• *Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
  • *S Pen Fold Edition пенкалото за Galaxy Z Fold5 се продава одделно. Користете S Pen пенкало дизајнирано за Galaxy Z Fold. Сите други S Pen пенкала или други пенкала може да го оштетат екранот. Galaxy Z Fold5 нема вграден слот за S Pen пенкало. Поддршката за S Pen пенкало е ограничена само на главниот екран.

Galaxy AI е тука

Добредојдовте во ерата на мобилната AI. Со Galaxy Z Fold5 во вашите раце, можете да ослободите целосно нови нивоа на креативност, продуктивност и можности – започнувајќи со најважниот уред во вашиот живот. Вашиот мобилен телефон.

Легендарно, баш така.

Try Galaxy на вашиот телефон Скенирајте го овој QR code или посетете ја страницата trygalaxy.com
QR code за да пристапите до Try Galaxy

Совршениот главен екран од 7,6 инчи

Отвори неверојатен, живописен екран — осмислен одново да ти овозможи гејминг како никогаш досега, извонредно гледање каде и да си и продуктивност како да работиш на компјутер — сето тоа на еден уред колку таблет.5,7

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Светлина поминува преку долната рамка на преклопен Galaxy Z Fold5 скриен во темнината. Еден зрак повторно го открива работ на долна рамка, додека уредот се отвора, прикажувајќи го целиот уред со целосно отворен главен екран. На екранот е прикажана сцена од спортско возило паркирано на рефлективна површина што го отсликува ѕвезденото ноќно небо.

Нашиот најлесен, најкомпактен Galaxy Z Fold досега

Законите на физиката не му можат ништо на овој подобрен дизајн. Galaxy Z Fold5 ги исполнува сите очекувања, така што и кога е затворен има огромен екран и совршено се вклопува во џебот.

Крупен кадар од делумно затворен главен екран, при што целосно се затвора. Крајниот агол се фокусира на рамката и на Flex Hinge од долната страна.

Отвори го, затвори го или приспособи го до совршениот агол. Редизајнираната Flex Hinge е техничко чудо што се потчинува на твојата волја.

Внатрешните механички компоненти на Galaxy Z Fold5 се центрирани околу Flex Hinge.
Galaxy Z Fold5, преклопен и гледан од станата спротивна од Flex Hinge.
13,4 mm Дебелина8
253 g Тежина

*Сликата е симулирана за илустрација.

Потенок, полесен и попренослив од кога било досега9

Ја намаливме големината на уредот, така што ќе можеш поцврсто да го држиш она што го сакаш, без да жртвуваш ни ронка моќност.9

Затворен Galaxy Z Fold5 се вади од внатрешниот џеб на спортско сако.

Направи си атмосфера со омилената боја

Иднината изгледа светло со овие нијанси инспирирани од природата.10

Ледено сина
Два затворени Galaxy Z Fold5 уреди во ледено сина боја. На едниот се гледаат надворешниот екран и Flex Hinge. Другиот се гледа од задната страна.

А, сега, за пријатно гледање

Се прикажува мрачна и драматична сцена од серијата The Witcher на Netflix на надворешниот екран на хоризонтално поставен Galaxy Z Fold5. Потребно е членство за Netflix. Уредот се отвора и го прикажува главниот екран каде што сцената непречено продолжува на големиот екран.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Останува светол благодарение на 1750 нити. Дури и при директна светлина

Се репродуцира видео на главниот екран на Galaxy Z Fold5 во Flex Mode. Flex Mode Panel прикажува контроли за репродукција на долната половина на екранот.

Не грижи се дека сончевата светлина ќе ти го уништи гледањето. Уживај во филмовите на 7,6-инчниот главен екран.5 Ќе се чувствуваш како да си токму во центарот на акцијата со Galaxy Z Fold5 којшто емитува до 1750 нити светлина.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Flex Mode е поддржан под агли во опсег од 75° и 115°. Некои апликации може да не бидат поддржани во Flex Mode или Flex Mode Panel.

