


Дизајн
Телефонот од новата генерација е дизајниран така што не само што отскокнува од другите туку и јасно се гледаат сите негови предности
Дисплеј
Мобилен телефон од новата генерација со паметен екран
Дисплејот Infinity-O обезбедува навистина непречено прикажување на целосно нов начин.
Го отстранивме сето она што одвлекува внимание со цел да ти обезбедиме искуство како да се наоѓаш во кино. Благодарејќи на прецизната ласерска технологија, камерата е директно поставена внатре во дисплејот и не влијае врз квалитетот на сликата.
*Претпочитувана резолуција кај моделите Galaxy S10+ и S10 е Full HD+ и во Нагодувањата таа може да се промени во Quad HD+.
*Достапноста на моделот и на бојата се во зависност од земјата или од давателот на услуги.
Galaxy S10e со екран од 5,8 инчи Quad HD+ Dynamic AMOLED Infinity-O1
Galaxy S10 со екран од 6,1 инчи Quad HD+ Dynamic AMOLED Infinity-O1
Galaxy S10e со екран од 6,4 инчи Quad HD+ Dynamic AMOLED Infinity-O1



Скенер на отпечаток на прст телефонот се отклучува со еден допир.
Отклучете го и користете го телефонот со едно природно движење. Скенерот на отпечаток на прст е поместен до копчето за вклучување, каде штовообичаено се става палецот или другиот прст кога телефонот се држи в рака.
*Достапно кај моделот Galaxy S10e.
Скенер на отпечаток на прст

Откривањето на отпечатокот на прст со ултразвук нуди безбедност како во трезор, но целосно незабележливо.
Скенерот на отпечаток на прст е поместен од задната на предната страна и на тој начин направивме револуционерен сензор на екранот. Тој користи ултразвучни пулсирања и препознава 3Д траги и нерамнини на твојот отпечаток на прст, со што ти си единствената личност што има пристап на телефонот. Безбеден и погоден за употреба — ти дозволува и да го отклучиш, да преминуваш преку содржината по него и да го држиш прстот неколку секунди за да ја отвориш саканата апликација.

*Алијансата FIDO првпат додели сертификат за компонентите на биометриската проверка на идентитет и фирмата Samsung го доби за ултразвучниот детектор на отпечаток на прст кај моделите Galaxy S10 и S10+.
*Корисничкиот интерфејс на ултразвучниот скенер на отпечаток на прст е симулиран за илустрирање.
*Достапно кај моделите Galaxy S10 и S10+. Galaxy S10e има скенер на отпечаток на прст што се наоѓа во копчето за вклучување.
Откривање отпечаток на прст со ултразвук


Dynamic AMOLED
Усовршен екран Infinity, почнувајќи од пикселите
Eкран Cinema-Grade Не веруваш додека не видиш? Еве, погледни!
Дисплеј од новата генерација, екранот Dynamic AMOLED има сертификат HDR10+, односно функција што користи динамично мапирање на бои за да ги прикаже вистинските бои и контрасти во секој кадар – дури и во мрачен. Притоа посветлиот екран овозможува да го видиш јасно, дури и во текот на денот, кога има многу светлина. Спарен со стереозвучници и систем Dolby Atmos, обезбедува навистина поинтензивно искуство.


*Германското здружение за научно-технички развој, VDE, и додели сертификат на фирмата Samsung за 100 отсто видливост на бои во просторот боја DCI-P3 (Digital Cinema Initiatives) на екраните на мобилните уреди Galaxy S10e, S10 и S10+, со контраст од 2.000.000:1.
Екран Eye comfort направен за да може да се приспособува светлината, со што екранот ќе се гледа подобро.
Единствената композиција на флуид во екранот Dynamic AMOLED го намалува емитувањето на штетна сина светлина, притоа не менувајќи ја бојата на приказ на екранот. Може да ја гледаш содржината на екранот или да играш игра до доцна ноќе со помало напрегнување на очите и помирно спиење.

