Performance check
Veoma krupan kadar fotografije na kojoj se vidi hardver unutar uređaja Galaxy S10+, uključujući procesor. Slovo S iz logoa S10 je prekriveno.

Перформанси

Перформанси на повисоко ниво за генерацијата што не може да чека

Напојување

Телефон што е подготвен да биде во акција цел ден, токму како и ти

24-часовна паметна батерија за енергија во текот на целиот ден.

Апаратите Galaxy S10e, S10 и S10+ ги учат и ги паметат твоите дневни навики и шаблони и не ги вклучуваат апликациите што не ги користиш. Освен тоа, адаптивниот режим за заштеда на енергија управува со потрошувачката на батеријата врз основа на предвидувањето за тој ден.1 И Galaxy S10+ доаѓа со батерија со капацитет до 4100 mAh (типично), со што може повеќе да уживаш, а помалку да губиш време на полнење.2

Слика на жена што лежи на кревет ноќе и користи телефон Galaxy S10+.

*Достапно е кај моделот Galaxy S10+. Galaxy S10 има батерија со капацитет 3400 mAh (типично), а моделот Galaxy S10e батерија со капацитет од 3100 mAh (типично).

Како да го активираш приспособливиот режим за заштеда на енергија

Функцијата Wireless PowerShare ти дава можност да споделиш енергија со некого.

Само стави го апаратот одгоре на средина на телефонот - нема потреба за кабли.3 Сега може да го наполниш телефонот на твојот другар или бубачките за уши додека си во движење.

Како да наполниш друг апарат со помош на безжичната функција PowerShare
Слика на маж и жена на маса во кафуле и два телефона Galaxy S10+ што заедно се полнат и во исто време.

Брзото безжично полнење 2.0 побрзо го враќа твојот телефон во живот.

Благодарејќи на неверојатната можност за брзо безжично полнење 2.0, апаратите Galaxy S10e, S10 и S10+ може да се полнат безжично побрзо во споредба со претходните модели на телефоните Galaxy со користење на подлогата Duo за безжично полнење на компанијата Samsung, а со турбовентилаторот вграден во полначот не мора повеќе да се грижиш дали ќе ти се прегрее телефонот.4,5

Слика на лице што седи на маса и чита книга, а нејзиниот Galaxy S10+ се полни на подлогата Duo за безжично полнење.

Процесор

Процесор што е чекор понапред и нема шанси да те забави

Подобрени AP и RAM за можностите на новата генерација.

Искористете ги подобрите перформанси со помалку енергија со пософистицираниот и подобрен процесор со големина на RAM-меморијата до 12 GB.6 Телефонот работи беспрекорно дури и ако гледате концерт во живо или играте предизвикувачка игра. А тука е и NPU за новите можности АР на паметната камера.

*Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

Илустриран приказ на подобрените АP и RAM-комбинации со светлина што нежно трепери.
Илустриран приказ на подобрените АP и RAM-комбинации со светлина што нежно трепери.
Побрз CPU до 29%7 Побрз CPU до 37%7 Големина на RAM-меморијата до 12 GB

Меморија

Чувај податоци како на лаптоп без купување лаптоп

Внатрешната и дополнителната меморија овозможуваат сите важни моменти да бидат секогаш на дофат на рацете.

Избриши кога сакаш, а не затоа што мораш. Специјалното издание на Galaxy S10+ Performance Edition се истакнува со интерна меморија со големина до 1 ТВ, а може да додадеш и картичка microSD со уште 512 GB и да добиеш револуционерни 1,5 ТВ простор.8

Galaxy S10+ гледан однапред со интерфејс за Галеријата на екранот со 28 фотографии. Зад телефонот се гледа фотографија и сликата полека избледува со оддалечувањето и претставува симбол на можностите за чување на голем број фотографии.
Galaxy S10+ гледан однапред со интерфејс за Галеријата на екранот со 28 фотографии. Зад телефонот се гледа фотографија и сликата полека избледува со оддалечувањето и претставува симбол на можностите за чување на голем број фотографии.
Galaxy S10+ гледан однапред со интерфејс за Галеријата на екранот со 28 фотографии. Зад телефонот се гледа фотографија и сликата полека избледува со оддалечувањето и претставува симбол на можностите за чување на голем број фотографии.
Galaxy S10+ гледан однапред со интерфејс за Галеријата на екранот со 28 фотографии. Зад телефонот се гледа фотографија и сликата полека избледува со оддалечувањето и претставува симбол на можностите за чување на голем број фотографии.

