Welcome to the
!
Please enjoy our special offers for you

КАМЕРА

Крупен кадар на задната камера на Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја.

Квалитетното снимање видеозаписи ја претвора секоја сцена во ремек-дело

Два телефони Galaxy Note20 во мистично бронзена боја, едниот се гледа од предната, другиот од задната страна. Оној што се гледа од предната страна има графичка позадина на екранот и симбол за 10 MP Селфи камера. Телефонот кој се гледа од задната страна има симболи за 12 MP Ултра широка камера, 12 MP Широко-аголна камера и 64 MP Телефото камера.
Два телефони Galaxy Note20 Ultra во мистично бронзена боја, едниот се гледа од задната, другиот од предната страна. Оној што се гледа од предната страна има графичка позадина на екранот и симбол за 10 MP Селфи камера. Телефонот кој се гледа од задната страна има симболи за 12 MP Ултра широка камера, 108 MP Широко-аголна камера, 12 MP Телефото камера и AF Laser сензор.

*Сликата е симулирана за илустрација.

8K

Професионален квалитет. Ефекти како на професионален филм. Професионално видео

СНИМАЊЕ ВИДЕО ВО 8K

Сними го светот околу тебе во највисока резолуција на паметен телефон

Четири пати повисока резолуција од 4K UHD значи многу повеќе детали и чисти снимки — а сега можеш да создаваш професионални видеозаписи со 8K и можности за контролирање како режисер. Преземи целосна контрола над снимката со ISO, брзина на бленда, рачен фокус и повеќе опции во режимот Pro Video. Може да снимаш и во 24 fps и да бираш помеѓу сооднос на аспект 16:9 или 21:9 за да го подобриш чувството како да гледаш вистински филм.

Пушти

Прашлив паркинг со дрвја во заднината. Се гледа сенка, но нема предмет, додека камерата не премине на панорамски приказ и се гледа како во кадар влегува маж кој вози класичен син автомобил. Мажот носи наочари за сонце и вози дијагонално, а на крајот е прикажан само тој на возачкото седиште.

КОНТРОЛА НА ПРЕЦИЗНОСТ

Биди режисер само со еден допир на телефонот

Со професионалниот режим имаш неверојатна контрола врз снимањето во 8K. Контролирај ја брзината на зумот — зголемувај бавно за драматичен крупен кадар или намалувај брзо за големо откривање на целата сцена.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Најгоре на видеото се гледа интерфејсот на апликацијата Camera за контрола на зумот. Камерата зголемува 3 пати маж на отскочна штица кој се подготвува да скокне во вода. Како што скокнува, камерата брзо го намалува зумот на 1х за да го фати моментот на распрскување на водата.

КОНТРОЛА НА МИКРОФОНОТ

Смени го звукот за да го подобриш квалитетот на твојата продукција

Поврзи го телефонот со Bluetooth микрофон — како кои било Galaxy слушалки — за да имаш целосна контрола врз јачината на звукот и да го изолираш гласот на предметот од интерес.1 Или избери го микрофонот кој сакаш да го користиш на Galaxy Note20 и Note20 Ultra, преминувајќи од предниот на задниот или користи ги и двата. Така добиваш повеќе од звукот што го сакаш, а помалку од оној што не го сакаш.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Кога е кликнато на копчето Play, звукот ќе започне автоматски.

Пушти

Најгоре на видеото се гледа интерфејсот на апликацијата Камера за контрола на микрофонот. Маж кој вежба во фитнес-центар, опкружен со опрема. Прави исчекор напред-назад и додека го прави тоа одбројува „Еден, два“. Со опцијата Omni, неговиот глас тешко се слуша поради музиката во позадина. Кога видеото ќе се смени и ќе го покаже како ги користи Galaxy Buds Livе како микрофон, неговиот глас е многу почист и се слуша повеќе од музиката во позадина.

