WD4000J Комбинирана машина за перење со технологија Eco Bubble, 8kg/4,5kg
Моќно чистење
Технологијата Eco Bubble™ ти овозможува моќно чистење, дури и при ниски температури*. Детергентот се претвора во меурчиња така што брзо навлегува во ткаенината и со леснотија ја отстранува нечистотијата, при што истовремено ја штити ткаенината и штеди енергија.**
*Испитано во согласност со стандардот 60456-2010/4kg алишта за перење / Super Eco перење во студена вода (WF80F5E5U4W) наспроти перење на памучни алишта на 40° без технологијата Eco Bubble (WF0702WKU). Поединечните резултати може да се разликуваат. ** Врз основа на извештајот за лабораториско испитување на перформансите што е изработен од Springboard Engineering на ленти EMPA, користејќи вообичаен раствор на детергент и технологија на меурчиња без механичка активност.
Гарантирана долготрајност
Моторот со дигитален инвертор обезбедува врвна енергетска ефикасност, минимална бучава и исклучителни долготрајни перформанси и има сертифициран работен век од 20 години* и поддржан е со гаранција од 10 години.
*Сертификатот за долготрајност од 20 години е доделен од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE).
Дезинфицирање со воздух
Технологијата Air Wash ја освежува и ја дезинфицира облеката така што таа секогаш ќе мириса свежо. Непријатните мириси и бактериите се елиминираат само со помош на врел воздух, без користење врела вода, детергенти или други хемикалии.
Интензивно отстранување дамки
Со допир на копчето технологијата Bubble Soak помага при отстранувањето на најразлични тврдокорни дамки. Таа додава уште една фаза во редовниот циклус на перење во кој облеката темелно се потопува во активни меурчиња, што ги омекнува дамките што потоа ефикасно се отстрануваат.*
* Испитано во согласност со стандардот IEC 60456 5. издание / 8 kg алишта за перење / Bubble Soak перење (WF80F5E5U4) наспроти перење на памучни алишта на 40° / 60°, синтетика на 60° и тексас на 40° без технологијата Bubble Soak (WF0702WKU).
Фиока StayClean
Фиоката StayClean се грижи за тоа да биде исплакнато повеќе детергент благодарејќи на осмислениот систем за плакнење со вода. Со тоа се обезбедува преградите да бидат почисти и во поголема мера хигиенски, со помалку невидливи траги од сапун.
Перење и сушење за 59 минути
Испери мало количество* малку извалкана облека и подготви ја за носење благодарејќи на циклусот на перење и сушење што трае само 59 минути. За помалку од еден час твојата машина ќе ја испере, исуши, центрифугира и темелно ќе ја исуши твојата облека, со што ќе ти заштеди време и електрична енергија.
* Мало количество алишта со тежина помала од 1 kg Се препорачува за перење на 3~4 маички од комбинација на памук и полиестер (однос на текстилот: памук 35%/ полиестер 65%)
Модерен дизајн
Кристално проѕирната врата ти носи елеганција и естетика што незабележливо се вклопува во твојот дом.
Спецификации
-
Капацитет на перење (kg) 8 kg
-
Капацитет на сушење (kg) 4,5 kg
-
Класа на енергетска ефикасност A
-
Брзина на центрифуга 1400 rpm
-
Нето димензии (ШxВxД) 600x850x600 mm
-
Нето тежина 71 kg
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 01
- 90.9 MB
- 13/03/2018
АНГЛИСКИ, АЛБАНСКИ, БУГАРСКИ, ХРВАТСКИ, ЧЕШКИ, ЕСТОНСКИ, ГРЧКИ, УНГАРСКИ, ЛЕТОНСКИ, ЛИТВАНСКИ, МАКЕДОНСКИ, РОМАНСКИ, СРПСКИ, СЛОВАЧКИ, СЛОВЕНЕЧКИ -
Брз водич
- Верзија 1.0
- 3.31 MB
- 03/11/2011
АНГЛИСКИ -
Брз водич
- Верзија 1.0
- 3.31 MB
- 05/09/2011
АНГЛИСКИ
Најчести прашања
- QКако да ги исчистам барабанот и вратата на машината за перење?
- QКако да користите различни режими на работа на машината за перење
- QШто можам да направам кога мојата машина за перење ненадејно ќе застане за време на работата?
- QШто да правам кога машината за перење не се полни или празни?
- QОтворање на врата на машина за перење за време на работа
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети