзо оди до 100 % за да ја презентира брзината на Супер брзото полнење.

Целодневната батерија трае колку и Вие

Ова е најголемата батерија на Note досега. Врвната интелигенција ги препознава и се прилагодува на Вашите мобилни навики за да трае и кога денот ќе заврши.3, 4

4300 mAh(ВООБИЧАЕНО) НА Galaxy Note10+
3500 mAh(ВООБИЧАЕНО) НА Galaxy Note10
Жена стои наспроти светлосиното небо и гледа надолу врз камерата. Небото се менува од ден во самрак

Wireless PowerShare Ви дава можност за полнење други уреди

Ставете го телефонот на Вашиот пријател, Вашите Galaxy Buds или Qi-компатибилните уреди на задната страна на телефонот за да започнете со обратно полнење. Кабли не се потребни.5

Galaxy Note10 плус поставен со предната страна надолу со Galaxy Buds што се полнат врз него преку Wireless PowerShare

*Додатоците се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува според земјата и операторот.

МЕМОРИЈА

Простор за складирање како на лаптоп, а не е лаптоп

Просторот за складирање од половина терабајт значи дека имате хард диск в рака

Со внатрешен простор за складирање до 512 GB и проширување до уште 1 TB со microSD-картичка, има место за сите Ваши песни, фотографии и филмови.6

ДО 512 GB ВНАТРЕШНА
ПЛУС ДО 1 TB ПРЕКУ MICROSD
Galaxy Note10 плус поставен со предната страна нагоре. Страниците со фотографии излегуваат од екранот за да се отворат како книга и да го презентираат проширливиот простор за складирање на телефонот

Хибридната SIM Ве поврзува и го проширува просторот за складирање

Вметнете microSD-картичка за повеќе простор за складирање или заменете ја со втора SIM-картичка за двојна SIM-способност, па бидете двојно повеќе поврзани со само еден уред.

*Фиока за хибридна SIM-картичка е достапна само со моделот Galaxy Note10+ LTE.

*SIM-картичката се продава одделно. Достапноста на двојната SIM-картичка може да се разликува во зависност од земјата или операторот.

*MicroSD-картичката се продава одделно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.

Крупен кадар на Galaxy Note10 плус со извадена фиока за хибридна SIM-картичка со поставени две SIM-картички

AP И RAM

Брзо значи веднаш сега

Се справува со Вашите податоци за миг

Пренесувајте, играјте и преземајте со неверојатни брзини дури и кога извршувате повеќе задачи истовремено. Интелигентниот процесор претходно ги вчитува и често користените апликации за брзо стартување.

ПРОЦЕСОР 7 nm
RAM7 12 GB НА Galaxy Note10+
RAM7 8 GB НА Galaxy Note10
Илустрација на процесорот од 7nm во внатрешноста на Galaxy Note10 plus прикажана во режимот пејзаж

ИГРАЊЕ ИГРИ

Моќност да играте игри во реално време, кога и да посакате

Конструиран за играње игри – усовршен за играчите

Тенкиот, новодизајниран систем за ладење со комора за пареата, подобрената вештачка интелигенција и подобрениот неврален процесор Ви овозможуваат непречено искуство при играњето со помалку застој, дури и кога играта се загрева.

Galaxy Note10 плус прикажан со екранот одделен од телото за да го открие хардверот внатре. Системот за ладење со комора за пареата е истакнат и се прелева во сина и виолетова боја

Задлабочувачката проширена реалност ве води во други светови

Способностите за проширена реалност во комбинација со екранот Infinity-O и Dolby Atmos го прават искуството при играњето уште помоќно.

Лице ја игра задлабочувачката игра со проширена реалност Harry Potter: Wizards Unite на Galaxy Note10 плус со прецизниот S Pen

HARRY POTTER: Софтвер на WIZARDS UNITE © 2019 Warner Bros. Entertainment Inc. Развиен заедно со WB Games San Francisco и Niantic, Inc. WIZARDING WORLD, HARRY POTTER и FANTASTIC BEASTS Издавачки права © J.K. Rowling. PORTKEY GAMES, HARRY POTTER: Ликови, имиња и поврзани белези од WIZARDS UNITE, WIZARDING WORLD, HARRY POTTER и FANTASTIC BEASTS © и ™ Warner Bros. Entertainment Inc. © Niantic, Inc. Сите права се задржани.

ПРОДУКТИВНОСТ

Работете наизменично и непречено на телефонот и компјутерот

Samsung DeX отвора нов свет на работна површина на PC и Mac

Повлекувајте и спуштајте датотеки од уред до уред или вршете брзи уредувања на големиот екран без прекини. Може дури и да работите на телефонот додека е поврзан со компјутерот преку USB-кабел. 9

Крупен кадар на кабелот Samsung DeX приклучен воGalaxy Note10 плус со скица на екранот. Друга слика прикажува Samsung лаптоп со истата скица на екранот и Galaxy Note10 плус поврзан преку USB-кабел со потсетник за исклучен екран на екранот

АУДИО

Аудио конструирано да Ве наежи

Звук од едно повисоко ниво

Звучниците и слушалките од типот C нудат стереозвук подобрен од Dolby Atmos за јасно, богато, тридимензионално звучно искуство.

