Повеќе паметни уреди, една паметна апликација.

Поврзи ги, автоматизирај ги и управувај со сите апарати и со електрониката на компанијата Samsung што се компатибилни со апликацијата SmartThings со една апликација што се користи едноставно. Бидејќи паметното би требало да биде и едноставно, без оглед на бројот на уредите во твојот дом.

Преземи ја апликацијата SmartThings.

Сликата ги прикажува осветлувањето во домот и екранот за контролирање на електронските куќни апарати со помош на апликацијата SmartThings.

Поврзи ги сите уреди во домот.

SmartThings функционира со сѐ поголем број уреди. Само побарај ја
лепенката „Works with SmartThings“ (Функционира со апликацијата SmartThings).

Слика со логото „Works with SmartThings“ и со разни икони, како што се оние за телевизор, AV, клима-уред, машина за перење/сушилница, робот, правосмукачка, фрижидер, Wi-Fi јазол, сензор на движење, камера, мултифункционален сензор, ѕвонче на вратата, светилка, брава, приклучок, прекинувач/димер и термостат, кои се достапни со апликацијата SmartThings

Една апликација, повеќе екрани.

Пристапи им на функциите на апликацијата SmartThings од широкиот асортиман на производи на компанијата Samsung, вклучително и паметни телефони, телевизори и фрижидери.

Уште попаметни заедно.

Апликацијата SmartThings меѓусебно ги поврзува паметните уреди на компанијата Samsung за да работат заедно и да го направат твојот дом уште попаметен.

Сѐ повеќе и повеќе апарати ни се непречено поврзани.

Твоја куќа, твои правила.

Домот нека ти биде попаметен со приспособена автоматизација. Креирај распореди и сценарија и остави апликацијата SmartThings да го направи преостанатото.
Таа дури е во состојба да ти предложи нови паметни начини за автоматизација на денот.

Слика на активирање на дејството за вклучување на осветлувањето во дневниот простор во апликацијата SmartThings

Активирај дејство

Изврши автоматизација на својот дом со помош на податоци како што се време,локација или температура. Нагоди ја прскалката да се вклучува во мугри или светилките да се палат по заоѓање на сонцето.

Слика на нагодување на условите за сцени, како што се „Good morning“, „Cleaning“, „Going out“, „Movie time“ во апликацијата SmartThings

Нагоди сцена

Креирај сценарио што подготвува сцена за филмска ноќ или сцена што ја заспива куќата кога е време за спиење.

Управувај со глас.

Користи Bixby на телефонот Galaxy за управување со паметни уреди со глас. За нагодување на температурата или за репродуцирање музика доволно е да го кажеш само тоа.

Видеоактивирање на приспособена автоматизација на апликацијата SmartThings  со кажување на командата „Bixby! Good night scene, please“ во куќата, а TV во дневната соба и светилките во куќата се исклучуваат.

Набави ја апликацијата

Преземи ја апликацијата SmartThings веднаш.

Контактирај Samsung помош

Имаш ли дополнителни прашања?

* Секој уред мора да биде поврзан на Wi-Fi или на друга безжична мрежа.
* За меѓуоперативност низ апликацијата SmartThings, потребно е сите уреди да бидат регистрирани на еден налог Samsung Account.
* Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од државата, оператерот, мрежното опкружување или од производот и подложни се на промени без известување.

* Побарај го логото „Works with SmartThings“ на производот или на неговото пакување.
* Сликите и корисничкото искуство се симулирани заради илустрација.
* Апликацијата „Bixby“ е ограничена на избраните јазици и на одредени акценти/дијалекти.

* Сликите на апаратот и на екранот се симулирани заради илустрација.