Каков наменски сервис за грижа на корисници е достапен за Galaxy Z Flip?

Galaxy Z Flip доаѓа со специјализиран сервис за грижа за корисници со назив Galaxy Z првокласен сервис, наменет за да се овозможи најдобро можно доживување со производот за нашите ценети корисници.

слика на уредот Galaxy Z Flip

Galaxy Z Flip сервис со прилог за заштита на екранот

слика од фолијата за заштита на екранот

Galaxy Z Flip се испорачува со стандардна гаранција за производот, која е во согласност со законите и прописите на сите земји.
 

Корисниците ќе добијат *бесплатен (FOC) сервис со прилог за заштита на екранот во овластените сервисни центри на Samsung. Меѓутоа, овој сервис важи 1 година од датумот на купување.
 

Ако се оштети екранот, уредите може да се поправат во овластените центри на Samsung. Во зависност од типот на оштетувањето, може да ви биде наплатено за резервните делови.

Забелешка: *достапните сервисни центри за сервисот со прилог за заштита на екранот се разликуваат според земја и подружница.

Galaxy Z Flip првокласен сервис

Замена или поправка на главниот екран на Galaxy Z Flip во рок од 1 година

слика од замена на екран

Имате право на една замена на екранот или една поправка во рок од една година од датумот на купување на уредот.

Еднократната замена или поправка на екранот се однесува на внатрешниот и свитлив главен екран на Galaxy Z Flip по ниска цена. Корисникот е должен да плати за трошоците за замена или за поправка на екранот.

Опфатеноста со заштита зависи од земјата. Се применуваат други услови и одредби.

Galaxy Z Flip лична помош

слика од слушалки со 24-часовен текст

Секој клиент што ќе го купи Galaxy Z Flip ќе добие Galaxy Z првокласен сервис .

Овој ексклузивен сервис за грижа на корисници вклучува директен контакт со експерти од Samsung и *24/7 поддршка на интернет или преку телефон.

Забелешка: *понудените сервиси може да се разликуваат според земја и подружница.    

Посетете го Galaxy Z Flip првокласен сервис за подетални информации.

Благодариме за повратните информации