*Капацитетот до 512 GB дополнителен простор со екстерна картичка microSD за максимални 1,5 ТВ мемориски простор е достапен само за моделите Galaxy S10+ Performance Edition (12 GB RAM и 1 TB интерна меморија).

Samsung microSD картичка од 512 GB

*Картичката MicroSD се продава посебно. Достапноста зависи од државата и од производителот.

Картичка HYBRID SIM за да користиш слободно два броја.

Со поддршката за две картички SIM, ќе може да користиш два различна броја и пакети LTE за пренесување на податоци на апаратите Galaxy S10e, S10 и S10+. Кога не ти е потребна друга SIM-картичка, едноставно извади ја од хибридното лежиште за SIM-картички и на нејзино место стави картичка microSD за поголем мемориски простор.

Горна половина на Galaxy S10+ во хоризонтална положба, гледано однапред со извлечено хибридно лежиште за SIM-картичка и две SIM- картички што се на своите места.
Горна половина на Galaxy S10+ во хоризонтална положба, гледано однапред со извлечено хибридно лежиште за SIM-картичка и две SIM- картички што се на своите места.
Горна половина на Galaxy S10+ во хоризонтална положба, гледано однапред со извлечено хибридно лежиште за SIM-картичка и две SIM- картички што се на своите места.

*SIM-картичката се продава посебно. Достапноста на услугата Dual SIM зависи од земјата или од оператерот.

*Картичката MicroSD се продава посебно.

Можности за поврзување

Можности за поврзување од нова генерација што нѐ прават поврзани

Паметен Wi-Fi и LTE за побрзо поврзување со омилената содржина.

За побрзо делење информации и содржини и за подолга поврзаност дури и кога е хаос - паметениот Wi-Fi е побрз со Wi-Fi 6 и спречува Wi-Fi измама.9 Надвор си од опсегот на Wi-Fi? И понатаму имаш можност да преминеш на LTE што поддржува извонредни брзини за пренесување на податоци до 2,0 Gb/s.10

Galaxy S10+ во хоризонтална положба со екран нагоре гледан под благ агол оддолу. На почетокот на екранот се гледа призматична икона на логотипот S10. Потоа се менува во призматична икона за Wi-Fi, а потоа се гледа концерт во живо со коментари преку екранот.
Wi-Fi До 1,2 Gbit/s Преземање До 1,2 Gbit/s Праќање на
LTE До 2,0 Gbit/s Преземање До 150 Мbit/s Праќање на

Аудио

Совршено вклопени за да те опкружат со звук

Стереозвучници и Dolby Atmos комбинација со која уживаш како да се наоѓаш во театар.

Задлабочи се во звукот што го донесува компанијата AKG преку стереозвучникот на моделите Galaxy S10e, S10 и S10+. Уживај во тридимензионалниот Dolby Atmos подобрен звук што е исклучително јасен и чист, симетричен и погласен и се чувствуваш како да си во средиштето на концерт или филм.11

Galaxy S10+ во хоризонтална положба со екран нагоре гледан под благ агол оддолу го прикажува интерфејсот Samsung за музика на екранот и анимираните кругови странично што ги означуваат стереозвучниците.

Играње

Телефон што целиот свет го претвора во игра

Оптимизиран за играње, па можеш да ги урнеш и твоите најдобри резултати.

Твојот телефон е заштитен од прегревање и кочење благодарејќи на подобрената функција на хардверот со системот за ладење со комора, подобрените перформанси базирани врз вештачка интелигенција и подобрениот графички процесор - сега е вистинско време да уживаш во совршена игра. Освен тоа, долготрајната батерија ти гарантира дека нема да мора да ја прекинуваш играта.12

*Симулирана слика за потребите на илустрирањето.