Раце држат Galaxy Note10 плус во режим на пејзаж со пуштена песна од YouTube Premium на екранот. Илустрирано ѕвонење пулсира од телефонот за да прикаже стереозвук подобрен од Dolby Atmos за задлабочувачко тридимензионално звучно искуство

*Корисниците на Galaxy сега добиваат до 4 бесплатни месеци на YouTube Premium. Уживајте во YouTube без реклами, офлајн и додека екранот Ви е исклучен. Потребна е претплата за YouTube Premium.13

IP68

Телефон што не се плаши од малку вода

Водоотпорен на прскање

Galaxy Note10, Note10+ и S Pen имаат оцена IP68, стандардот на Galaxy за отпорност на вода и прашина.14

Рака држи Galaxy Note10 плус надвор со смела слика на екранот и капки вода на екранот, прикажувајќи ја водоотпорноста IP68

БЕЗБЕДНОСТ

Безбедноста на секое ниво го заштитува она што е Ваше

Samsung Knox обезбедува безбедноста на ниво на државна одбрана

Вашите приватни податоци се заштитени од штетен софтвер и злонамерни напади со повеќеслојната Knox безбедносна платформа поддржана од хардверот.

Крупен кадар на Galaxy Note10 плус во режим на пејзаж со логото на Samsung Knox на екранот

Отклучување според Вашите потреби

Препознавањето на лицето и ултразвучниот отпечаток на прст го заштитуваат Вашиот уред додека не ги открие Вашите индивидуални карактеристики. Или пак, користете PIN, шема или лозинка.

Крупен кадар на екранот на Galaxy Note10, прикажувајќи графички кориснички интерфејс на ултразвучното детектирање на отпечаток на прст
Маж држи и го гледа во својот Galaxy Note10 плус додека користи Препознавање на лицето за да го отклучи телефонот

BIXBY

Вашиот интелигентен помошник, секогаш спремен

Вие само кажете и Bixby ќе оствари

Интелигентниот помошник Bixby реагира на Вашиот глас. Поедноставете ги Вашите задачи со „Брзи наредби“ со назначување на клучен збор или фраза на група дејства.15

Жена држи Galaxy Note10 плус со графички кориснички интерфејс на Bixby на екранот којшто го прикажува утрешниот распоред. Се појавуваат три известувања од Bixby кои велат: „Какво е времето утре?“, „Испрати порака до Алис: Се гледаме во десет“ и „Прочитај го утрешниот распоред“

Bixby Vision променува како го гледате светот

Користете ја камерата за преведување цели реченици од странски јазик преку надградената Bixby Vision.16

Маж држи Galaxy Note10 плус со графички кориснички интерфејс на „Превод во живо“ на екранот, преведувајќи од странски јазик во реално време

ИСКУСТВО НА ПОВЕЌЕ УРЕДИ

Олеснете си го животот со Galaxy Note10 и Note10+

Поврзете се за беспрекорно искуство

Контролирајте широк спектар на уреди од вашиот Galaxy Note10 или Note10+, вклучувајќи ги Galaxy Tab S5e, Galaxy Buds и Galaxy Watch Active 2, користејќи ја Вашата сметка на Samsung за да создадете практичен и беспрекорен екосистем.

Galaxy Tab S5e, Galaxy Note10 плус, Galaxy Watch Active 2 и Galaxy Buds прикажани поставени со предната страна нагоре. Galaxy Tab S5, Galaxy Note10 плус и Galaxy Watch Active 2 сите ја имаат апликацијата Samsung Music на екранот покажувајќи колку е едноставно да се добие беспрекорно поврзано искуство со најавување на уредите со сметката на Samsung

*Сите производи се продаваат одделно.

*Секој производ мора да е поврзан на Wi-Fi или друга безжична мрежа.

*За интероперабилност, сите уреди треба да се регистрираат со единствена сметка на Samsung.

Galaxy Note10
Galaxy Note10+

Бои

Galaxy Note10
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура розова
Galaxy Note10+
  • Аура сјајна
  • Аура црна
  • Аура бела

Големина на екран

Galaxy Note10 6.3”
Galaxy Note10+ 6.8”

Предна камера

Galaxy Note10 „Селфи“ камера
Galaxy Note10+
  • „Селфи“ камера

Задна камера

Galaxy Note10
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
Galaxy Note10+
  • Телефото камера
  • Широкоаголна камера
  • Ултраширока камера
  • Камера DepthVision

Капацитет на батерија*

Galaxy Note10 3500 mAh (вообичаено)
Galaxy Note10+ 4300 mAh (вообичаено)

RAM

Galaxy Note10
  • 8 GB
Galaxy Note10+ 12 GB

Простор за складирање

Galaxy Note10
  • 256 GB
Galaxy Note10+
  • 256 GB
  • 512 GB
  • Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата и операторот.
  • 3500 mAh и 4300 mAh (вообичаено) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата според тестирањето во лабораториски услови од трета страна. Вообичаената вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батериите меѓу тестираните примероци на батерии според стандардот IEC 61960. Номинален (минимум) капацитет е 3400 mAh за Galaxy Note10 и 4170 mAh за Galaxy Note10+. Фактичкото времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, шемите на користењето и други фактори.

Проширете за да ги видите разликите помеѓу моделите на Galaxy Note10.