S Pen

Овој паметен додаток го издвојува Galaxy Note9.

Bluetooth овозможен

Подобрен за целосна контрола

Првпат S Pen ја користи целата сила на технологијата Bluetooth и функционира како далечински управувач за Galaxy Note9. Снимај фотографии, менувај слајдови и паузирај клипови на YouTube со притискање на копче - или постави сопствени команди.1 Полнењето на S Pen е едноставно. Го ставаш S Pen во Galaxy Note9 и за само 40 секунди полнење добиваш уште 30 минути работење.2

  • S Pen olovka stoji uspravno

Прецизност

Природно продолжување на раката

Скицирај, дизајнирај и оживеј ги своите идеи користејќи ги чувствителноста, реактивноста и контролата на S Pen. Врвот со дебелина од 0,7 mm и сензорот со 4096 нивоа на притисок прават S Pen елегантно да лизга како и твојот омилен молив по хартија.

ВРВ
0.7mm
Нивоа на притисок
4096

Далечински пристап на камерата

Фати моменти како никој друг

Своите фотографски способности подигни ги на нови висини користејќи S Pen како далечински управувач за камерата. Повеќе нема брзање околу тајмерот, истегнување на рацете кога снимаш селфи ниту многубројни обиди за правење епски групен портрет.1

Контрола на презентацијата

Менувај слајдови без ниеден допир на телефонот

Поврзи ги Galaxy Note9 и Samsung DeX и прикажи ја презентацијата, а потоа менувај слајдови со помош на S Pen.1, 2 Остави одличен впечаток со едноставно притискање на копче.

Твои омилени апликации

Подобри го твоето искуство во работата со апликациите

Користи S Pen со голем број вградени и преземени апликации.3 Може да користиш S Pen за пуштање, паузирање и менување сѐ - од фотографии во Галеријата до YouTube видеоснимки - на оддалеченост до 10 метри.1 За уште поголема контрола може да поставиш сопствени приспособени функции.

Приспособени поставки

Контрола на твој начин

Правењето сопствени приспособени функции за S Pen е лесно и се извршува во Поставките. Приспособи ја контролата на апликациите како што сакаш, на пример, со притискање и држење на копчето се отвора камера, а двојно притискање е за префрлање од задна на предна камера.3

На екранот се гледа екран со опции за приспособено поставување на апаратот Galaxy Note9 со S Pen

Белешки на заклучен екран

Секогаш подготвен

Само извлечи го S Pen и ќе се активира функцијата белешки на исклучен екран, претворајќи го Galaxy Note9 во паметна тетратка. Дури не треба претходно ниту да го отклучиш телефонот. Со иста боја како што е и бојата на моливот напиши што и да ти падне на памет во кое било време, на пример, список на обврски или потсетник. Ако ти треба за подоцна, закачи го на AOD (Always On Display) за да ти биде при рака или зачувај го во Samsung Notes.

Samsung Notes

Силата на продуктивноста е во твоите прсти

Откриј едноставен начин за организација. Апликацијата Samsung Notes е доволно моќна да може да ги следи твоите мисли и идеи. Твоите белешки на исклучениот екран се веднаш зачувани и може да направиш категории заради нивно полесно групирање и прикажување во зависност од тоа дали станува збор за белешки од состанок, нацрти за или други важни идеи.

Galaxy Note9 со симулирана слика на апликацијата Samsung Notes на екранот

Жива порака

На своите пораки додади им личен печат

Емотиконите AR и S Pen со заеднички сили ги оживуваат твоите разговори. Искористи некој од постојните или нацртај свој емотикон или кажи што сакаш со своерачно напишана белешка.

Симулирана анимација на емотикон AR во облик на жена што покажува на својот часовник, со текст одозгора.
Симулирана анимација на емотикон AR во облик на жена што танцува, со текст одозгора.

PENUP

Заедница на креативност

Придружи ѝ се на масовната заедница PENUP и препушти ѝ се на фантазијата. Креирај живи цртежи со помош на апликацијата PENUP и објави ги. Контурирај ги омилените слики со опцијата за контурирање на фотографии.