Менување на спектарот на бои и намалување на јачината
Штетно дејство на сината светлина од екранот


Стил
Бескрајно непречено доживување
Боите се светли и надвор од сите очекувања.
Се истакнуваат со смели нијанси на поинаков начин. Уживај во спектарот на светлината и на боите што ги овозможува револуционерната нанотехнологија. Овие иновативни бои ја прекршуваат светлината на нов и футуристички начин — дури и радикално волшебен.
Призма бела
Призма бела
Материјали избрани на начин да се чувствува разликата.
Избери модел со блескава површина и бои што вибрираат и се прекршуваат, спакувани во стилизирана метална рамка и уживај во стилот што во никој случај нема да помине незабележано. Или погледни ја издржливата и софистицирана керамичка површина на Galaxy S10+. Екранот е направ од цврсто стакло Gorilla Glass 6 што ќе ги издржи сите секојдневни непријатности и паѓања.


*Керамичка верзија достапна само за моделите Galaxy S10+ со 8 GB RAM-a и внатрешна меморија од 512 GB и за Galaxy S10+ Performance Edition (12 GB RAM и внатрешна меморија од 1 TB).
*Стаклото Gorilla Glass 6 е достапно само за предната страна на моделите Galaxy S10 и S10+. Задните стакла на моделите Galaxy S10 и S10+ и сите стакла на моделот S10e се изработени од стакло Gorilla Glass 5.
*Достапноста на моделот и на бојата се во зависност од земјата или од давателот на услуги.
Димензии, тежина и екран избрани за да се вклопат во твојот животен стил.
Достапни во три големини, секој Galaxy S10e, S10 i S10+ е така направен што не е само визуелно елегантен кога првпат ќе го видиш туку е елегантен и во рака кога го користиш — благодарејќи на големиот екран како во кино и удобниот ергономски облик.
*Прикажаните тежини се однесуваат само на стаклените модели. Тежината на керамичките модели (што не се прикажани) изнесува 198 g.
*Достапноста на моделот и на бојата се во зависност од земјата или од давателот на услуги.






Еден кориснички интерфејс ти овозможува поедноставно и лесно да го користиш телефонот.
Нашиот оперативен систем е реорганизиран на нов начин и сега може да се сосредоточиш на она што навистина ти е важно. Направивме целосно нов дизајн, со цел да ти го приближиме телефонот, колку што е тоа можно — толку близу, така што ќе стане дел од тебе.
Пакување
Што има во кутијата


-
Data-кабел -
Адаптер -
Игличка за исфрлување -
USB-конектор -
AKG-слушалки
*Достапноста на вистинските компоненти, вклучително и футролата и заштитниот филм, зависи од купениот модел, како и од земјата или регионот. Не сметајќи ја футролата, компонентите на црната боја се достапни исклучително за уреди што имаат, исто така, црна боја, а другите уреди во други бои одат во комбинација со компонентите на белата боја.
Бои
- Призма бела
- Призма црна
- Призма зелена
- Интензивна жолта
- Призма бела
- Призма црна
- Призма зелена
- Призма бела
- Призма црна
- Призма зелена
- Порцеланска бела*
- Порцеланска црна*
Големина на екранот
Вид на дисплејот
Сензор за отпечатоци на прсти
(Странично)
(На екранот)
(На екранот)
Предна камера
Задна камера
Капацитет на батеријата*
- Достапноста на моделите и на боите зависи од државата или од провајдерот.
- Керамичка верзија е достапна само за моделите Galaxy S10+ со 8 GB RAM и 512 GB интерна меморија и со 12 GB RAM и 1 TB интерна меморија.
- Мерено дијагонално, големината на екранот на моделот Galaxy S10e изнесува 5,8 инчи како целосен правоаголник, односно 5,6 инчи кога се сметаат заоблените агли; големината на екранот на моделот Galaxy S10 изнесува 6,1 инчи како целосен правоаголник, односно 6,0 инчи кога се сметаат заоблените агли, а големината на екранот на моделот Galaxy S10+ изнесува 6,4 инчи како целосен правоаголник, односно 6,3 инчи кога се сметаат заоблените агли; реалната видлива површина е помала поради заоблените агли и отворите за камерите.
- 3100 mAh, 3400 mAh и 4100 mAh (типично) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата што е тестирана во независна лабораторија. Оценетиот (минимален) капацитет е помал. Типичната вредност е тестирана во независна лабораторија. За типична вредност е проценета средната вредност, земајќи ги предвид отстапките во капацитетот на батериите меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет изнесува 3000 mAh за Galaxy S10e, 3300 mAh за Galaxy S10 и 4000 mAh за Galaxy S10+. Вистинското времетраење на батеријата зависи од мрежното опкружување, образецот на употреба и од други фактори.