Omni

Bluetooth

120 FPS FHD СНИМАЊЕ

Вистинска акција, исто како кога ја снимаш

Постави ја камерата на 120 fps за да снимиш супер течно, детално видео. Снимај во реално време или забавено со помалку искривување, помалку треперење и многу повеќе акција. Потоа, кога ќе го пуштиш да го гледаш повторно, дисплејот автоматски се менува на 120 Hz за полн ефект.2>

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Пушти

Најгоре на видеото се гледа интерфејсот на апликацијата Camera за FHD снимање со 120 FPS. Маж во фитнес-центар вежба со фитнес-јажиња. Кога видеото е на 1х брзина, тогаш тече и е реалистично. Кога е забавено на 1/4x од брзината, јасно може да се забележат капките вода кои излегуваат од јажињата во забавена снимка, а сепак акцијата тече.

Видео со фокус во живо

Додај длабочина и оригиналност на твоите видеа

Приспособи ја заднинската длабочина за DSLR-фокус на твоите видео-блогови. Потоа, истакни ја магијата на сцената бирајќи од разните ефекти и менувајќи го нивниот интензитет: Blur, Big Circle, Color Point и Glitch.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Жена која ги негува своите растенија, снимена со филтерот Blur во Видео со фокус во живо. Заднината е значително заматена за да се истакнат жената и растенијата.

Жена која ги негува своите растенија, снимена со филтерот Big Circle во Видео со фокус во живо. Заднината е уште позаматена, а светлото е претворено во bokeh.

Жена која ги негува своите растенија, снимена со филтерот Color Point во Видео со фокус во живо. Само жената и нејзиното растение се во боја, а заднината е црно-бела.

Жена која ги негува своите растенија, снимена со филтерот Clitch. Таа и растението јасно се истакнуваат, а заднината е во различни бои и изгледа како да има неправилности.

Од снимање до уредување со само еден допир

ВИДЕОСНИМКА ВО 8K

Претвори го секој кадар од 8К во снимка од 33 MP

8K значи видео со сериозно висока резолуција — што значи, секој кадар е со висока резолуција, исто така. Повлечи ја временската рамка за да го најдеш совршениот момент кој можеби не си го забележал претходно.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Пушти

8K видео од жена која седи на карпа на плажа, а друга жена доаѓа трчајќи и скокнува во водата. Временската рамка се движи додека не видиме кадар од жената која скока, а таа изгледа како стапалото да и се наоѓа на главата на другата жена, доловувајќи интересен момент, кој инаку би бил незабележан.

Револуционерна камера AI за снимки вредни за споделување

Едно сликање

Напредната AI претвора една снимка во повеќе формати

Допри ја блендата и снимај неколку секунди (ти го бираш времето), потоа остави на телефонот да ја заврши работата по снимањето. Ти дава неколку различни формати, па дури и предлага кој е најдобар. А кога станува збор за портрети, ти дава фотографии како од студио со ефекти во боја во заднината.3

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Пушти

Најгоре на видеото се гледа интерфејсот на апликацијата Камера за со режимот за Едно сликање. Видеото е од скара со пријатели. Маж крева храна од скарата и со раката ја шири миризбата до неговиот нос. Друг маж седи на маса и жонглира со лимони, но престанува и ги става лимоните до очите и прави смешни фаци. До него има жена која држи чаша и таа наздравува со чашата кон камерата. Снимањето со “Едно сликање” завршува и резултатите се појавуваат на екранот.

СУПЕР СТАБИЛНОСТ

Остави ги треперливите видеа зад себе

Необичните авантури заслужуваат да се споделат, а со Супер стабилноста на Galaxy Note20 и Note20 Ultra, акционата снимка излегува стабилна и јасна. Напредната AI стабилизација ја измазнува снимката, а поголемите пиксели јасно го прикажуваат движењето.