*Системот за ладење со комора е достапен само кај Galaxy S10+. Galaxy S10 и Galaxy S10e имаат подобрен систем за ладење врз база на топлински цевки.

Galaxy S10+ во хоризонтална положба без дисплеј, со хардверот внатре, вклучително и системот за ладење со комора.
Galaxy S10+ во хоризонтална положба без дисплеј, со хардверот внатре, вклучително и системот за ладење со комора.
Galaxy S10+ во хоризонтална положба без дисплеј, со хардверот внатре, вклучително и системот за ладење со комора.
Galaxy S10+ во хоризонтална положба без дисплеј, со хардверот внатре, вклучително и системот за ладење со комора.
Galaxy S10 plus во landscape режим со сцена од играта Fortnite.

Интензивното искуство го подигнува играњето игри на уште повисоко ниво.

дисплејот Infinity-O со висока резолуција и подобрениот Dolby режим за играње обезбедуваат реалистична слика и подобар звук, додека функцијата за оптимизирање на играта го прават доживувањето динамично и моќно.

Истакни се со ИКОНИК комплетот и Сценарио емотиконот

Ексклузивниот ИКОНИК комплет со емотиконот K-Pop што игра ќе ти помогне да ја импресионираш твојата екипа и да се одвоиш од другите. Преземи го сега и подобри ја својата игра со помош на моќниот гејминиг телефон - Galaxy S10e, S10, или S10+.

ИКОНИК skin за Fortnite

*ИКОНИК комплетот и Сценарио емотиконот се достапни за купувачите на новиот Galaxy S10e, S10 и S10+ до 13.12.2019та. Кога ќе го преземеш, може да играш со својот ИКОНИК комплет колку што сакаш.

*Достапноста на Fortnite играта зависи од земјата и од регионот.

IP68

Телефон што не се плаши од вода

Отпорноста на вода и прав овозможува твојот телефон без проблеми да ги поднесе сите незгоди.

Без разлика во какво опкружување се наоѓаш, помалку ќе се грижиш за телефонот. Galaxy S10e, S10 и S10+ имаат степен на заштита IP68, највисок стандард за мобилни апарати кога станува збор за отпорност на вода и прав.13

Galaxy S10+ во хоризонтална положба со екранот надолу, под агол, прекриен со капки вода и покажува дека апаратот е водоотпорен со степен на заштита IP68.

Безбедност

Безбедност на ниво на трезор и само ти можеш внатре

Samsung Knox ја штити твојата приватност на секој чекор.

Вграден во хардверот и софтверот во процесот на производство, Samsung Knox го штити твојот телефон од моментот кога ќе се вклучи. Обезбедува повеќеслојна заштита и ги заштитува најчувствителните информации од малверзации и злонамерни закани.

Анимирана слика на Galaxy S10+ гледан под агол од 75° од страната на која се гледаат копчето Bixby и копчето за јачина на звукот. Екранот се појавува и открива пет слоеви на Samsung Knox заштитата што се вградени во телефонот почнувајќи од чипот.
Доверба што започнува од хардверот
Доверба што започнува од хардверот
Samsung безбеден и сигурен почеток
Knox безбеден и сигурен почеток
TIMA
TIMA
SE за Андроид
SE за Андроид
Knox контејнер
Container
Анимирана слика на Galaxy S10+ гледан под агол од 75° од страната на која се гледаат копчето Bixby и копчето за јачина на звукот. Екранот се појавува и открива пет слоеви на Samsung Knox заштитата што се вградени во телефонот почнувајќи од чипот.

Биометриска проверка на идентитетот за осигурување на безбедноста само со личен пристап.

Избери го тоа што ти одговара. Зголемената безбедност преку скенерот за ултразвучно детектирање на отпечаток на прст овозможува безбеден пристап до апликациите со Samsung Pass.14 Исто така, можеш да избереш препознавање на лице, PIN, шаблон или лозинка.

*Алијансата FIDO првпат доделила сертификат за компонентите на биометриската проверка на идентитетот и компанијата Samsung го добила за ултразвучниот детектор за отпечаток на прст кај моделите Galaxy S10 и S10+.