Уживај во батеријата што трае13 цел ден Слушај до 73 часа6 Гледај до 25 часа6

Телефонот е толку импресивен, што ќе сакаш постојано да ти биде в рака. А со огромниот систем со двојна батерија од 4400 mAh (типична), ќе можеш постојано да го користиш.14 Во комбинација со подобрен процесор, ефикасно го приспособува трошењето на батеријата според твоите навики и потреби, правејќи да трае подолго со само едно полнење.

Моќен гејминг со најбрзиот Snapdragon на Galaxy Z Fold досега

Извојувај победа со подобрените хардвер и софтвер на Snapdragon® 8 Gen 2 мобилната платформа за Galaxy.15 Овој процесор со високи перформанси води до шампионски победи.

  • GPU 36 %↑
  • NPU 29 %↑
  • CPU 22 %↑

*HoYoverse" е трговска марка и/или регистрирана трговска марка на COGNOSPHERE PTE. LTD."

*Genshin Impact е сега достапно за преземање на Galaxy Store.

*Уметничките дела на Genshin Impact се заштитени со авторски права и Cognosphere PTE. LTD. ужива ексклузивно право.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со чипсет од претходна генерација. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.

Се репродуцира игра од Genshin Impact. Движењето е непречено, а сликите јасни.

Multi Window.
Твоето тајно оружје за мултитаскинг

Два Galaxy Z Fold5 уреди. Едниот е преклопен и се гледа од задната страна. Другиот е отворен и се гледа главниот екран. Два прозорци се отворени на главниот екран. На едниот има апликација за фаќање белешки креирани со S Pen пенкало што лебди над екранот. На другиот има веб-прелистувач.

Најнапредниот мултитаскинг на Samsung Galaxy паметен телефон ти овозможува да отвориш три прозорчиња на еден екран за да може да стримаш, купуваш, пребаруваш и многу повеќе.16

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Три прозорци се отворени на главниот екран на Galaxy Z Fold5. Два се интернет-прелистувачи, а еден е текстуална порака во чет. На еден од интернет-прелистувачите има фотографија од торта. Тортата се отсекува од сликата и се повлекува и спушта во пораката во четот.

Лентата со задачи се прикажува на дното на главниот екран. S Pen пенкалото лебди над една од многуте икони за апликации прикачени на лентата со задачи.

На лентата со задачи може да има до дванаесет апликации одеднаш — а сега ги прикажува последните четири отворени апликации — така што можеш непречено да се префрлаш помеѓу оние што најмногу сакаш да ги користиш.17 А за уште поголема ефикасност, само додај го S Pen пенкалото во оваа комбинација.18

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Најпреносливото S Pen пенкало за Fold уред досега, со компактна футрола

Кога имаш наплив на идеи, само земи го S Pen пенкалото и запиши ги со прецизност за која твоите раце може само да сонуваат.18 Отвори ја Samsung Notes за платно што се протега на сите твои уреди или, пак, пишувањето дневник нека биде вид уметност во омилената апликација за бележење.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Апликацијата GoodNotes треба одделно да се преземе и набави. Достапноста на апликацијата и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.

Жена држи отворен Galaxy Z Fold5, а главниот екран е свртен спротивно од неа и е кон гледачот. Во дланката држи S Pen Fold Edition пенкало за Galaxy Z Fold5. На горната половина од екранот има живописна слика од модерна архитектура. На долната половина има архитектонска скица во апликација за фаќање белешки.
Два Galaxy Z Fold5 уреди со тенка футрола за S Pen пенкало. Претставени се две опции за бои на футрола: Песок боја и ледено сина.

Заедно се подобри

Тенка футрола за S Pen пенкало19

за прецизност во движење

GoodNotes

сега со уште поголема креативна контрола

Истакнати камери. Фаќаат сѐ

Крупен кадар од задните камери на Galaxy Z Fold5, поставен хоризонтално.

  • 10 MP

    Телефото камера со 3x оптички зум

  • 50 MP

    Широкоаголна камера

  • 12 MP

    Ултраширока камера

  • 10 MP

    Камера на надворешниот екран

  • 4 M

    Камера под екранот

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

50 MP MVP

Со подобрениот систем на камери доаѓаат и два широки екрани коишто ти го претвораат телефонот во комплетно мобилно студио со 30x Space Zoom.20 Може да снимаш, преснимуваш, зумираш и уредуваш со сосема ново ниво на креативна слобода.