Пушти

Видео на споредба еден покрај друг на маж кој вози велосипед на неасфалтиран пат. Тој фаќа кривини и врти вешто и брзо. На едната половина е видеоснимка без вклучена функција Супер стабилност. Тоа е грубо и заматено, а деталите од дејството тешко се забележуваат. На другата половина е видеоснимка со вклучена функција Супер стабилност и таа е рамномерна и детална, без турбулентно видео.

108 MP

Повеќе пиксели, повеќе зум, повеќе светлина

УЛТРА ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА

Најјасните и најчисти фотографии на кој било Galaxy

Милиони повеќе пиксели значат експоненцијално подетални фотографии. Со 108 MP на Galaxy Note20 Ultra и 64 MP на Galaxy Note20, може со допир да ја зголемиш заднината и да видиш јасно исто како на целата слика.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Фотографија од 108 MP, од жена која стои пред ѕид со растенија, направена на Galaxy Note20 Ultra. Може да зумираш за убаво да ги видиш деталите на сликата.

Зголеми за да ги видиш 108 MP

Вселенски зум

Зголеми. Повеќе. Повеќе. 50 пати повеќе

Доближи му се на моментот со 3 пати хибриден оптички зум на Galaxy Note20 или со 5 пати оптички зум на Galaxy Note20 Ultra.4 Потоа додај го Зум со супер резолуција подобрен со AI за да зумираш 30 или 50 пати повеќе, соодветно — без да пропуштиш некој детаљ.5

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува..

Две жени седат на плажа. Како што зумираш, може да забележиш маж кој прави нешто во заднината. Како што зумираш уште повеќе, ќе забележиш дека тој прави голем песочен замок.

Ноќта добива форма

Маж се истегнува пред да почне со трчање. Една фотографија со Galaxy Note20 Ultra без ноќен режим и друга фотографија направена во ноќен режим. Фотографијата направена во ноќен режим е чиста, детална и со многу повеќе боја од другата фотографија.

НОЌЕН РЕЖИМ

Најголем скок на Galaxy во фотографиите на слаба светлина

Поголемите пиксели и интелигентното т.н. „nonabinning“ (комбинирање девет пиксели во еден) му даваат на Galaxy Note20 и Note20 Ultra моќ за снимање фотографии со неверојатни бои и детали на слаба светлина.6 Префрли се на ноќен режим и тој веднаш претвора повеќе кадри во една добро осветлена, чиста фотографија.

Жена седи среде скали. Една фотографија со Galaxy Note20 Ultra без ноќен режим и друга фотографија направена во ноќен режим. Фотографијата направена во ноќен режим е чиста, детална и со многу повеќе боја од другата фотографија.

ПРОФЕСИОНАЛНА МУЛТИ-КАМЕРА

Три професионални камери за да го усовршиш занаетот

Долови широк агол со Ултра широка камера од 12 MP. Осветли ги темните фотографии со Широко-аголна камера од 108 MP или приближи се уште повеќе со 5 пати оптички зум на Телефото камерата од 12 MP.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

MICROSOFT ONEDRIVE

Чувај ги спомените во облак

Синхронизирај со корисничката сметка на Microsoft за веднаш да ја прикачиш твојата галерија на OneDrive.

Галерија од разни слики направени на Galaxy Note20 и Note20 Ultra, со логото на Microsoft OneDrive.

Од омилените на Galaxy, што само го подобрува искуството со професионалната камера

  • HDR на предната и задните камери

    Снимај фотографии и видеа со светли, реалистични нијанси.

  • Супер забавена снимка до најмногу 960 fps

    Супер брзата камера снима и до 960 кадри во секунда и значително забавува за забавени снимки.7

  • Предно и задно конвертирање со 4K UHD снимање непречено менување

    И предната и задните камери снимаат со неверојатната 4K UHD.

  • Снимање со HDR10+ за неверојатни тонови

    Бојата и контрастот остануваат прецизни во секоја сцена со HDR10+ и Dynamic Tone Mapping. 8