*Скенерот за ултразвучно детектирање на отпечаток на прстот е достапен само кај моделите Galaxy S10 и S10+.

*Корисничкиот интерфејс на скенерот за отпечаток на прст е симулиран заради илустрација.

*Достапноста на моделите и на боите зависи од државата или од провајдерите.

Galaxy S10+ гледан под агол од 75° од страната на која се наоѓа копче за вклучување со една линија што ја покажува функцијата на препознавање лица и друга што го покажува скенерот на отпечаток на прст.
Galaxy S10 гледан однапред со црн екран и една линија што ја покажува функцијата за препознавање лица и друга што ја покажува функцијата за ултразвучно детектирање на отпечаток на прст.
Galaxy S10 гледан однапред со црн екран и една линија што ја покажува функцијата за препознавање лица и друга што ја покажува функцијата на ултразвучно детектирање на отпечатокот на прстот.
Galaxy S10 гледан однапред со црн екран и една линија што ја покажува функцијата за препознавање лица и друга што ја покажува функцијата на ултразвучно детектирање на отпечатокот на прстот.
Galaxy S10e
Galaxy S10
Galaxy S10+

Бои

Galaxy S10e
  • Призма бела
  • Призма црна
  • Призма зелена
  • Интензивна жолта
Galaxy S10
  • Призма бела
  • Призма црна
  • Призма зелена
Galaxy S10+
  • Призма бела
  • Призма црна
  • Призма зелена
  • Порцеланска бела*
  • Порцеланска црна*

Големина на екранот

Galaxy S10e 5.8”
Galaxy S10 6.1”
Galaxy S10+ 6.4”

Вид на дисплејот

Galaxy S10e Рамен
Galaxy S10 Закривен
Galaxy S10+ Закривен

Сензор за отпечатоци на прсти

Galaxy S10e Капацитивен скенер на отпечаток на прст
(Странично)
Galaxy S10 Ултразвучно детектирање на отпечаток на прст
(На екранот)
Galaxy S10+ Ултразвучно детектирање на отпечаток на прст
(На екранот)

Предна камера

Galaxy S10e Селфи камера
Galaxy S10 Селфи камера
Galaxy S10+ Селфи камера RGB длабинска камера

Задна камера

Galaxy S10e Широкоаголна камера Ултраширока камера
Galaxy S10 Телефото камера Широкоаголна камера Ултраширока камера
Galaxy S10+ Телефото камера Широкоаголна камера Ултраширока камера

Капацитет на батеријата*

Galaxy S10e 3100 mAh (типично)
Galaxy S10 3400 mAh (типично)
Galaxy S10+ 4100 mAh (типично)
  • Достапноста на моделите и на боите зависи од државата или од провајдерот.
  • Керамичка верзија е достапна само за моделите Galaxy S10+ со 8 GB RAM и 512 GB интерна меморија и со 12 GB RAM и 1 TB интерна меморија.
  • Мерено дијагонално, големината на екранот на моделот Galaxy S10e изнесува 5,8 инчи како целосен правоаголник, односно 5,6 инчи кога се сметаат заоблените агли; големината на екранот на моделот Galaxy S10 изнесува 6,1 инчи како целосен правоаголник, односно 6,0 инчи кога се сметаат заоблените агли, а големината на екранот на моделот Galaxy S10+ изнесува 6,4 инчи како целосен правоаголник, односно 6,3 инчи кога се сметаат заоблените агли; реалната видлива површина е помала поради заоблените агли и отворите за камерите.
  • 3100 mAh, 3400 mAh и 4100 mAh (типично) се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата што е тестирана во независна лабораторија. Оценетиот (минимален) капацитет е помал. Типичната вредност е тестирана во независна лабораторија. За типична вредност е проценета средната вредност, земајќи ги предвид отстапките во капацитетот на батериите меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет изнесува 3000 mAh за Galaxy S10e, 3300 mAh за Galaxy S10 и 4000 mAh за Galaxy S10+. Вистинското времетраење на батеријата зависи од мрежното опкружување, образецот на употреба и од други фактори.

Прошири за да ги видиш разликите меѓу Galaxy S10 моделите.