Двојниот преглед прави оној што го сликаш да има контрола

Расклопи го Galaxy Z Fold5 за да го покажеш твојот субјект токму онака како што го гледаш во прегледот.21 На овој начин, лицето може да си ја смени позата, да ја поправи косата и да биде во своето најдобро издание.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Тенисер позира за слика на терен. Соиграчот клечи пред него за да сликне слика со задната камера на отворен Galaxy Z Fold5. Фотографот го гледа главниот екран, а оној што позира го гледа надворешниот екран. Потоа, сликата се прикажува на надворешниот и на главниот екран.

Урамнотежен и светол при слаба осветленост

Расклопи на Main Screen и снимај ги ноќните фотографии со висока резолуција за кои отсекогаш си сонувал – неверојатна фотографија при слаба осветленост која го доловува секој момент со боја и јасност.

Жена седи на маса во слабо осветлена просторија. Текстурите низ собата се детални, а боите на нејзината облека и тонот на кожата се природни и живописни.

Допри да започнеш со снимање. Зачувај ги спомените

Вработено лице во цвеќара ги сече пупките од букет цвеќе. Природните движења, сенките на боите и разните текстури на цвеќињата се доловени со реалистичен квалитет и дефиниција.

Со задната камера, снимај видеа во бујна боја и детали. За уште поголема јасност, Auto FPS ја поставува оптималната експозиција од еден момент до друг, така што твоето видео останува светло од почеток до крај.

*Ова видео е ретуширано за корекција на боите. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Цврст и издржлив, и одвнатре и однадвор

Создаден да биде издржлив за да го отвора светот пред вас. Galaxy Z Fold5 издржува преклопување пак и пак и пак.

  • Galaxy Z Fold5 е зајакнат со цврста алуминиумска рамка.23 Оваа моќна обвивка ги исполнува очекувањата според даденото име, Armor Aluminium, заштитувајќи го твојот телефон од оштетување.

    Крупен кадар од страничната рамка и од Flex Hinge.
  • Нашата нова шарка со двојна шина е посилна, поиздржлива и убава за око.9

    Крупен кадар од Flex Hinge.
  • Со дебела заштита за водоотпорност.24

    Крупен кадар од агол на Galaxy Z Fold5 со капки вода околу него.

Контролирај повеќе екрани одеднаш со функцијата Multi control

Уживај во непречена соработка помеѓу уредите. Функцијата Multi ти овозможува да ги користиш тастатурата и глувчето на повеќе уреди, како што на пример твоите Galaxy Z Fold5 и Galaxy Tab S9. Што значи, уште полесно можеш да копираш и лепиш или да повлекуваш и спушташ.26,27,28,29 А таблетот може да послужи дури и како втор екран, така што преносливото работно опкружување станува уште поефикасно.

*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

*Galaxy Tab S9 Ultra и Bluetooth Mouse Slim се продаваат одделно.

Со глувчето се повлекува слика помеѓу Galaxy Z Fold5 во Flex Mode и документ на Galaxy Tab S9 Ultra.

Дизајниран имајќи ја планетата на ум

Galaxy Z Flip5 и Fold5 имаат поголема разновидност на рециклирани материјали од нивните претходни генерации, вклучувајќи рециклирано стакло и алуминиум пред потрошувачка и рециклирана пластика по потрошувачка, добиена од фрлени рибарски мрежи, буриња со вода и PET-шишиња.30,35

*Сликите се симулирани за илустрација Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.

