Како да користам мемориска картичка на мојот паметен телефон?

Сликајте колку што можете повеќе слики и меморирајте колку што сакате информации со инсталирање на мемориска картичка. Во само неколку едноставни чекори повеќе нема да мора да се грижите за просторот во вашиот паметен телефон Galaxy.

 

Ќе ви биде потребен пин за отворање што се испорачува со вашиот паметен телефон Galaxy за да ja отворите касетата.

Пин за отворање касета

Некои мемориски картички можеби нема да бидат целосно компатибилни со вашиот уред, водете сметка да користите компатибилна картичка за да избегнете оштетување. 

1 Вметнете го пинот за отворање вертикално во отворот за да ja ослободите касетата.
2 Извлечете ја касетата внимателно од слотот за касета.
3 Ставете ја мемориската картичка на касетата – при што контактите обоени со златна боја ќе бидат свртени надолу – поклопувајќи ја со формата на касетата.
4 Притиснете ја нежно мемориската картичка на касетата за да ја осигурате.
5 Вратете ја касетата назад во слотот.
Вметнете ја касетата

Кога сте ја вметнале мемориската картичка во уредот, во Мои датотеки, папка за SD картички се јавува во директориумот со датотеки. 

Напоменуваме: Позицијата на касетата за картички се разликува меѓу различните модели на паметни телефони Galaxy.  

Пред вадењето на мемориската картичка, прво демонтирајте ја.  

1 Во Нагодувања, притиснете на Одржување на уредот или Грижа за уредот.
Во Нагодувања, притиснете на Одржување на уредот
2 Притиснете на Складирање.
Притиснете на Складирање
3 Притиснете на Повеќе и изберете Нагодувања за складирање.
Притиснете Повеќе и изберете Нагодувања за складирање
4 Притиснете на SD-картичка а потоа на Демонтирај.
Притиснете на SD-картичка и потоа на Демонтирај

Потоа:

5 Вметнете го пинот за отворање вертикално во отворот на касетата за да ja ослободите касетата.
6 Внимателно извлечете ја касетата од слотот за касета.
7 Извадете ја мемориската картичка.
8 Вратете ја касетата назад во слотот.

Напоменуваме: Не вадете ја мемориската картичка додека уредот пренесува податоци.

Пред форматирањето на мемориската картичка, не заборавајте да направите резервни копии од сите важни податоци што се зачувани на мемориската картичка.

1

Во Нагодувања, притиснете на Одржување на уредот или Грижа за уредот.

Во Нагодувања, притиснете на Одржување на уредот
2 Притиснете на Складирање.
Притиснете на Складирање
3 Притиснете на Повеќе и изберете Нагодувања за складирање.
Притиснете на Повеќе и изберете Нагодувања за складирање
4 Притиснете на SD-картичка и потоа на Формат.
Притиснете на SD- картичка и потоа на Формат

Напоменуваме: Мемориска картичка што е форматирана на компјутер можеби нема да биде компатибилна со уредот. 

Благодариме за повратните информации