Префрли се, надгради се и замени. Лесно е

Направи многу повеќе со дополнителната опрема

Често поставувани прашања

  • Galaxy Z Fold5 е достапен во ледено сина, фантомска црна и крем боја.10

    ПРОДОЛЖИ НА БОИ
  • Со своите 253 грама, Galaxy Z Fold5 е 10 грама полесен од Galaxy Z Fold4. Исто така, полесен е од Galaxy Z Fold4. Кога е отворен, дебел е 6,1 милиметар, додека пак претходната верзија имаше дебелина од 6,3 милиметри.8 Кога е затворен, е покомпактен со своите 13,4 милиметри, додека пак на Galaxy Z Fold4 димензиите се 15,8 милиметри кај шарката и 14,2 милиметри кај надворешниот раб. Надградениот процесор ги засилува перформансите на Galaxy Z Fold5 со CPU перформанси подобрени за 18 %, GPU перформанси подобрени за 32 % и NPU перформанси подобрени за 25 % во споредба со Galaxy Z Fold4.34

    СПОРЕДИ УРЕДИ
  • Иако S Pen пенкалото е поддржано на главниот екран, Galaxy Z Fold5 не се испорачува со S Pen пенкало.18 Купи го новото, потенко S Pen Fold Edition пенкало за Galaxy Z Fold5 за да уживаш во непречено фаќање белешки и да вршиш Air Commands.35 Потоа, носи го заедно со телефонот во тенката футрола за S Pen пенкало.19

    ПРОДОЛЖИ НА S PEN ПЕНКАЛО
  • Galaxy Z Fold5 е долг 154,9 милиметри, широк 67,1 милиметри и дебел 13,4 милиметри кога е затворен.8 Кога е отворен, широк е 129,9 милиметри и дебел 6,1 милиметри.

    ПРОДОЛЖИ НА ПРЕНОСЛИВОСТ
  • Надворешниот екран на Galaxy Z Fold5 има предна камера од 10 MP. Главниот екран има скриена камера под екранот од 4 MP. Од задната страна, Galaxy Z Fold5 има широкоаголна камера од 50 MP, ултраширока камера од 12 MP и телефото камера од 10 MP. Фаќај јасни, бистри слики во текот на денот, подобрени со напреден процесор и софтвер овозможен со вештачка интелигенција. Преземи ја функцијата Expert RAW за уште поголема креативна контрола врз професионалните камери на Galaxy Z Fold5.22

    ПРОДОЛЖИ НА КАМЕРИ
  • Едно полнење на батеријата на Galaxy Z Fold5 трае подолго од онаа на Galaxy Z Fold4. Иако Galaxy Z Fold5 има иста батерија од 4400 mAh (типична) како и Galaxy Z Fold4, сепак, напредниот процесор овозможува поефикасно користење на батеријата, така што може да слушаш музика до 73 часа или да гледаш видеозаписи до 21 час.6,14

    ПРОДОЛЖИ НА БАТЕРИЈА
  • Galaxy Z Fold5 се одликува со новата, издржлива двојна шина Flex Hinge. Плус, Galaxy Z Fold5 има оцена IPX8 за водоотпорност.za all’acqua.24

    ПРОДОЛЖИ НА ИЗДРЖЛИВОСТ

Стани дел од екипата на Flip

Разгледај некои паметни начини како да дојдеш до Galaxy Z Fold5

Galaxy отвора свет на можности

  1. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е врска со интернет. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата се разликува во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  2. Live Translate бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Live Translate е достапна само на однапред инсталираната апликација Samsung Phone. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
  3. За Преведувач е потребна најава на Samsung Account. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста на и поддржаните карактеристики може да се разликуваат во зависност од државата, регионот и операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да се разликува.
  4. Generative Edit бара мрежна врска и најава на Samsung Account. Уредувањето со Generative Edit резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. Видлив воден печат е преклопен на излезната слика по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од AI. Точноста и веродостојноста на генерираниот излез не се загарантирани.
  5. Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold5 е 7,6 инчи како цел правоаголник и 7,4 инчи кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли.
  6. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видео (резолуција на видео од 720 p, зачуванo на уредот) и репродукција на аудиозапис (датотека mp3, 192 kbps, зачувана на уредот со исклучен LCD екран), соодветно. Реалното време на репродукција на аудио и видео се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
  7. Измерено дијагонално, големината на надворешниот екран на Galaxy Z Fold5 е 6,2 инчи како цел правоаголник и 6,1 инчи кога се сметаат заоблените агли; просторот за гледање е помал поради заоблените агли и дупката за камера.
  8. Дебелината се мери од горниот стаклен панел до долниот стаклен панел.
  9. Споредено со Galaxy Z Fold модели.
  10. Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
  11. Екранот Dynamic AMOLED 2X на Galaxy Z Fold5 доби потврда од VDE Германија за 100 проценти волумен на боја на мобилен телефон во спектар на бои DCI-P3, што значи дека твоите слики не се избледени и ќе добиеш неверојатно живописни бои независно од различните нивоа на светлина. Екранот може да постигне највисоко ниво на светлина до 1750 нити, подобрувајќи го контрастот меѓу темните и светлите аспекти на дигиталната содржина за побрилијантен квалитет на слика со сооднос на контраст 3.000.000:1, за пореалистично искуство на мобилниот телефон.
  12. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 19.6.2023–29.6.2023 со претпродажни верзии на SM-F946 и SM-F731 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи.
  13. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Fold5 е 4270 mAh, а за Galaxy Z Flip5 е 3591 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
  14. Snapdragon е производ на Qualcomm Technologies Inc. и/или нејзините подружници. Snapdragon е трговска марка или регистрирана трговска марка на Qualcomm Incorporated.
  15. Одредени апликации може да не поддржуваат Multi Window или App Pair.
  16. Функцијата за лента со задачи е поддржана само на главниот екран.
  17. S Pen Fold Edition пенкалото за Galaxy Z Fold5 се продава одделно. Користете S Pen пенкало дизајнирано за Galaxy Z Fold. Сите други S Pen пенкала или други пенкала може да го оштетат екранот. Galaxy Z Fold5 нема вграден слот за S Pen пенкало. Поддршката за S Pen пенкало е ограничена само на главниот екран.
  18. S Pen Fold Edition пенкалото и тенката футрола за S Pen пенкало (што доаѓа со S Pen Fold Edition пенкало) се продаваат одделно. Достапноста на моделот и бојата може да се разликува во зависност од земјата. Пенкалото S Pen Fold Edition е компатибилно само со Galaxy Z Fold 5, Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Fold3.
  19. 30x Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија AI Super Resolution. Зумирање повеќе од 3 пати може да предизвика нарушување на квалитетот на сликата.
  20. Dual Preview е поддржана на оригиналната апликација Камера на уреди кои работат на One UI 2.1 или понова верзија.
  21. Expert RAW мора да се преземе одделно од Galaxy Store, бесплатно, пред употреба. Поддржано на уреди од S23 серијата, S22 серијата, S21 Ultra, S20 Ultra, Note20 Ultra, Z Fold5, Z Fold4, Z Fold3 и Z Fold2.
  22. Рамката не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња или отворот за SIM-картичка.
  23. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или во базен. Водоотпорноста на уредот не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење. IPX8 оценката значи дека уредот не е отпорен на прашина.
  24. Опцијата Multi control е достапна само на одредени Galaxy паметни телефони со One UI 5.1 или понови верзии, Galaxy Tab уреди со One UI 5.1.1 или понови верзии и уреди од Galaxy Book пуштени во продажба во 2021 година или подоцна со Samsung Settings v1.5 (Intel) или Samsung Settings v3.3 (ARM).
  25. Достапноста на некои функции може да се разликува во зависност од моделот на уредот.
  26. Некои Multi control активности може да не се достапни во одредени апликации.
  27. Потребно е да се најавите на сметка на Samsung. Потребно е поврзување со Wi-Fi врска и Bluetooth.
  28. Задната стаклена декоративна фолија на Galaxy Z Fold5 и Z Flip5 содржи 80 % рециклиран PET. Споредниот прозорец и задното стакло на Galaxy Z Fold5 и Z Flip5 содржат 22 % рециклирано стакло. Рамката на копчето за јачина на звук и капачето на конекторот за екранот на Galaxy Z Fold5 и Z Flip5 содржат 20 % рециклирана пластика што завршува во океанот. Горенаведените мерки се засновани на тежина.
  29. За жичен пренос е потребно барем Android™ 4.3. Ако не располагаш со потребниот USB кабел/конектор за жичен пренос на Galaxy, може да ги користиш и опциите за безжичен пренос. iOS 5 или постар оперативен систем Android мора да ги користат опциите за безжичен трансфер. Отвори ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на новиот Galaxy телефон или преземи ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од оперативниот систем. Од податоците на уредот Galaxy е направена резервна копија и е обновена во меморијата на уредот. Користи резервна копија за PC преку Smart Switch PC или преку функцијата за резервна копија на SD картичка на Smart Switch Mobile.
  30. Galaxy Z Flip5: 15 компоненти на уредот што содржат минимум 10 % рециклиран материјал од пластика или рециклиран алуминиум пред потрошувачка или Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 со просечно 22 % рециклирани материјали пред потрошувачка. Овие компоненти вклучуваат држач за копчето за јачина на звук, модул за звучникот (горен и долен), заден горен дел, капаче за конекторот на екранот, држач за кабелот за FPCB RF, среден заден дел, преден дел на куќиште (главно), преден дел на куќиште (подредено), копче за јачина на звук, држач за копчето за прст, Deco за приемникот, држач од конектор до конектор, фиока за SIM, подреден прозорец, задно стакло. (Galaxy Z Flip4: 6 компоненти на уредот). Galaxy Z Fold5: 15 компоненти на уредот што содржат минимум 10 % рециклиран материјал од пластика или рециклиран алуминиум пред потрошувачка или Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 со просечно 22 % рециклирано стакло пред потрошувачка. Овие компоненти вклучуваат држач за FPCB за копчето за јачина на звук, модул за горниот звучник (горен и долен), модул за долниот звучник (горен и долен), конектор за Cover Display, преден дел на куќиште (главно), преден дел на куќиште (подредено), антена (главна), антена (подредена), копче за јачина на звук, држач за копчето за прст, фиока за SIM, држач од конектор до конектор, Deco за камерата (горен и долен), подреден прозорец, задно стакло. (Galaxy Z Fold4: 6 компоненти на уредот). Горенаведените мерки се засновани на тежина.
  31. Опциите за меморија и достапноста може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот. Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.
  32. Шестмесечен пробен период на Microsoft 365 Basic достапен за потрошувачите со телефони Samsung компатибилни со OneDrive-Gallery Sync (телефоните на мрежата Verizon во САД не се подобни). По 6-месечниот пробен период, вашата претплата автоматски ќе се обнови во месечна платена претплата по тековната цена, што е предмет на одредбите и условите на Google Play. Откажете во секое време за да ги сопрете идните наплати. Понудата не е достапна за постојните премиум претплатници на Microsoft 365 или OneDrive (вклучувајќи пробни периоди), клиенти кои претходно активирале бонус за складирање на Office, OneDrive или друг бонус за складирање или бесплатна пробна понуда од Microsoft, клиенти со заклучена сметка на OneDrive или поранешни премиум претплатници на Microsoft 365 или OneDrive/Microsoft Storage кои откажале во последните 90 дена. Една понуда по клиент и по уред. Понудата не може да се пренесе или комбинира со други понуди на Microsoft и е достапна помеѓу 15 март 2023 и 31 декември 2023 година. Понудата мора да се активира во овој период на Google Play Store и учесниците мора да ја синхронизираат својата Gallery со OneDrive за да го започнат 6-месечниот пробен период. За понудата е потребна сметка на Samsung и Microsoft. За детали, погледнете на https://www.microsoft.com/onedrive-samsung-offer.
  33. Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со Galaxy Z Fold4. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
  34. Достапноста на функцијата Air Command може да се разликува во зависност од моделот или апликацијата.
  35. Типовите рециклирани материјали вклучуваат рециклиран PA по потрошувачка, добиен од фрлени рибарски мрежи, рециклиран PBT по потрошувачка, добиен од фрлени PET-шишиња, рециклирани компјутери по потрошувачка, добиени од буриња за вода и рециклиран алуминиум пред потрошувачите, добиен од фрлен отпаден материјал создаден како спореден производ при производството. Отпадниот метал повторно се топи, се филтрира за нечистотии и потоа се рециклира за да се направат делови во рамките на процесот на производство на Samsung. Исто така, има и рециклирани материјали пред потрошувачка, кои се добиена од фрлено стакло, создадено како спореден производ при производството на стакло. Овој стаклен отпад се дроби во стаклен крш и потоа се користи како компонента во процесот на производство на Corning® Gorilla® Glass Victus® 2.